Контакт

Свет

Што понесе претседателот на Еквадор од Москва?

Објавено пред

Русите покажаа висока дипломатска способност за ширење на своето влијание и на другата страна од океанот и ги отворија прашањата за признавање на Абхазија и Јужна Осетија како и изградба на православен храм во Еквадор

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа ја прогласи  за успешна неговата посета на Русија, која е прва посета од таков вид во историјата на руско-еквадорските дипломатски односи.

Кореа во Москва пристигнал во средата.

По средбата со својот руски колега, Дмитриј Медведев во четвртокот, двете земји потпишале пакет документи за соработка во енергетиката и снабдувањето со нафта, а исто така ја прифатиле и декларацијата за стратегиско партнерство. Вчерашниот последен ден од посетата, Кореа го искористил за средба со премиерот Путин и со Рускиот патријарх Кирил.

Откако посетата заврши може да се каже дека Русите покажаа висока дипломатска способност за да го зајакнат своето влијание и на другата страна од океанот. Така, се отворија и прашања од типот признавање на двете поранешни грузиски територии како и изградба на православен храм во престолнината , во срцето на Еквадор.

Признавање на новите држави

Претседателот  на Еквадор од Москва најави дека неговата земја е спремна да го разгледа прашањето за признавање на независноста на Јужна Осетија и Абхазија, доколку добие соодветно официјално барање.

Прва земја што ја призна независноста на двете поранешни грузиски автономни територии беше Русија. Тоа се случи во август 2008 г. кратко време по петдневната војна со  Грузија, која започна кога грузиските сили ја нападнаа Јужна Осетија со цел да ја задржат контролата на територијата. Веднаш по Москва, Никарагва и Венецуела се единствените други држави кои ја признаа независноста на двете земји, штитенички на Русија.

„Што се однесува на прашањето за Јужна Осетија и Абхазија, тоа не го разгледавме во текот на посетата. Но, доколку тие два региони поднесат  официјално барање до Еквадор за нивното признавање, сериозно ќе го разгледаме“, изјавил Кореа.

По ваквите изјави веднаш се огласија и властите во Јужна Осетија и Абхазија, кои веднаш ги направија потребните чекори.

„Јужна Осетија ќе поднесе официјално барање. Ќе бидеме благодарни ако лидерот на Еквадор и другите земји ја признаат нашата независност“, изјави министерот за надворешни работи на Јужна Осетија, Мурат Џиојев.

„Ние работиме на тоа поле. Абхазија веќе има направено чекори во тој правец и ќе продолжиме да работиме“, изјавил абхазискиот министер за надворешни работи, Сергеј Шамба, но не дал точен датум.

Православен храм во Кито

„Ако во најкраток можен рок би изградиле храм во Еквадор, кој би бил толку убав како овој во кој се наоѓаме, тоа би претставувало голема радост за нас“, заклучил Кореа при средбата со Рускиот патријарх Кирил во катедралниот храм „ Христос Спасител“.

Од извештајот што го објави официјалниот веб-сајт на РПЦ  дознаваме дека Патријархот Кирил говорејќи за рускојазичната дијаспора, напомнил дека во почетокот на 90-тите години во градот Мачала во Еквадор се појавила малубројна православна општина, и изразил надеж дека во престолнината Кито ќе биде изграден храм, што ќе биде круна на добрите руско-еквадорски односи.

На претседателот Кореа, како што кажал, длабок впечаток му оставил и разговорот со патријархот Кирил при неговата посета на Еквадор во 2008 г. уште во времето кога не бил прогласен за патријарх.

Нарекувајќи ја политиката на државен атеизам „една од сериозните последици на социјализмот од минатитот век“, Кореа изјавил дека „Руската православна црква ги добива сите можности и основи да ја прошири својата пастирска дејност во Еквадор“.

Според зборовите на еквадорскиот лидер, без оглед на тоа што посетата траела три, од кои два работни дена, „интензивноста на посетата го навела да помисли дека таму поминал  две недели“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

67 мртви во поплавите во Тексас, загина 21 дете

Објавено пред

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Тексас се искачи на најмалку 67 денес, вклучувајќи 21 дете, додека потрагата по девојчињата од летниот камп продолжува трет ден по ред.

dobivaj vesti na viber

Лари Леита, шерифот на округот Кер во регионот Тексас Хил Кантри, епицентарот на поплавите, изјави дека бројот на жртви се искачил на 59, вклучувајќи 21 дете.

Леита рече дека исчезнати се 11 девојчиња и водач на летниот камп во близина на реката Гвадалупе, која се излеа по обилните дождови во централен Тексас на Денот на независноста во петокот.

Другите жртви се од други области погодени од поплавите.

Службениците изјавија дека повеќе од 850 луѓе се спасени, вклучувајќи некои што се држеле за дрвја.

Федералната агенција за управување со вонредни состојби беше активирана денес и распореди спасувачи откако претседателот Доналд Трамп прогласи голема катастрофа, соопшти Министерството за внатрешна безбедност.

Хеликоптери и авиони на крајбрежната стража помагаат во потрагата и спасувањето, соопшти министерството.

Се очекуваат повеќе врнежи во областа во недела, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за ненадејни поплави за округот Кер.

Прикажи повеќе...

Регион

Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Објавено пред

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.

Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.

Прикажи повеќе...

Свет

Почнуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

Објавено пред

Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас во обид да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестински извор запознаен со преговорите.

dobivaj vesti na viber

„Медијаторите го информираа Хамас дека новата рунда индиректни преговори меѓу Хамас и Израел ќе почне оваа недела во Доха“, рече изворот, додавајќи дека делегација на палестинското исламистичко движење, предводена од Халил ал-Хаја, веќе е во Доха.

Израелската јавна телевизија објави дека израелската делегација ќе замине за Доха во раните попладневни часови. Овие преговори ќе бидат фокусирани на условите за можен договор за прекин на огнот, особено во врска со ослободувањето на заложниците во Газа и палестинските затвореници во Израел, според истиот извор.

Исламистичкото движење побара значителни испораки на хуманитарна помош на палестинските територии, додаде изворот, како и „гаранции за траен крај на војната“.

Хамас продолжува да бара повторно отворање на преминот Рафа на границата меѓу Појасот Газа и Египет, кој Израел го контролира од мај 2024 година, за да се овозможи евакуација на ранетите.

Според палестински извори запознаени со преговорите, предлогот доставен до Хамас вклучува 60-дневно примирје за време на кое движењето би ослободило 10 живи заложници, како и неколку тела на мртви затвореници, во замена за ослободување на Палестинците што ги држи Израел.

Хамас во петокот објави дека е подготвен „веднаш да започне“ преговори за американскиот предлог за прекин на огнот и дека го проследил „својот одговор“ до катарските и египетските посредници, без да даде детали.

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека бил информиран за „промените што Хамас сака да ги направи во предлогот“ и дека ги смета за „неприфатливи“.

Индиректните преговори треба да продолжат пред средбата меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Канцеларијата на премиерот потврди за АФП дека Нетанјаху ќе отпатува за Соединетите Држави денес околу 17:00 часот по локално време.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило...

Македонија10 часа

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои...

Македонија15 часа

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да...

Македонија16 часа

Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот...

Македонија18 часа

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари....

Македонија19 часа

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со...

Забава20 часа

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката...

Свет23 часа

Илон Маск: Основав нова партија

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа...

Свет23 часа

„Најдобриот разговор досега“ – Зеленски по телефонскиот повик со Трамп за системите „Патриот“ и одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период,...

Македонија1 ден

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ2 дена

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија2 дена

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија2 дена

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ2 дена

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ2 дена

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет2 дена

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија2 дена

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија2 дена

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт2 дена

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...