Европа
Германските служби тврдат дека во Европа како бегалци влегле 17 терористи

Разузнавачките служби на Германија имаат сознанија за 17 припадници на терористичката организација Исламска држава, кои влегле во Европа како бегалци, но повеќето од нив се веќе ликвидирани или се притворени, изјави челникот на контраразузнавањето Ханс-Георг Маасен.
„Постојат веродостојни докази дека … 17 луѓе пристигнале (во Европа) по инструкции на Исламската држава“, вели во интервјуто за весникот Frankfurter Allgemeine Zeitung објавено во саботата, челникот на Федералното биро за заштита на уставот (BND).
Притоа Маасен прецизира дека „повеќето од нив веќе се убиени или се наоѓаат во затворите“. Двајца од нив се ликвидирани во текот на терористичките напади од ланскиот 13-ти ноември во Париз, додава.
Првиот германски разузнавач, исто така, смета дека Исламската држава нема потреба да ги користи вообичаените рути за миграциите во Европа, коишто ги користат бегалците, но оти во овој случај „станува збор за демонстрација на можноста“.
Претходно претставник на германското министерство за внатрешни работи изјави дека германската полиција евидентирала стотици дојави за тоа дека меѓу пристигнатите бегалци има терористи на џихадистичката Исламска држава. Сите тие биле подвргнати на проверки, а во неколку десетици случаи е отворена истрага.
Германија во текот на минатата 2015 година прими повеќе од милиони бегалци и баратели на азил, главно од земјите на Блискиот исток кои се зафатени со воените дејствија и бунтот на екстремните сунитски исламисти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин