Спорт
Каратистите се вратија со еден куп медали

Кадетско-јуниорската карате репрезентација која се натпреваруваше на Балканското првенство за помлади кадети, кедети и кадети јуниори до 21 година се вратија со освоените медали. Блаканското првенство се одржа во Балкешир Турција од 15 до 18 октомври.
Со златни медали се закитија: Никола Димитриевиќ во категоријата до 47 килограми, Мартин Ристовски до 57 кг, и Игор Таневски до 63 килограми. Кај јуниорите злато освоија: Емил Павлов во категоријата до 55 килограми, Берат Јакупи до 76 кг, и Горан Василевски над 76 кг. Сребрени медали освоија: Од помладите кадети: Кристијан Вучковски во категоријата до 47 килограми и Екреме Хејдари до 52 килограми. Од Кадетите сребро освои Бојан Јовановски во категоријата до 63 килограми. Кај јуниорите ката тим машки состав сребро освоија: Јордан Неделков, Огнен Поповски, и НИкола Иловски.Брознени медали освоија: Од помладите кадети: Орбин Динарица во категоријата до 52 килограми, и Емануел Ристовски до 63 килограми. Од кадетите брозна освоија: Филип Ѓурчиновски до 63 килограми, Мартин Петрески до 70 килограми и Сара Радичевска до 47 килограми. Од јуниорите со бронза се закитија Елена Трајковска- кати и Мартин Томовски до 76 килограми. Кај јуниорите до 21 година брозна освоија Дејан Ристевски во категоријата до 68 килограми, Наташа Стефановска до 60 килограми, и ката женскиот состав, Татјана Колеска, Поликсенија Јовановска и Марија Матракоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јувентус го договори Жегрова и го испрати Гонзалес во Атлетико

Јувентус, во финишот на преодниот рок обезбеди важно засилување. Поранешниот фудбалер на Лил, Едон Жегрова доаѓа во Јувентус. Во исто време клубот ќе го напушти Нико Гонзалес.
Косовскиот репрезентативец пристигнува од француски Лил, каде што играше претходните три сезони и се профилираше како еден од најдобрите играчи во Лига 1 на позицијата офанзивен играч за врска.
Жегрова ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Лил во Јувентус, Канаѓанецот Џонатан Давид, кој исто така им се придружи на Бјанконерите ова лето, но како слободен играч.
Италијанските медиуми објавуваат дека Јувентус ќе му плати 15 милиони евра на Лил
За репрезентацијата на Косово досега одигра 42 натпревари и постигна пет гола.
Исто така, на претпоследниот ден од преодниот рок, раководството на „старата дама“ ја прифати понудат од Атлетико за Аргентинецот, Нико Гонзалез.
Сезонава, Нико ќе настапува како позајмен играч во Атлетико. Клубот од Мадрид ќе плати еден милион евра за позајмицата.
На крајот од сезоната, во завосност од настапите, Атлетико ќе може да го откупи договорот на Аргентинецот за за сума помеѓу 20 и 30 милиони евра.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Шок во Милано, Удинезе го победи Интер

Вицепрвакот на Италија и Европа, Интер доживеа шокатнтен пораз на „Џузепе Меаца“ во второто коло, во Серија А. Удинезе победи со 2:1.
Интер поведе во 17-та минута со голот на Дензел Дамфрис по додавањето на Маркус Турам.
Во 26-та минута, Дамфрис играше со рака во шеснаесетникот. Во првиот момент, судијата покажа дека нема пенал, но доби сигнал од ВАР собата. Откако ја провери снимката, ја промени својата одлука. Кенин Дејвис беше прецизен во 29-та за 1:1.
Во 40-та минута, Артур Ата прими одлична топка на работ од шеснаесетникот и брилијантно постигна гол за водство на гостите.
Мрежата на Удинезе се тресеше во 56-та минута, но по проверката на ВАР, голот на Федерико Димарко беше поништен поради офсајд.
Подоцна, Интер имаше одлична можност преку Турам, но не успеа да освои барем бод на овој натпревар.
Foto/ EPA/MATTEO BAZZI
Спорт
(Видео) Влаховиќ за победа на Јувентус во Џенова
Фудбалерите на Јувентус ја победија Џенова на гостински терен во второто коло од Серија А со 1:0.
Единствениот стрелец беше српскиот фудбалер Душан Влаховиќ во 73-та минута, на асистенција на неговиот сонародник Филип Костиќ.
Јувентус изгледаше лошо во поголемиот дел од натпреварот, се мачеше да создаде шанса, па Џенова лесно ги одбиваше нападите на противникот.
Клучен момент беше 70-минута кога тренерот Игор Тудор на теренот ги испрати Влаховиќ и Костиќ. Три минути подцна српската врска му ја донесе победата.
Во следното коло Јувентус го очекува големото дерби против Интер.
Foto/ corriere.it