Спорт
Каменувани фудбалерите на Лариса

На враќање од мечот на гости со Атромитос, на кој грчкиот прволигаш Лариса загуби со 0:3, фудбалерите беа нападнати од сопствените навивачи.Околу 500 гневни фанови на Лариса го пречека и сопре автобусот со фудбалерите и притоа го држеше цели четири часа. На автобусот со екипата беа фрлани камења, шишиња со јогурт, јајца, додека не дојде полиција да ја расчисти немилата ситуација.Лариса минатата година доби нов стадион со 18.000 седишта. Но на тимот оваа година не му оди. Лариса е последна на табелата од првата грчка лига со само 11 бодови од 16 одиграни средби. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Нема кој да ги запре Кејн и Баерн Минхен

Фудбалерите на Баерн го победија Хофенхајм на гостински терен со 4:1, во четвртото коло од Бундеслигата.
Баварците се непоразени оваа сезона, единствениот тим што има максимален учинок. Хари Кејн, капитенот на англиската репрезентација, ги предводеше до уште една победа, ксо втроиот хет-трик од почетокот на сезоната.
Долго се чекаше на првиот гол на Баерн, до 44-та минута кога мрежата на домашниот тим ја затресе Кејн
Веднаш по враќањето на теренот по полувремето, во 48-та минута, беше досуден пенал за Баерн, Кејн ја презеде одговорноста и беше сигурен за 2:0.
Уште еднаш, Кејн беше прецизен од пенал во 77-та минута, а потоа Владимир Цуфал го постигна почесниот гол за Хофенхајм во 82-та минута. Точка на победата на Баерн стави Серж Гнабри, во деветтата минута од судиското продолжение.
Во наредната рунда Баерн го пречекува Вердер Бремен, а Хофенхајм гостува кај Фрајбург.
Мајнц го победи Аугсбург со 4:1 во попладневниот термин, сигурен беше и Фрајбург, кој го победи Вердер на гости со 3:0, додека Хамбург беше подобар од Хајденхајм со 2:1.
Спорт
Бошко Ѓуровски се чувствува добро

Бошко Ѓуровски е згрижен во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“, а Црвена звезда се огласи со соопштение.
На Ѓуровски му се слоши за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ.
„На комеморацијата за Дејан Миловановиќ, на Бошко Ѓуровски одеднаш му се слоши за време на говорот. Легендарниот фудбалер на нашиот клуб брзо се освести, а потоа беше префрлен во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“, каде што беше подложен на детални прегледи“, се вели во соопштението на Црвена Звезда.
Директорот на Институтот, проф. д-р Милован Бојиќ, потоврди дека „Бошко се чувствува добро и е во добра општа здравствена состојба“.
Во наредниот период, Ѓуровски ќе ги помине сите понатамошни потребни прегледи, за да можат лекарите да бидат апсолутно сигурни дека сè е во најдобар ред.
„ФК Црвена звезда му посакува на нашиот Бошко брзо закрепнување и наскоро повторно да се видиме на Маракана“, стои во заклучокот во соопштението на Црвенз звезда.
Фото/ ФК Црвена звезда
Спорт
(Видео) Ван Хеке му подари бод на Тотенхем

Завршија уште четири натпревари од петтото коло на Премиер лигата, домаќините освоија само два бода.
Најинтересно беше на „Амекс“ во Брајтон, домаќинот одигра 2: против Тотенхем и покрај тоа што имаше водство од 2:0.
Одличниот Јакуба Минтех прво ја одзеде топката во осмата минута, а потоа ја заврши акцијата со гол со малку среќа бидејќи беше само на милиметри од офсајд позиција.
Ајари во 31-та минута постигна убав гол, откако Викарио имаше лоша проценка.
Тотенхем се врати во мечот во финишот на првото полувреме кога Ришарлисон постигна гол. Конечниот резултата го постави Ван Хеке со авто-гол во 82-та минута.
Резултати:
Барнли – Нотингем Форест 1:1 (1:1)
(Антони 20 – Вилијамс 2)
Вест Хем – Кристал Палас 1:2 (0:1)
(Бовен 49 – Матета 37, Мичел 68)
Вулверхемптон – Лидс 1:3 (1:3)
(Крејчи 8 – Калверт-Лувин 31, Стах 39, Окафор 45)
Фото/ Принтскрин