Скопје
Пуштена во употреба новата зграда на ОУ „Григор Прличев“ во Железара
Новата зграда на основното училиште „Григор Прличев“ беше пуштена во употреба во среда во скопската населба Железара.
Училиштето е со капацитет за 500 ученици со површина од 2.000 м2. Изградено е по стандардите за енергетска ефикасност со двојна изолација и со користење на сите најсовремени градежни материјали. Исто така, ова училиште ги задоволува стандардите за користење на деца со посебни потреби за чии потреби имаме поставено рампи и внатрешен лифт.
Во рамките на овој проект се направи и партерно уредување на училишниот двор, асфалтирање на пристапната улица како и поставување на нова комунална инфраструктура.
Вкупната инвестиција изнесува 72.445.000 денари.Работите ги изведуваше фирмата Жикол, кои максимално професионално и во рамките на предвидениот рок за изградба успеаа да го изградат училиштето.
До крајот на летниот распуст се планира да се набави нова опрема за училниците и лабораториите, како и да се постави нова ограда.
До сега, учениците наставата ја следеа во бараки кои беа поставени во далечната 1965 година.
Присутните ги поздравија директорката на училиштето, Сузана Танева, градоначалникот Тони Трајковски и премиерот Никола Груевски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




