Спорт
Мундијалот 2014 почнува на 12-ти јуни
Генералниот секретар на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА, Жером Валке објави во средата дека Светско првенство во фудбал во 2014 година во Бразил ќе биде отворено на 12-ти јуни, а финалниот меч ќе биде одигран на 13-ти јули.
Генералниот секретар на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА, Жером Валке објави во средата дека Светско првенство во фудбал во 2014 година во Бразил ќе биде отворено на 12-ти јуни, а финалниот меч ќе биде одигран на 13-ти јули.Како што соопшти Валке, дополнително ќе биде објавен распоредот на натпреварите по групи, како и мечевите во нокаут фазата. Жребот за квалификациските групи за Светското фудбалско првенство во 2014 година ќе се одржи саботава (30-ти јули) во Рио де Жанеиро. Македонија е во петтиот барабан според рејтингот, со фудбалските репрезентации на Австрија, Азербејџан, Велс, Естонија, Кипар, Летонија, Молдавија и Финска, што значи дека нема да може да биде во иста квалификациска група со некоја од овие селекции.Според квалификацискиот распоред, директен пласман на Светското фудбалско првенство во 2014 година во Бразил обезбедуваат првопласираните репрезентации во секоја од деветте квалификациски групи, како и најдобрата второпласирана селекција, додека другите четири места резервирани за европските репрезентации ќе бидат пополнети од некоја од осумте второпласирани репрезентации по одиграните бараж натпревари.Групите за жрепката за квалификациите за Мундијалот во Бразил на европскиот континент ги сочинуваат: Прва група – Англија, Германија, Грција, Италија, Норвешка, Португалија, Холандија, Хрватска и Шпанија; Втора група – Данска, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Франција, Црна Гора, Швајцарија и Шведска.; Трета група – Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Израел, Ирска, Турција, Унгарија и Чешка; Четврта група – .Албанија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Литванија, Полска, Северна Ирска, Унгарија и Шкотска; Петта група – Австрија, Азербејџан, Велс, Естонија, Кипар, Летонија, Македонија, Молдавија и Финска; Шеста група – Андора, Исланд, Казахстан, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Сан Марино и Фарски Острови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

