Европа
Чесите не сакаат „американски штит"

Чешкиот претседател, Милош Земан, и шефот на чешката дипломатија, Лубомир Заоралек, не сакаат поставување на американски антиракетен штит во нивната земја.
Тие ја отфрлиле идејата на американските републиканци како одговор на Русија во однос на кризата со Украина повторно да се заживее планот за разместување на антиракетниот штит во Полска и Чешка.
„Претседателот Земан беше против тој план, смета дека не е ефикасен и својот став нема никако да го промени„, пренесе во вторникот претседателскиот портпарол, Јиржи Овчачек, како реакција на Земан против американскиот републикански сенатор, Џон Меккејн, кој предложи САД во однос на кризата околу Крим да реагира со обновување на договорот за разместување на антиракетниот штит, односно радарскиот систем во Чешка, а ракетните постројки во Полска.
„Ситуацијата на Крим претставува сосема друг тип на закана за разлика од заканите на кои одговор требаше да биде американскиот радар”, истакнал чешкиот министер за надворешни работи, Лубомир Заоралек за агенцијата „ЧТК”.
„Таков систем ништо не би променил по однос на сегашната ситуација. Нашата безбедност не е загрозена”, рекол Заоралек.
Во времето кога чешката влада на центарот и десницата договараа разместување на антиракетниот штит, проект од кој отстапи администрацијата на Барак Обама во 2009 година, Лубомир Заоралек беше дел од жестоките критичари на ваквата идеја која требаше да се спроведува на територијата на Чешка.
За разлика од соседна Полска која оценува дека нејзината безбедност би се зголемила макар и со најмало присуство на американски трупи на нејзина територија, Чешка нема доверба во ничии странски бази на нејзина територија./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Русија подготвува нова офанзива во Суми и во Харков оваа пролет, сега купува време

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во интервју за „Фигаро“ дека Русија планира две нови големи офанзиви во северна Украина, особено во регионите Суми и Харков, веќе оваа пролет.
Тој предупреди дека додека Москва сѐ повеќе зборува за прекин на огнот, рускиот претседател Владимир Путин се обидува да купи време за да подготви нов напад.
Европа
Стармер и шефот на НАТО: Америка има клучна улога во постигнувањето на примирјето

Британскиот премиер Кир Стармер утрово во Париз се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, непосредно пред почетокот на состанокот на коалицијата на волните.
Во соопштението од кабинетот на британскиот премиер се вели дека Стармер и Руте разговарале за продолжување на поддршката за Украина, согласни дека Европа мора да направи сѐ за да ја одржи Украина силна и да го задржи притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин.
Двајцата истакнаа дека Соединетите Американски Држави играат клучна улога во отворањето на патот за договор за прекин на огнот и ја повторија подготвеноста на Европа да поддржи траен и одржлив мир кога ќе дојде време.
Стармер ја повтори својата непоколеблива посветеност на НАТО како основа на безбедноста.
Европа
(Видео) Објавена снимка од извлекувањето човек од урнатините во Харков по масовниот руски напад

Украинските градови Харков и Днипро синоќа беа цел на голем напад со руски дронови.
Најмалку 12 лица се повредени во Харков, меѓу кои и едно 14-годишно девојче. Тешки удари претрпе и Днипро – повредени се три лица, а оштетени се повеќе од десет станбени згради и една образовна институција.
Денеска беше објавена и снимка од извлекување маж од урнатините во Харков.
Last night, Ukrainian cities, including Kharkiv & Dnipro, came under a massive drone attack. In Kharkiv, at least 12 people were injured, including a 14-year-old girl. Dnipro also suffered heavy strikes, leaving 3 people wounded and causing damage to more than a dozen apartment… pic.twitter.com/71Pcr0quHd
— Гюндуз Мамедов/Gyunduz Mamedov (@MamedovGyunduz) March 27, 2025
Во изминатите 24 часа уште осум лица се повредени во напади на области на регионите Донецк и Херсон.