Спорт
Атлетико ја совлада Осасуна
Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа Осасуна во последниот натпревар од 20-то коло во Примера.
Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа Осасуна во последниот натпревар од 20-то коло во Примера. Победата на Атлетико во Памплона му ја донесе дефанзивецот Диего Годин во 40. минута. „Јорганџиите“ на овој начин ја потврдија одличната форма, на последните четири средби тие освоија 10 бода. Атлетико со новите три бода се најде на делба на шестата позиција заедно со Атлетик Билбао, двете екипи имаат по 29 бода.Осасуна и покрај поразот го задржа деветтото место. Во следното коло Осасуна ќе му гостува на Спортинг, додека Атлетико во дербито ќе игра со Валенсија. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Леверкузен со пресврт во 93.минута го победи Волфсбург
Баер Леверкузен во спектакуларен меч, со пресврт го победи Волфсбург со 4:3. „Фармацевтите“ потсетија на минатта, за нив историска сезона, кога многу пати победија во судиското надополнување. Против Волфсбург, херој беше Бонифејс кој погоди за победа во 93.минута.
Волфсбург одигра добар натпревар, но се покаѓа дека клуч за триумфот на Леверкузен беше финишот на првото и стартот на второто полувреме.
Откако Мукиеле со постигна авто-гол во петтата минута, Вирц изедначи, а потоа Волфсбург постигна два голе преку Борну и Сванберг. Но во првата минута од надополнувањето Бонифејс намали на 2:3.
На стартот на вториот дел Инкапи иезедначи, а откако Волфсбург во 88.минута остана со фудбалер помалку, Леверкузен дојде до победата.
Леверкузен заедно со Франјбург и Анјтрахт се наоѓа на делба на втората позиција со три поени помалку од Баерн. Волфсбирг во првите четири кола има само една победа, а во Леверкузен го забележа третиот пораз.
Спорт
Сензација во АБА лигата, шампионот Црвена звезда падна во Дубаи
Сезоната во АБА лигата започна со изненадување. Дебитантот Дубаи славеше над актуелниот шампион Црвена звезда 86:84. Прв пат по 2013/2014 Црвена звезда сезона во регионалната лига запчна со пораз.
Дубаи за деби сезоната селектирше добар тим од познати играчи со тренерот Јурица Големац. Во првиот меч ја адиграа Црвена звезда, која одигра под нивото, со исклучок на периодот од четири минути во втората четвртина кога негативата од 17 поени ја претворија во плус од еден поен.
Играчите на Дубаи не попуштија и предводени од Мејсон, Препелиќ и Абас запишаа заслужена победа.
Пресуди тројката на Мејсон на 35 секунди до крајот која на Дубаи му донесе +5. Во следниот напад со трјка возврати Недовиќ. До крајот ниту еден тим не успеа да постигне поени. Црвена звезда го имаше последниот напад, кој заврши со големо промашување на Мекинтаер.
Мејсон постигна 18 поени, Абас мечот го заврши со 17, додека дабл-дабл учинок имаше Препелиќ со 16 поени и 10 асистенции.
Кај Звезда Калиниќ постигна 16 поени, Кенан додаде 13, Митровиќ 12, а Недовиќ 11, поен помалку постигна Милер-Мекинтаер.
Спорт
Норис пред Ферстапен ја освои ГН на Сингапур
Возачот на Мекларен Ландо Норис остври супериорна победа на трката за Големата награда на Сингапур. Британецот кој стартуваше од пол-позицијата, водеше од првиот до последниот круг. Норис со овој триумф ја намали предноста на Макс Ферстапен во генералниот пласман на 51 бод.
Ландо Норис го комплетираше совршениот бикенд во Сингапур со победа на главната трка. Возачот на Мекларен триумфираше пред Ферстапен и тимскиот колега Оскар Пјастри.
Совршениот викенд на Норис му го расипа Даниел Рикиардо, кој со софт гуми, во финишот успеа да му одземе еден поен за најбрз круг во трката. Иринијата е што ова беше последната трка на Рикиардо во Формула. Од следната трка колега на Јуки Цунода ќе му биде Лијајм Лосон.
Покрај најдобрите тројца бодои во Сингапур на „Јас Марина“ освоија Џорџр Расел (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари), Луис Хамилтон (Мерцедес), Карлос Саинц (Ферари), Нико Хулкенберг (Хас), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Јуки Цунода (РБ).