Скопје
Ден без автомобили во Скопје

Скопје го одбележува Денот без автомобили и Европската недела на мобилноста.
По тој повод организирана е парада која почнува во 12 часот на плоштадот „Пела“ и ќе се движи низ центарот на градот, плоштад „Македонија“, ул. „Македонија“, бул. „Димитрија Чупоски“, бул. „ВМРО“, бул. „Илинден“ до Градски Парк кај Школка.
Во 12:25 часот, на Школка во Градскиот парк во Скопје, заменик министерот за животна средина, Стево Темелковски, секретарот на Град Скопје, Гордана Клинчарова и евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав ќе имаат кратки обраќања.
Настанот е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Градот Скопје и Канцеларијата на Европската делегација во Македонија и ќе претставува завршница на велосипедската парада насловена и во цела Европа препознатлива како ‘Во град без мојот автомобил’.
По обраќањата ќе следува извлекување на добитниците на лотаријата, на кои ќе им бидат доделени велосипеди како симбол на користење на алтернативни превозни средства./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)