Спорт
Умре Хуан Антонио Самаранч
Проанешниот долгогодишен претседател на Меѓународниот олимписки гкомитетпочина на 89-годишна возраст во болницата Квирон во Барцелона, соопштија агенциите
Хуан Антонио Самарнч во вторник навечер беше примен во болницата заради проблеми со срцето, односно ,како што соопштија синоќе лекарите со акутна коронарна инсудициенција.На чело на Меѓународниот оломписки комитет беше повеќе до две децении, од 1980 до 2001 г. менаџирајќи ги олимписките игри при крајот на Студената војна кога беа чести бојкотите од политички причини. Самаран беше чест и срдечнодочекуван гостин и на Македонскиот олимписки комитет.Жак Рог кој го наследи Самаранч на функцијата прв човек на светското олимписко движење изјави дека е многу тажен, како и „целото илимписко семејство“, „Лично сим многу далбоко натажен за смртта на човекот кој ги зигради Олимписките огри на модерното време, човекот кој ме инспирираше и чие знаење за спортот беше неверојатно“, изјави Рог.Тој нагласува дека брлагодарејќи на визијата и талентот, Самаранч стана архитект на силното и едиснтвеното олимписко движење.„Само можам да зиразам почит поради негвотите достигнувања и наследството, и да ја славам неговата предаденост на Олимпиското движење и неговите вреднсоти. Изгубивме голем човек, ментор и пријател кој на оломпизмот му го посвети својот долг и исполнет живот“, додава актуилниот челник на МОК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

