Контакт

Надворешна политика

Иванов: Македонија не може да биде надворешна граница на ЕУ

Објавено пред

Стегнување на протокот на бегалците, но не и затворање на балканската миграциска рута е договорено на работниот состанок во Европскиот совет во Брисел, на кој учествуваше претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, а домаќини беа претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
 

dobivaj vesti na viber

Стегнување на протокот на бегалците, но не и затворање на балканската миграциска рута е договорено на работниот состанок во Европскиот совет во Брисел, на кој учествуваше претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, а домаќини беа претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

 

На средбата присуствуваа и српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерите на Словенија и Хрватска, Миро Церар и Тихомир Орешковиќ, како и претседавачот со Советот на Европската унија, Берт Кундерс, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

Токму предлогот на Република Македонија од Самитот за бегалците на ЕУ во октомври 2015-та година, сега е работна верзија на европските лидери за справување со овој проблем, што е на маса и на денешниот Самит на Европскиот совет во европската престолнина. Според претседателот Иванов, Македонија е поканувана на вакви самити и собири „затоа што има конзистентен став“.

„Тоа што досега сме го изнесувале, тоа и го спроведуваме, со тоа што сите наши превземени мерки и активности се во единствениот европски план за справување со бегалската криза. Сите наши позиции што беа изнесени на Вишеградската група ги повторив синоќа на оваа средба на која беа претседателите на Европскиот совет, на Европската комисија, претседавачот со Унијата и земјите што сме долж коридорот“, изјави претседателот Иванов.

Според Иванов, македонскиот став е јасен – Македонија не може да биде надворешна граница на Европската унија.

„Не можеме ние да ги замениме сите оние мерки и активности што треба самата Унија да ги прави на својата надворешна граница. Но, во земјата спроведуваме се што е во состав на севкупното европско решение. Причината е што ова не е само предизвик за ЕУ, туку и за Европа како континент, а ние како Македонија, кои сме на европскиот континент, придонесуваме за справување со овој предизвик.  Препознаена е таа наша конзистентност во ставовите, како и нашата конструктивност, па затоа со внимание беа слушани сите предлози што ги дававме“, изјави претседателот Иванов.

Македонскиот претседател е дециден дека планот на Македонија е сите мерки и активности што се превземаат да доведат до тоа „во еден момент илегалната миграција да стане легална миграција и да дојде на легалните премини каде ќе ги помине сите контроли и мерки“.

„Тоа е, пред сé, за безбедносните ризици со кои се соочува Европа во последно време, а со кои ќе се соочува и во иднина токму од предизвиците на безбедносниот карактер на кризата, бидејќи имаме многу бегалци што не ги поминале безбедносните проверки и сите оние работи што мора да ги прави секој оној што преминува на легален премин во државата“, изјави претседателот Иванов.

Она што е дефинитивно разјаснето на синоќешниот мини-Самит на земјите долж западно-балканската миграциска рута е забуната дека Македонија има намера да затвори легален граничен премин кон Грција, што според претедателот Иванов нема никогаш да се случи. Имено, се работи за нелегалниот премин на граничната кота 59.

„Да. Постои неинформираност за реалната состојба, па затоа и министерот за надворешни работи на Холандија, Кундерс го подвлече синоќа тоа на состанокот. Станува збор за нелегален премин каде доаѓа илегалната миграција. Македонија никогаш не ни размислувала, ниту имала план да ги затвора своите легални премини. Затоа, настојуваме и баравме уште во октомври на тој илегален премин да се има целата опрема и се што е потребно за евидентирање и регулирање на протокот на мигранти. Токму затоа баравме и опрема за биометриски податоци, пристап до Фронтекс-базите и пристап до базите со податоци на Шенген. За да можат податоците да ги користат сите членки на Унијата“, појаснува Иванов.

Македонскиот претседател по состаноците во Брисел ги појасни и шпекулациите дека Македонија е под притисок да прими поголем број на бегалци, околу 10-20 илјади лица, на подолг престој во Македонија, односно да стане паркинг-место за бегалци на Балканот.

„Очигледно станува збор за неинформираност. Во октомври минатата година, Македонија го затвори тоа прашање кога секоја земја требаше да ги пријави сопствените капацитети за да згрижи бегалци. Ние кажавме дека Македонија има капацитет за само 2.000 лица што транзитно ќе може да поминат низ државата. Значи, додека транзитираат, околу 2.000 лица можеме во кус временски период да ги згрижиме. Другите земји што пријавија свои капацитети, сега се очекува од нив тоа и да го исполнат. Ние опстојуваме на нашиот став што сме го завземале во октомври и на тоа остануваме“, дециден е претседателот Иванов./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија4 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија5 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија6 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ7 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија8 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет9 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет10 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ11 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија12 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет12 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа12 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет13 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија1 ден

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија1 ден

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија1 ден

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ1 ден

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет1 ден

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија2 дена

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...