Свет
Пакистан двојно го зголемил нуклеарниот арсенал за неколку години

Во последните неколку години , Пакистан двојно го зголемил нуклеарниот арсенал, надминувајќи 100 нуклеарни боеви глави, пишува денес „Вашингтон Пост“.
Како што пишува весникот пред четири години залихите на оваа земја не надминувале 60 парчиња нуклеарно оружје, а зголемувањето на нуклеарниот арсенал се должи на информациите за забрзаното производство на плутониум и високо збогатен ураниум.
Според проценката на аналитичарите моменталното количество кое Пакистан го поседува е околу 110 боеви глави што е повеќе од она кое го има Индија.
Трите нуклеарни држави кои не ја потпишаа спогодбата за забрана на ширење атомско оружје (NTP) се Индија , Пакистан и Северна Кореја, пишува „Вашингтон Пост“ и додава дека за Израел се верува дека има околу 200 нуклеарни боеви глави, но израелците никогаш не признале постоење на нуклеарна програма ниту потпишале спогодба во врска со ширењето на нуклеарното оружје./крај/бп/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин