Свет
Светот во 2009 година
Инаугурацијата на 44-от американски претседател Барак Обама, смртта на поп иконата Мајкл Џексон, светската пандемија на инфлуенцата А, H1N1, протестите на улиците на Техеран,
Инаугурацијата на 44-от американски претседател Барак Обама, смртта на поп иконата Мајкл Џексон, светската пандемија на инфлуенцата А, H1N1, протестите на улиците на Техеран, потпишувањето на Лисабонскиот договор, како и Копенхашката Конференцијата на Обединетите Нации за климатски промени во светот се најважните настани кои ја одбележаа 2009 година.ЈануариНа 1 јануари Чешката Република го презеде претседателството со Европската Унија во услови на зголемен притисок бидејќи шефот на државата Вацлав Клаус беше оценет за евроскептик.7 јануари Руската компанија „Гаспром“ ја прекина испораката на гас за Украина, по што се закани дека во целост ќе прекине со дотур на гас до корисниците во Европската унија. Европа стравуваше дека ќе остане без енергија, додека двете страни на руско-украинскиот спор се договараа за цената на гасот. Премиерот Владимир Путин ја поддржа компанија „Гаспром“и повика на поголема меѓународна вклученост во енергетскиот спор меѓу двете земји. На 15 јануари, Авион на американската авикомпанија „Ервејз“ со 155 патници и членови на екипажот се урна во студените води на реката Хадсон на Менхетен откако се судри со јато птици. Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, го пофали пилотот Чесли Сaленбергер од Данвил бидејќи сите лица во авионот, вклучувајќи и едно бебе, беа спасени. На 20 јануари беше инаугуриран 44-от претседател на САД, Барак Обама. Демократот Обама ја презеде функцијата од републиканецот Џорџ Буш, а на инаугурацијата во Вашингтон, неколку милиони луѓе се собраа во знак на подршка на првиот афроамерикански претседател. На 26 јануари владата на Исланд поднесе оставка поради банкрот на банкарскиот системе, која настапи буквално „преку ноќ“, а премиерот Гејр Хард поднесе оставка. Исланд беше првата европска држава што доживеа банкрот, по прогласувањето на рецесијата на светско ниво.ФевруариНа 7 февруари Австралија беше зафатена од огнена стихија, при што загинаа 173 лица, беа повреди 500, а над 7.500 луѓе останаа без покрив над главата. Пожарите се јавија како резултат на највисоките температури 46.4°Ц. кога и да е измерени на австралискиот континент. МартНа 31 март повеќе од 300 африкански мигранти се удавија при потонувањето на три брода што пловеа во близина на брегот на Либија, земја која стана популарен транзитен центар за илегални мигранти.Повеќето од емигрантите беа по потекло од Египет.АприлНа 1 април Албанија и Хрватска се приклучија на НАТО алијансата.На 3 и 4 април НАТО оддржа самит и прослави 60 години од основањето на организацијата. Бившиот дански премиер Андерс Фог Расмусен беше назначен за Генерален Секретар на НАТО.26 април европските министри за здравство свикаа вонреден состанок откако беше потврден еден случај на свински грип во Шпанија. Во меѓувреме во Мексико бројот на сомнителни случаи на свински грип се искачи на 1.614, а беа регистрирани 103 смртни случаи во земјата. Во САД беше прогласена вонредна состојба, откако беа регистрирани 20 лица заразени од вирусот Х1Н1. ОН предупреди дека вирусот има потенцијал да стане пандемија. МајНа 25 мај Северна Кореа изврши втора успешна нуклеарна проба, во провинцијата Северен Хамџуонг. Советот за безбедност на ОН свика вонредна седница, а реагираше и ЕУ, осудувајќи ја пробата на нуклеарно оружје. Властите, пак во Пјонгјанг изјавија дека не ја исклучуваат можността за нови атомски проби, доколку САД продолжат со политика на заплашување на земјата. Државните медиуми соопштија дека Северна Кореја го изведе атомскиот подземен тест заради јакнење на самоодбраната. Експлозијата овој пат беше посилна отколку првиот атомски тест кој го изведе во октомври 2006 година. ЈуниНа 2 јуни авион на Еар Франс “ Ербас А-330„ кој леташе на линија Париз – Рио де Жанеиро се урна во водите на Атланскиот Океан, при што загинаа сите 228 патници. Бразилските воено-воздухопловни сили забележаа остатоци од авион во Атлантскиот Океан, на 650 километри североисточно од островот Фернандо ди Нороња. Шест дена подоцна, на 10 јуни бразилски екипи и трагачи открија голем дел од опашката на авионот на „Ер Франс“ во Атлантикот океан, а од водата успеаа да извлечат 29 безживотни тела.Потрагата по телата на загинатите продолжи и во наредните денови.На 12 јуни Светската здравствена организација инфлуенсата од типот А Х1Н1 попозната како “свински грип” ја прогласи за глобална пандемија. Вирусот за прв пат се појави во април месец во Мексико и оттогаш потврдени беа илјадници случаи на заболени во Северна и во Јужна Америка. Вирусот Х1Н1 се прошири во 74 земји, а СЗО се спротивставуваше на намерата епидемијата да ја означи како општа пандемија.На 12 јуни Махмуд Ахмадинеџад е избран по втор пат за претседател на Иран. Во деновите кои следат приврзаниците на поразениот кандидат Мир -Хосеин Моусави протестираа на улиците на Техеран. Мусави одби да го прифати изборниот резултат, нарекувајќи го „опасна измама“ и посочи на голем број нерегуларности при реизборот на Махмуд Ахмадинеџад. На 20 јуни за време на мирните демонстрации низ улиците на Техеран беше убиена 26 годишната иранска студентка по музика Неда Агха Солтан која набрзо стана симбол на граѓанскиот непокор во земјата. Клипот од убиството на Неда молскавично го обиколи светот, а се најде и на Интернет мрежата. Властите зазедоа построги мерки за странските и за домашните медиуми, сомневајќи се дека целиот инцидент е испланиран од страна на странските разузнавачки служби. 25 јуни, умре Мајкл Џексон, кралот на поп музиката.Мајкл Џексон беше еден од најголемите музички таленти и феномени на 20 век. Својата пребогата музичка кариера „Џеко“ ја започна на 11 годишна возраст, како член на семејниот бенд „Џексон 5“. Смртта на поп иконата беше проследена со масовни собири на неговите фанови кои танцуваа на музиката на ненадминливиот крал на попот.На 30 јуни Коалиционите сили предводени од САД, официјално ја предадоа контролата над Ирак во рацете на ирачката војска и безбедносните сили во земјата. ЈулиНа 1 јули Шведска го презеде шестмесечното претседателство со Европската Унија.На 17 јули во експлозии на бомби во хотелите „ЏВ Мариот“ и „Риц-Карлтон“ во бизнис-центарот во Џакарта, Индонезија, загинаа девет лица, а десетици беа повредени. АвгустНа 7 август тајфунот „Моракот“ го погоди главното копно на Кина, по што речиси милион луѓе ги напуштија крајбрежните области. Тој претходно го погоди Тајван и предизвика обилни дождови кои на стотина места предизвикаа поплави, незапаметени за последните 50-тина години.СептемвриНа 15 септември Еврозоната излезе од рецесија објави Европската комисија. Таа предвиде развој од 0,2 отсто за кварталот од јули до септември месец во којшто Германија и Франција и натаму се искачуваа во линија на развој, a Италија излезе од рецесија.На 28 септември земјите од Г-20 одржаа собир во Питсбург на кој се договорија да преземат поголема контрола над глобалната економија, во обид да спречат уште една финансиска криза како онаа од 2008 година. ОктомвриНа 2 октомври Интернационалниот Олимписки Комитет објави дека бразилскиот град Рио де Женеиро е следниот домаќин на Летните олимписки игри во 2016 година.Во финалниот трет круг на гласање Рио доби повеќе гласови од противкандидатот Мадрид, со што стана првиот град во Јужна Америка организатор на една Олимпијада. На 3 октомври Ирска го одржа вториот по ред референдум на кој ирските граѓани гласаа за приклучување кон ЕУ. Околу 67 % од населението се изјаснија за подршка на Лисабонскиот договор, односно повеќе од две третини од ирските гласачи го поддржaa преструктуирањете на дваесетиседумчлената Унија. 25 oктомври во експлозија на два автомобила-бомби во Багдад, насочени кон два владини објекта, загинаа најмалку 132 лица, а беа повредени 500. Тоа беше најкрвавиот напад во ирачкиот главен град во последните два месеца.НоемвриНа 9 ноември беа одбележани 20 години од падот на Берлинскиот ѕид, кој ги разделуваше Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Источна Германија ја започна изградбата на ѕидот на 13 август 1961. Падот на Берлинскиот Зид беше симбол за падот на комунистичката идеологија и идеологиите воопшто.Чешката Република беше последната земја од земјите-членки на Унијата која го потпиша Лисабонскиот договор; по што беше дадено зелено светло за официјализирање на документот во Европскиот Параламент. На 27 ноември Дуаби, еден од седумте Обединети Арапски Емирати побара од светските банки одлагање на плаќањето на огромните долгови, сретства кои ги потроши на грандиозни и луксузни проекти за обнова на Дубаи. ДекемвриНа 1 декември стапи на сила Спогодбата од Лисабон. На 10 декември во Осло, Норвешка, на американскиот претседател Барак Обама му беше доделена Нобеловата награда за мир. Во изјавата што ја даде на доделувањето рече дека американските војници ќе започнат со префрлање на одговорността за безбедноста на Авганистан на локалните сили, најдоцна во јули 2011 година. Обама ја прими наградата само девет дена откако нареди нови 30.000 американски војници да бидат испратени во Авганистан.Од 7 до 18 декември во Копенхаген се одржа Конференцијата на Обединетите Нации за климатски промени во светот. За време на одржувањето на самитот, секојдневно пред Бела центарот протестираа неколку илјади антиглобалисти. За време на 12 дневните демонстрации данската полиција уапси над 1600 антиглобалисти, од кои, повеќето беа пуштани на слобода по само 24 часа притвор. На 13 ден од одржувањето на самитот, еден ден повеќе од планираното помеѓу работните групи беше постигнат договор за заедничко делување во спречувањето на климатските промени во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Си-Ен-Ен“ објави: Американската ФДА разгледува воведување највисоко предупредување за вакцините против ковид-19
Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) планира да воведе т.н. „блек бокс“ предупредување, највисоко ниво на безбедносно предупредување, за вакцините против ковид-19, објави Си-Ен-Ен.
Станува збор за предупредување кое се користи за истакнување на сериозни ризици, животозагрозувачки и трајни несакани ефекти, кои мора да се земат предвид во однос на придобивките од вакцината. Планот сè уште не е конечен и не е јасно дали ќе се однесува само на мРНА вакцините или на сите вакцини против ковид-19, ниту дали ќе ги опфати сите возрасни групи.
Американското Министерство за здравство и социјални услуги (ХХС) не го потврди планот, наведувајќи дека без официјална објава од ФДА, станува збор за шпекулации.
Според научни проценки што ги пренесува Си-Ен-Ен, вакцините против ковид-19 во првата година од примената спречиле околу 20 милиони смртни случаи во светот. Податоците на американскиот ЦДЦ покажуваат дека вакцинираните деца во сезоната 2024/2025 имале значително помал ризик од итни лекарски интервенции поради ковид-19.
ФДА претходно побара проширување на предупредувањата за ризик од миокардитис и перикардитис, ретки воспаленија на срцето, кои најчесто се јавувале кај млади мажи по мРНА вакцините. Според ЦДЦ, повеќето случаи завршиле со закрепнување, без смртни исходи.
Повеќе експерти предупредија дека воведување на „блек бокс“ предупредување без јавно достапни докази може да ја наруши довербата во вакцините. Од ФДА и HHS ги отфрлија тврдењата дека процесот е политички мотивиран.
Конечната одлука на ФДА се очекува до крајот на годината, но плановите сè уште може да се променат.
Фото: Депозитфотос
Свет
Будимпешта обвинува: Со одлуката за рускиот имот завршува владеењето на правото во ЕУ
Унгарија упати остри критики за гласањето во Брисел за замрзнатиот руски имот, оценувајќи дека со тоа се кршат темелните европски договори и принципот на едногласност. Од Будимпешта порачаа дека ваквата одлука значи крај на владеењето на правото во Европската Унија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека „Брисел денес го преминува Рубикон“, наведувајќи дека со писменото гласање се укинува барањето за едногласност при одлучувањето за замрзнатите руски средства. Според него, со оваа одлука европските лидери се ставаат над правилата и завршува владеењето на правото во ЕУ.
Орбан ја обвини Европската комисија дека ги крши европските договори за да продолжи, како што рече, војната во Украина, оценувајќи дека во Унијата наместо владеење на правото настанува „владеење на бирократи“.
Свет
Кремљ: Не сме ги виделе новите американски предлози, можеби нема да ни се допаднат
Советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека Москва сè уште не ги видела ревидираните американски предлози по последните разговори со Украина, додавајќи дека е можно дел од нив да не ѝ се допаднат на Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев се усогласил околу клучни точки од планот за повоена обнова на Украина, по разговорите со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, и други високи претставници. Зеленски наведе дека работата на „економскиот документ“ е во тек и дека Украина е целосно усогласена со американската страна.
САД, според текстот, планираат формирање инвестициски фонд во Украина, кој би ги опфатил и секторите за ретки метали, како дел од повоената обнова.
Москва, исто така, сигнализирала интерес за странски инвестиции, откако „Волстрит журнал“ објави дека во американскиот мировен план има предлози и за вложувања во руски ретки минерали и енергетика. Ушаков изјави дека Русија сè уште не ги видела новите предлози и навести дека Москва можеби нема позитивно да ги прифати.
„Не сме ги виделе ревидираните верзии на американските нацрти. Кога ќе ги видиме, можеби многу работи нема да ни се допаднат“, изјави Ушаков.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека повеќе нема „недоразбирања“ со Вашингтон околу Украина, но додаде дека Москва сака евентуалниот мировен план да вклучува колективни безбедносни гаранции за сите страни.

