Свет
Во САД грипот го има во 21 сојузна држава
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/94424ab9-38b8-47c7-84ee-c83e06f7d933.jpeg)
И покрај оптимистичките изјави од петокот дека епидемијата ќе биде надвладеана, во саботата американскиот Центар за следење и превенција на болестите соопшти дека се потврдени 160 случаи на заразување со новиот вирус на грип A (H1N1) во 21 сојузна држава, за што бара преземање „агресивни мерки“
Се’ уште најголемиот број заразени од новиот тип вирус на свинскиот грип се во сојузната држава Њујрок – педесетина, во Тексас и Калифорнија во кои прво беше забележан овој тип грип има регистрирано 28, односно 24 слуачи. Единствениот смртен случај досега во САД е во Тексас, кога 23-месечно машко бебе од Мексико почина во болницата во Хјустон, откако таму било донесено на лечење. Од петокот во САД се затворени вкупно 434 училишта во 18 сојузни држави, што е за 40 отсто повеќе отколку во четвртокот, забележуваат американските медиуми. Претставници на американското министерство за здравство изјавиле дека се очекува бројката на затворени училишта заради епидемијата да биде зголемена уште во текот на денешниот ден. Американскиот Центар за следење и превенција на болестите (CDC) соопшти дека презема мерки да го ограничи ширењето на заразата. Пратки со антивиралните лекови „тамифлу“ и „реленц“ од стратешките национални резерви биле пратени во сите сојузни држави.Американската влада и фармацевтските компании почнале со работа врз вакцина која би можела да биде направена најдоцна за еден месец.Во САД мерките кои се преземаат во борбата против епидемијата се разликуваат од држава до држава, пренесуваат тамошните медиуми. Тоа зависи од локалните услови кои владеат во заедниците, работодавците, црквите и локалните авторитети кои се повикани да се ангажираат во спречувањето на ширењето на грипот.Дека ситуацијата не е баш оптимистичка, како што вчера се навестуваше во изјавите на првите луѓе на американските здравствени служби, зборува и тоа што седмичното обраќање на претседателот Барак Обама вчера било посветено исклучиво на епидемијата од свински грип и на мерките што ги презема неговата администрација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Бајден откри дали ќе се повлече од кампањата: „Не си одам, никој не ме брка, во трка сум до крај и ќе победиме“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/1719542513-12331937-1024x683.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од својата кандидатура за претстојните избори и истакна дека е подготвен да победи во ноември.
„Да го кажам ова најјасно што можам: се кандидирав, никој не ме брка. Јас не си одам. Во оваа трка сум до крај и ќе победиме“, рекол претседателот, пренесува АП.
Како што беше најавено претходно денеска, демократските гувернери на Њујорк, Минесота и Мериленд ја поддржаа кандидатурата на претседателот Џо Бајден за претстојните избори во Соединетите Американски Држави.
„Претседателот отсекогаш ни го чувал грбот. Ние ќе се грижиме и за неговиот“, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур за новинарите по средбата со Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа, на која присуствуваа 24 демократски гувернери.
Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул рече дека сите гувернери му ветиле поддршка на Бајден.
„Претседателот учествува во трката за да победи“, истакна таа.
Свет
Соборен 21 руски дрон, соопшти Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/tr.jpg)
Украина во текот на ноќта собори 21 руски дрон Шахед, додека руските сили тврдат дека контролираат дел од градот Часов Јар.
Украинската воздушна одбрана собори беспилотни летала во шест региони во северна и централна Украина, соопшти денеска Военото воздухопловство, пренесува Ројтерс.
Гувернерот на северниот регион Чернихив изјави дека повеќе од 5.000 домаќинства во регионот се без струја.
Свет
Кинеските метеоролози предупредуваат на екстремни горештини втора година по ред
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/гггг.jpg)
Кинеската метеоролошка управа денеска соопшти дека очекува температурите да бидат релативно високи во повеќето области низ земјата во текот на следните неколку месеци.
Земјата има невообичаено топло време во поголемиот дел од годината, со просечни температури од март до мај на највисоките нивоа од почетокот на евиденцијата во 1961 година, пренесува Ројтерс.
Метеоролозите предупредија дека ова ќе биде второ лето по ред на екстремни горештини, кои, според нив, се предизвикани од климатските промени.