Свет
Руските заштитници на човековите права добија дозвола за протест
Градските власти на Москва го одобрија протестниот митинг на активистите за човекови права, кој треба да се одржи на 31 јануари на плоштадот Триумфалнаја во центарот на градот, соопшти ветеранката во борбата за човекови права, Људмила Алексеева
Руската опозиција и активистите за човекови права на овој плоштад одржуваат протести на последниот ден од секој месец со 31 ден, во чест на членот 31 од рускиот Устав, кој гарантира слобода на собирање. Градските власти дозволија собир на само илјада луѓе, наспроти барањата на организаторите за присуство на 1.500 луѓе.Посебното барање за одржување на протести, поднесено од лидерот на опозициската „Друга Русија“, Едуард Лимонов, кој бараше присуство на 2.500 луѓе, беше одбиено.На претходниот ваков собир на 31 декември минатата година, беа одржани два посебни протеста, едниот дозволен, а едниот не. Околу 70 луѓе, вклучувајќи го и Лимонов и уште еден лидер на опозицијата, Борис Немцов беа уапсени и осудени на затворски казни од 10 до 15 дена.„Сите уапсени беа приведени по крајот на протестот, кога си заминувале од плоштадот. Ние ќе ги спречиме ваквите апсења на 31 јануари“, тврди Алексеева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.

