Македонија
Меркатор активно работи на отворање на првиот центар во Македонија

Најголемиот словенечки трговски синџир Меркатор веќе активно работи на отворањето на првиот центар во Македонија, соопшти компанијата
Најголемиот словенечки трговски синџир Меркатор веќе активно работи на отворањето на првиот центар во Македонија, соопшти компанијата.
Првиот трговски центар во Македонија треба да биде во Скопје во близина на спортската сала Борис Трајковски на локација од 50 илјади квадратни метри.
Инаку Меркатор деновиве ги отвори своите први продажни објекти во Албанија. „Меркатор Хипермаркет“ и „Интерспорт“ се сместени во новоизградениот „Ситипарк“ кај Тирана.
Словенечки Меркатор е една од најголемите малопродажни компании во Југоисточна Европа, која годинава инвестира 159 милиони евра. Меркатор има над милион квадратни метри продажни површини во седум држави и вработува над 21 илјада луѓе. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.