Македонија
Министерството за образование и наука не одлучува за намалување на партиципацијата

По барањето на студентите-апсолвенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“, кое денеска беше изнесено пред јавноста за намалување на партиципацијата за постдипломски студии, министерот за образование и наука Тодоров изјави дека Министерството не е одлучува дали ќе се намали партиципацијата
„Клучно прашање во овој случај е формирање Совет за развој и финансирање на високото образование, кое поскоро треба да биде формирано за да се надминат сите вакви проблеми. Овие проблеми произлегуваат токму од недостатокот, односно неоформувањето на ова тело, за коешто се надевам дека во најскоро време ќе почне да функционира и реално и соодветно ќе одговори на предизвиците што согласно законот му се дадени како ингеренција“, рече Никола Тодоров.Тој истакна дека принципот на студирање на овој факултет не го вовело Министерството за образование и наука, туку дека тоа е законско решение, донесено од страна на Парламентот, кое според него мора да се има во предвид, како и автономијата на универзитетите.На прашањето кој одлучува за партиципацијата и интегрираноста на постипломските студии на Правниот факултет, министерот рече дека за тоа не одлучува Министерството.„Не е Министерството во прашање. Ако го видите Законот за високо образование и ако ги видите надлежностите на Советот за развој и финансирање, ќе видите дека тоа спаѓа во делокругот на Советот. Ние работиме интензивно на оформување и градењето на капацитетите за можност за профункционирање на ова исклучително битно тело. Советот е едно интерресорско тело составено од повеќе чинители:од универзитетите, од бизнис-заедницата, претставници од Студентскиот парламент и претставници номинирани од владата“.Додека студентите се прашуваат како да ги продолжат студиите од втор циклус и се молат за намалување на партиципацијата, која реално во ова време за на државен универзитет е преголема, од Деканатот велат дека тоа треба да го реши Министерството, а од Министерството велат дека ја имаат предвид автономијата на универзитетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче се надева на победа на СДСМ во Крива Паланка уште во првиот круг

Во Крива Паланка повторно ќе славиме победа и тоа уште во првиот круг, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Крива Паланка.
Во обраќањето пред граѓаните, Филипче истакна дека Крива Паланка е една од најубавите општини во државата и тоа благодарение на посветената работа на градоначалникот на СДСМ и неговиот тим.
„За резултатот на Сашко во Крива Паланка јас вечерва нема зборувам. Вие тоа го знаете многу добро, се гледа на секоја страна во Крива Паланка, каде и да се заврти човек, делата зборуваат гласно. Овде се работело, а граѓаните тоа го гледат, го живеат секој ден. Затоа, нашата борба за Крива Паланка ќе продолжи со нов мандат, со победа на СДСМ и коалицијата и на советничките листи“, рече Филипче.
Македонија
Филипче до граѓаните: Вашата сила е во гласањето, покажете ја во недела

Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на митинг во Крива Паланка.
Пред граѓаните, Филипче се заблагодари за масовната поддршка и јасно порача дека Македонија стои пред избор, дали ќе дозволи нашиот дом власта да продолжи да го руши цигла по цигла, или народот ќе се обедини за да го зачува.
„Ова не се обични локални избори. Во недела одлучуваме дали ќе ја вратиме правдата, достоинството и чесноста во нашата земја. Одлучуваме за иднината на секое семејство, за сигурна иднина на младите, за држава во која трудот се цени, а не партиската книшка“, истакна Филипче.
Тој потенцираше дека СДСМ е партијата која секогаш ја водела Македонија напред, со конкретни политики и дела, а не со лаги и манипулации.
Македонија
Мицкоски повика на масовна излезност: Гласајте за партии што можат да менуваат, а не за мали групи што профитираат од вашите гласови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика граѓаните на масовна излезност в недела и истакна дека на овие избори се избира меѓу две опции – една која, како што рече, ја враќа Македонија назад, и другата – понудата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која нуди вистински избор и напредок.
„ Јас ги повикувам граѓаните да излезат и масовно да гласаат бидејќи ако не излезат и ако не гласаат тогаш некој друг ќе профитира од сето тоа, граѓаните ќе се движат на бранот којшто некој ќе го креира. Затоа првично ги повикувам сите граѓани масовно да излезат и да гласаат по сопствено убедување. Да не биде дека јас сум претенциозен и дека го гледам својот партиски интерес, само излезете и гласајте по вашето сопствено убедување. “ рече Мицкоски во гостување на „Сител“.
Тој дополнително порача и дека граѓаните треба да гласаат за политички партии кои можат да менуваат, а не за помали партии кои се мала група што профитира од гласовите на граѓаните. Според него, ако граѓаните го послушаат разумот и срцето, во огромно мнозинство ќе го заокружат бројот 9 и ќе ја поддржат коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.