Контакт

Естрада

Влатко Стефановски: Се обидувам да ја раширам мојата приказна подалеку

Објавено пред

Не сакам многу да се наметнувам во медиумите, не сакам да ме има премногу, но во ова политизирано време, не е лошо да остане нешто и за музиката, ја почнува својата приказна македонскиот виртуоз на гитарата Влатко Стефановски.

dobivaj vesti na viber

 

 

Тој во вторник на дружење со новинарите, ги најави двата концерта што заедно со Васко Атанасовски и стринг камерниот оркестар на словенечката филхармонија ќе ги одржи во сабота(21 март) во Домот на АРМ во Скопје.

 

Стефановски, по свој обичај скромно, говореше за претстојниот концерт во Домот на АРМ, за она што се обидува да го пренесе на луѓето, за енергијата пред концертот, за тимот со кој планира тоа да го изведе…

 

„Среќен сум и горд што можам некого да го научам малку од мојата приказна, да ја раширам мојата приказна пошироко и подалеку. Тоа е привилегија. Да можам јас да ги научам Словенците да го свират ’Калајџиско оро’, тоа е привилегија. Тоа зборува за тоа дека сум успеал да се наметнам, сум успеал да продадам нешто, да им кажам ’Е ова е добро, слушајте го’, а тие да речат ’Да, ќе го купиме, или ќе го прифатиме, ќе го сфатиме како наше’“, вели Стефановски.

 

Според него, и Битлси припаѓаат на цел свет, а не само на Британија.

 

„Што подалеку ја фрлиме нашата приказна, што подалеку ја пласираме, тоа нас нè збогатува“, додава Стефановски.

 

Тој раскажа и една мала случка, кога еден постар човек, пред еден билборд во Скопје на кој се рекламирал неговиот концерт, го прашал оти Словенечката филхармонија, а не нашата, Македонската.

 

„Настапив со Македонската филхармонија на Скопскиот џез фестивал пред две години и тоа навистина беше еден настан за паметење, мене многу драг настан, кој за среќа телевизијата Mezzo го сними и го има во својата архива. Јас не велам не, но овој бенд од словенечката филхармонија е подготвен за секакви авантури“, нагласува македонскиот виртуоз на гитара.

 

Вели дека членовите на стринг камерниот оркестар на словенечката филхармонија се малку пофлексибилни и поподвижни.

 

„Ова е малку поподвижен бенд, пофлексибилен бенд кој може да се спакува и да отпатува некаде. Тие на мојот концерт во Белград дојдоа со четири приватни автомобили, без некакви специјални подготовки. Ги викнав и дојдоа без многу поставување услови.

Секоја соработка доаѓа ако двете страни покажуваат ентузијазам и желба да соработуваат заедно. Се разбира имам огромна почит кон Македонската филхармонија и верувам дека еден ден повторно ќе настапуваме заедно со некои други интересни програми“, порачува Стефановски.

 

Додава дека информацијата дека ќе мора да го премести концертот од Универзална сала ја добил среде интервју на радио и дека тоа по малку било шок за него.

 

„Јас ја сакам Универзална сала и мене ми е многу жал што и се случува тоа што и се случува, што кутрата сала се распаѓа, но тоа е реалноста и тоа навистина го доживеавме како еден шок. Сепак, планиравме да свириме пред полна Универзална пред 1.500 луѓе, но добро е што имавме еден период на вакуум. Јас на сред интервју на радио ја дознав таа информација, го завршив интервјуто без да знам каде и како ќе настапам. Во секој случај го задржав датумот, друг датум немаме, 21 март е денот кога ја дочекуваме пролетта. Се селиме во Дом на АРМ, кој воедно е дом на филхармонијата, така што мислам дека сепак ќе легне природно овој концерт, нема да биде нешто неприродно или нешто несоодветно. Тоа е добра сала, јас ја сакам таа сала, само што е мал капацитетот.

Ќе направиме два концерта, веќе се договорив со своите пријатели и соработници, нема да им падне тешко верувам, ќе свириме малку подолго, ќе се потиме малку подолго, но сум го правел тоа во животот, нема да ми биде првпат да имам два концерта во една вечер“, вели Стефановски.

 

Тој додава дека не размислува многу за ордените и наградите, туку се обидува да не се заморува со тоа и што повеќе да создава.

 

„Наградите зборуваат за тие што ги дават, а не за тие што ги примаат. Човек не смее да бара признанија, тоа е многу патетично и нескромно. Ако нешто дојде како награда е добредојдено, ако не дојде, може ќе отиде кај некој друг или можеби ќе дојде некој друг ден. Јас не можам  и не сакам да барам било што. Јас се обидувам што повеќе да направам, а сега дали некој тоа ќе го препознае и како ќе го вреднува, тоа е негов проблем“, додава Стефановски. /крај/ст

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Почина Халид Бешлиќ

Објавено пред

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.

Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.

Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Објавено пред

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.

Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.

„Што и да е во мене, тоа не разбира“

Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“

Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.

„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.

Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.

„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.

Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.

„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.

Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија13 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија13 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија14 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ16 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија17 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија18 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија18 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија18 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа19 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет19 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет21 час

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет21 час

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет21 час

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет21 час

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија1 ден

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија1 ден

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија2 дена

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...