Свет
Мануел Зелаја вратен на челото на Хондурас
Владата на Хондурас најпосле попушти под меѓународниот притисок и се согласи соборениот претседател Зелаја да се врати на претседателската функција до истекот на неговиот мандат, пренесе Reuters
По повеќемесечната политичка криза и повеќето пропаднати преговори, владата на Роберто Мичелети попушти откако минатава седмица имаше средба со неколку американски функционери.Претседателот Мануел Зелаја беше соборен од власта во април а од септември кога илегално се врати во државата, престојуваше во бразилската амбасада. Зелаја ќе може да се врати на претседателската функција по гласањето во Конгресот кое ќе биде потврдено од Уставниот суд. Мичелети изјавил дека мора да се истражат случувањата од последните неколку месеци,без да објасни што тоа значи.САД, Европската Унија и претседателите на државите од Јужна Америка инсистираа на Зелаја да му биде дозволено довршување на мандатот, и се заканија дека доколку не се спроведе легалната процедура до новите избори, тие нема да ја признаат новата власт и ќе ја блокираат земјата. Зелаја претходно двапати се обиде да се врати во Хондурас откако беше насилно симнат од власта со воен удар на 28 јуни годинава и од страна на војската протеран од Хондурас. Неговите приврзаници од неговото симнување од власта секојдневно протестираа. Исто така, пропадна и обидот за меѓународно посредување кое кон крајот на јули го предводеше претседателот на Костарика, Оскар Ариас. Тогаш владата на Мичелети одби да му ја предаде привремено власт на Зелаја кој требаше да ја предводи владата на национално единство за подготовка на новите избори. Мичелети беше упорен дека изборите ќе се одржат според предвиденото – на 29 ноември.Кризата почна откако Зелаја го разреши началникот на војската, генералот Ромео Васкез, бидејќи одби да му помогне да организира референдум за можноста претседателите да служат подолго од еден четиригодишен мандат. Инсистирањето на Зелаја, кој важи за сојузник на контроверзниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез, да го промени уставот за да си овозможи уште еден мандат ги подели и институциите во земјата и доведе до уставна криза.Зелаја дојде на власт во 2006 г. и неговиот мандат требаше да трае до 2010 г. Инаку Зелаја е богат деловен човек кој потекнува од десната Либерална партија, кој по стапувањето на претседателската функција се доближи на левите идеи и воспостави блиска соработка со венецуелскиот претдедател и ултралевичар Чавез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

