Македонија
Судски забранет штрајк на вработените во фабриката „4-ти ноември А.Д. Битола“

Штрајкот инициран од Синдикатот на фабриката, поради укинување на правата на работен однос, започнал во март 2009 година и траел шест месеци но со правосилна одлука на апелациониот суд во Битола тој е забранет.
Штрајкот инициран од Синдикатот на фабриката, поради укинување на правата на работен однос, започнал во март 2009 година и траел шест месеци но со правосилна одлука на апелациониот суд во Битола тој е забранет.Драганчо Лингуровски, Претседател на Синдикатот на фабриката за шеќер „4-ти ноември А.Д. Битола“ изјави дека штрајкот им е забранет од Судот под образложението дека „најавениот штрајк е нелегитимен бидејќи постапката за помирување како и преговорите со штрајкувачкиот одбор сеуште траат “. „Притисоци имаше како кон мене така и против целокупната синдикална организација. На претседателството и на членовите на штрајкувачкиот одбор им беа дадени отказни решенија, а пред извесно време на штрајкувачите им е побаран надомест на штета од страна на синдикалната организација во вредност од над 20 милиони денари,“ изјави Лингуровски, кој со поддршка на Институтот за човекови права најави дека ќе ја бараат правдата пред Европскиот суд за човекови права.„Лично сметам дека одлуката е незаконска бидејќи согласно нашиот устав, правото на штрајк не може да биде подложено на вакви рестрикции. Исто така, мое толкување на одредбите од законот за работни односи е дека во конкретниот случај, на овој начин штрајкот не можел да биде забранет. Ова е мое видување и ние ќе одлучиме понатаму како ќе реагираме,“ изјави адвокатот Филип Медарски, дел од тимот на институтот кој работи на повредата на ова право.„Оваа интервенција се разбира треба понатаму да се оценува дали е легитимна и дали е во согласност со принципите на демократското општество и дали средствата што се употребени, се во пропорционален однос со целта која некој сакал да ја постигне,“ изјави Маргарита Цаца Николовска, претседател на Институтот за човекови права и поранешен судија во Европскиот суд за човекови права.Дадената помош за синдикатот е дел од проектот „Слобода наместо страв“ кој го води Институтот за човекови права, а е во делот за заштитата на мирното собирање и изразување на јавен протест. /крај/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Буџетот на Чаир, Бујар би го потрошил за една недела, државниот ревизор му ги извади валканите алишта на виделина

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, денеска реагираше на начинот на кој поранешниот министер Бујар Османи ги менаџирал јавните пари, предупредувајќи дека злоупотребите и вештачки надуените цени во тендерите се директна опасност за секоја институција и за буџетот на граѓаните.
„Ако само замислиме дека со вакви цени, со вакви рекетирања, Бујар ќе ја косеше тревата во Чаир исто како во салата ‘Борис Трајковски’, тогаш е јасно дека буџетот на општината ќе се проголта за една недела. Со таков начин на лошо менаџирање, наставниците ќе останеа без плати, а граѓаните без основни услуги“, изјави Меџити.
Тој се повика на последниот извештај на Државниот завод за ревизија, кој како што оцени, констатирал сериозни злоупотреби при организацијата на дводневен самит, за кој биле потрошени околу два милиони евра државни пари.
„Овде не станува збор за мои зборови или политички обвинувања. Овде зборуваат фактите, документите и официјалните извештаи. А кога еден министер троши два милиони евра за дводневен самит, додека граѓаните се мачат со инфраструктура, образование и основни услови, тоа е непростливо“, нагласи Меџити.
Тој потсети и на времето кога Османи беше министер за здравство, споменувајќи дека во Гинеколошката болница во Чаир тогаш добил прекар „пациентот“ – што според него е симболичен показател за неуспешното раководење со институциите.
Меџити кој денес оствари посета на ОУ “Васил Главинов” порача дека Чаир заслужува транспарентно управување, реални инвестиции и грижа за граѓаните, а не злоупотреби и тендери со рекетирање.
„Граѓаните имаат право да знаат каде завршуваат нивните пари. Моја обврска како иден градоначалник е да ја вратам довербата и да го заштитам буџетот на Чаир од вакви злоупотреби“, заклучи тој.
Македонија
На Табановце се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре ќе се прска против комарци во Скопје

Од Градот Скопје известуваат дека утре (петок), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.