Спорт
ФИФА парично ги казни Холандија и Шпанија

Фудбалските федерации на Шпанија и Холандија, актери на големото финале на Светското фудбалско првенство, заработија парични казни од страна на ФИФА. .
Фудбалските федерации на Шпанија и Холандија, актери на големото финале на Светското фудбалско првенство, заработија парични казни од страна на ФИФА. Репрезентативците на Холандија на финалниот меч добија единаесет жолти картони, дефанзивецот Џон Хејтинга поради две опомени беше исклучен. Недисциплината портокаловата репрезентација ќе ја чини 14.480 евра, нешто помалку ќе платат Шпанците, нивните пет жолти картони чинат 9.650 евра. Единаесетте жолти картони кои ги добија репрезентативците на Холандија се нов рекорд на Мундијалските финалиња, предходно фудбалерите на Аргентина во 1986 година и победата над Западна Германија, пожолтеа шест пати. На СП во Јужна Африка вкупно беа одиграни 64 натпревари, до финалето рекордот според бројот на картони го држеа репрезентациите на Чиле и Швајцарија, фудбалерите на овие репрезентации во групната фаза искомбинираа девет жолти и еден црвен картон. Паричната казна на ФИФА е минимална со огледа на тоа колку финалистите заработија од СП. Шпанската федерација за освојување на Светскиот куп заработи 22,6 милиони евра, додека Холандската федерација инкасира 18,1 милион евра.Во финалето на СП кое на 11. јуни се одигра во Јоханесбург, Шпанија со 1-0 ја победи Холандија, главен судија на натпреварот беше Хауард Веб од Англија. крај/ап/н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Најлошиот натпревар во кариерата на Никола Јокиќ – ова никогаш не му се случило на трикратниот МВП на НБА

Денвер Нагетс на Никола Јокиќ ги победија Оклахома Сити Тандер со 113:104 и поведоа со 2-1 во полуфиналето на Западната конференција, но центарот на тимот од Колорадо нема да го памети добро овој натпревар.
Јокиќ го заврши натпреварот без ниту една тројка, иако упати десет удари кон противничкиот кош.
Не е прв пат центарот на тимот од Колорадо да го заврши натпреварот без ниту една тројка, но му се случи за прв пат да не помине топка низ обрачот по десет обиди.
Досега, Јокиќ имаше најмногу промашени шутеви, осум, на 10 март 2022 година, против Голден Стејт Вориорс.
Спорт
Драма во Шпанија: Тренерот на Жирона итно префрлен во болница

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница.
„Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата.
Поради здравствената состојба, Санчез нема да го предводи тимот на натпреварот против Виљареал во сабота. Жирона моментално е на 15-то место на табелата, шест бода над зоната за испаѓање, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола.
Ниту клубот, ниту тренерот не објавија повеќе детали за неговата здравствена состојба.
„Се чувствувам добро, под надзор сум на лекар и ги бројам деновите до враќањето на работа за да можеме да ја продолжиме борбата до крајот на сезоната. Ќе бидам отсутен од теренот, но во постојан контакт со стручниот штаб“, рече Санчес.
Минатата сезона, Санчез го предводеше каталонскиот клуб до историско трето место во шпанското првенство. Сепак, тимот се соочи со проблеми оваа сезона откако клучни играчи го напуштија клубот за време на летниот преоден рок, па Жирона е само 15-та на табелата со 38 бода, и сè уште не ја надминала борбата за опстанок.
Спорт
Средба која се чека со години: Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време.
На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните подготовки за Ролан Гарос, а се очекува да пристигне и некогашната српска тенисерка Ана Ивановиќ во својство на почесна гостинка и поранешна шампионка, пренесуваат српските медиуми.
Нивната средба би можела да се случи во многу деликатен момент за двајцата.
Имено, се повеќе се шпекулира дека Ана поминува низ брачна криза со Бастијан Швајнштајгер и дека развод е на повидок.
Од друга страна, Новак поминува низ чуден период. Од почетокот на годината, тој е далеку од препознатливо ниво, се откажа од мастерсот во Рим без конкретна причина, а се повеќе се шпекулира за крајот на неговата кариера.
Турнирот во Женева е закажан од 17 до 24 мај.