Свет
Договорот за спас на еврозоната ја подели ЕУ
Засилувањето на фискалната унија за да се сочува еврото доведе до поделба внатре во Унијата, каде што Гермаија и Фрација застанаа на чело на големата група земји кои ќе го прифатат новиот договр и ја оставија Велика Британија изолирана.
Засилувањето на фискалната унија за да се сочува еврото доведе до поделба внатре во Унијата, каде што Гермаија и Фрација застанаа на чело на големата група земји кои ќе го прифатат новиот договр и ја оставија Велика Британија изолирана.
Дваесет итри од вкупно 27 членки на ЕУ се одлучија за поцврста итеграција со посилна буџетска дисциплина внатре во подрачјето на заедничката валута, при што Велика Британија се изјасни дека не може да ги прифати предложените амандмани откако не и’ беа прифатени барањата за отстапки кон Лондон, кој бараше да го има правото на избор дали ќе ги прифаќа или не новите правила.
По десетчасовната расправа, сите 17 членки на еврозоната и шест кои не се во неа, а имаат намера да и’ се придружат на заедничката валута, се одлучија да започнат прегвори за нов меѓудржавен договр кој би бил паралелен со Лисабонскиот, а сé со цел еврозоната додатно да се обезбеди од идни должнички кризи.
Меѓу десетте земји кои не се членки на еврозоната, Велика Британија и Унгарија цврсто му се спротиставија и рекоа „не“ на новиот договр, додека Шведска и Чешка ќе се консултираат со своите парламенти.
„Европа не е поделена. Британците останаа настрана и тие се сега надвор од процесот на офлучување. Европа е единствена“, тврди претседателката на Литванија, Далиа Грибаускаите.
Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, одлуката ја оцени како чекор напред кон засилувањето на буџетската дисциплина, која е неопходна доколку земјите од еврозоната сакаат да излезат од кризата посилни, по двегодишниот период на пазарни турбуленции.
Активната поддршка од ЕЦБ ќе биде витална за опстојувањето на еврозоната, бидејќи пазарите не ги прифатија позитивно подлебите во Унијата и можноста преговорите за новиот договор да траат повеќе години.
Германија се залага за договор за засилување на буџетската дисциплина кој би бил обврзувачки за сите потписнички што е, како што сметаат лидерите на оваа земја, единствен начин во иднина да се почитуваат правилата и да се спречат новите аномалии.
„Би сакале да беше постигнат едногласен договор за целата ЕУ, но тоа не беше можно“, прозан претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо. Според него, новиот договор „ќе го засили управувањето, веродостојноста и правилата на еврозоната“ што, според него, била нивната цел.
Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, од своја страна истакна дека новите правила со време ќе може да станат дел од европското право.
„Меѓувладиниот договор може да биде одобрен и ратификуван многу побргу отколку целокупниот (лисабонски) договор, а мислам дека брзината е многу важна за враќањето на кредибилитетот“, вели тој.
Исто така, беше договорено Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ), кој ќе стапи на сила во јули 2012 година, да биде вреден 500 милијарди евра, што е помлаку отколку што бараа повеќето држави. Одлуката на британскиот премиер Дејвид Камерон да остане надвор од групата на земји кои ги поддржуваат промените, според агенцијата Reuters, може лично да му ја донесе поддршката а евроскептиците, но исто така и да предизвика проблемина британскиот пазар.
Во дипломатските кругови во Брисел, додава агенцијата, се шпекулира дека Британија би можела да го омекне својот став ако заклучи дека изолацијата не е баш одржлив начин на делување.
Инаку, повеќе европски медиуми веќе ја прогласија реалноста на „две Европи“ или „Европа со две брзини“, за што наголемо ја обвинуваат Британија и нејзиното вето. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Руските граѓани му поставија над 1,6 милиони прашања на Путин за годишната емисија
Повеќе од 1,6 милиони прашања дојдоа од граѓаните на Руската Федерација за програмата „Преглед на годината со Владимир Путин“, која ќе се емитува на 19 декември во 12:00 часот по московско време, објавија денес руските медиуми.
Собирањето прашања за оваа емисија започна на 4 декември во 15:00 часот по московско време и ќе продолжи до крајот на програмата, објавува РИА Новости.
„Годишен преглед со Владимир Путин: примени се повеќе од 1,6 милиони прашања. Оваа година, како и во 2024 година, апликацијата GigaChat ќе ги транскрибира прашањата за директната линија“, објави Кремљ.
Во соопштението се наведува дека до денес се примени 702.000 телефонски повици, 327.000 прашања преку Max Messenger, 262.000 СМС пораки, 175.000 барања преку социјалните мрежи, 61.000 преку веб-страницата, 49.000 ММС пораки и 20.000 преку апликацијата, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

