Спорт
Продолжува Лигата на шампиони

Вечерва од 20:45 часот продолжува натпреварувањето во фудбалската Лига на шампиони. На програмата се две осминафинални средби, Милан ќе го пречека Тотенхем, а Шалке ќе и гостува на Валенсија. Тотенхем оваа сезона во ЛШ втор пат ќе гостува во Милано. Во фазата по групи Тотенхем загуби од Интер со 4:3, но за разлика од тој натпревар на пресметката со Милан ќе го нема тогаш тројниот стрелец, Герет Бејл. Покрај репрезентативецот на Велс, менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап нема да може да смета ниту на повредените Модриќ и Ван дер Варт. Милан во овој меч влегува како лидер во Серија А, но со проблеми за тренерот Алегри околу составувањето на редот за врска. Амброзини, Пирло и Боатенг се повредени, додека Ван Бомел и Емануелсон немаат право на настап. Валенсија која е во серија од пет победи во домашното првенство ќе го пречека Шалке. Тренерот Унаи Емери тимот ќе го составува без Винсенте, Цезар Санчез, Албелда и Моја. Шалке во ЛШ игра многу подобро отколку во домашниот шампионат, и на оваа средба тренерот Магат најмногу очекува од напаѓачката двојка Раул-Хунтелар. За овој натпревар во комбинација Магат ќе ги нема новите играчи Харистеас, Мориќ, Хогланд и Кенија. крај/uefa/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дуран по само шест месеци го напушти Ал Наср

Foto/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран (21) по само шест месеци си замина од Ал Наср. Во јануари Астон Вила го продаде Дуран во Ал Наср за 77 милиони евра и потенцијални бонуси.
Во клубот од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, играше со Кристијано Роналдо, но не успеа да ја освои титулата. Дуран постигна 12 гола на 18 настапи, а сега го напушта клубот и се враќа во Европа.
Иако потпиша договор до 2030 година, тој оди на позајмица во Фенербахче. Таму ќе ја преземе улогата на Един Џеко под водство на Жозе Мурињо.
Дуран се проби низ МЛС, од каде, по 27 натпревари и осум гола за Чикаго Фаер, замина за Астон Вила за нешто помалку од 18 милиони фунти. Имаше само 19 години.
Спорт
Перикар „испука“ сервис од 246 километри на час

Францускиот тенисер Џовани Мпеши Перикард го сруши рекордот на Вимблдон на првиот ден од третиот Гренд слем во сезоната.
Тенисерот, познат по својот убиствен сервис, го оправда својот углед во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц.
Во првиот поен, тој сервираше со брзина од 239,8 километри на час, соборувајќи го рекордот на Тејлор Дент од 2010 година (238,2).
Тоа не беше доволно за Перикард, па во истиот гем „испука“ сервис од неверојатни 246,2 километри на час.
Интересно е што дури ни тоа не му беше доволно за да го освои тој поен.
Перикар беше блиску до победа над фаворизираниот Американец (четврти ноосител на турнирот), но го загуби четвртиот сет (7:6, 7:6, 4:6, 6:7) по што натпреварот беше прекинат.
Причината се строгите правила на Вимблдон дека нема игра по 23 часот.
До тој момент, тој сервираше 33 аса.
Спорт
Инзаги: Се искачивме на Монт Еверест без кислород

Симоне Инзаги, тренерот на Ал Хилал, им честиташе на своите играчи за пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Тимот од Ријад ги елиминираше „граѓаните“ во осминафиналето на Светското клупско првенство по продолженијата (4:3), со што го направи најголемото изненадување на турнирот.
„За овој резултат, клучни се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на тоа што сите ја знаат силата на Манчестер сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме во тоа“, рече Инзаги по натпреварот.
Во четвртфиналето, Ал Хилал ќе игра против Флуминензе, кој претходно исто така неочекувано го елиминираше Интер.