Македонија
Машинскиот факултет доби вредна лабораторија, единствена на Балканот
На Машинскиот факултет (МФ) во Скопје од денеска функционира лабораторија за испитување на материјали, која е прва од ваков тип на Балканот, како и во повеќето европски земји
„Овие машини ги нема во ниту една од лабораториите за наука и истражување во Италија, Австрија, Германија, Унгарија итн. Добивме цел еден сет од машини со кои им се овозможува на студентите да го заокружат целиот процес, од идеја до готов производ, односно нивната идеја да ја преточат во готов прототип“, рече на отворањето деканот на МФ, Атанас Кочов. Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, кој ја отвори лабораторијата рече дека истата ќе биде отворена за користење и на другите Државни универзитети од Македонија и Јавни институции. Според деканот Атанас Кочов, лабораторијата е составена од повеќе машини меѓу кои и една за испитување на механички карактеристики на материјалите кои големите компании, наместо, како што досега ги правеа надвор од државата, истите ќе ги прават кај нас. Вредноста на оваа лабораторија е околу 500.000 евра и е дел од владиниот проект за набавка на лаборатории за јавните високо образовни институции, во чии рамки се предвидени отварања на околу 200 лаборатории со вкупна вредност од 60 милиони евра
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

