Македонија
Европратеник од Словенија известувач на ЕП за Македонија
Европскиот пратеник од Словенија Зоран Талер денеска е именуван за постојан известувач за Македонија во таа институција
Европскиот пратеник од Словенија Зоран Талер денеска е именуван за постојан известувач за Македонија во таа институција. Талер со оваа функција ќе придонесе кон стабилизација на политичките и економските состојби на Балканот и ќе ги поттикнува процесите на евроинтеграција, соопшти неговата канцеларија. Талер, кој е член на втората по големина политичка група во Европскиот парламент С&Д, се очекува својата работа да ја изврши добро, со оглед на добиените искуства како поранешен министер за надворешни работи на Словенија и добар познавач на регионот. Македонија во изминатите години напредуваше во своето приближување кон Европската унија, но пред неа стојат уште значајни предизвици, како процесот на демократизација, борбата со криминалот и корупцијата, поттик за модернизација на јавните услуги, заштита на човековата околина, се наведува во соопштението од канцеларијата на Талер. Македонија од 2005 година има статус на кандидат за членство во Европската унија и очекува да добие датум за почеток на преговори за членство со извештајот на Европската комисија, што треба да биде објавен на 14 октомври. Известувач за Македонија во претходниот состав на Европскиот парламент беше пратеникот од Холандија Ерик Мејер. /крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши: Албанскиот народ ова нема да го прости
„Европскиот фронт“ денеска побара итна оставка од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во врска со статусот на албанскиот јазик во земјата.
„’Европскиот фронт’ изразува длабок револт и огорченост поради срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши, во врска со статусот на албанскиот јазик во Република Северна Македонија. Неговото тврдење дека единствениот службен јазик во земјата е македонскиот, а дека албанскиот е ‘преведен јазик’, претставува не само отворена лага туку и тежок чин на предавство кон албанскиот народ, нашата историја и нашите тешко стекнати права. Шокантно е, но не и изненадувачки, што Гаши – личност избрана за да служи како марионета во највисоката хиерархија на државата – може да падне толку ниско достигнувајќи ниво на самопонижување, кое дури и најжестоките анти-Албанци не би се осмелиле да го допрат. Бараме негова итна оставка од функцијата претседател на Собранието. Тој ќе остане срам за нашиот народ, за нашата историја“, изјавија од „Европскиот фронт“.
Според нив, ова покажува не само недостиг на интегритет на Гаши туку и подготвеност за поткопување на уставните принципи на државата, само за да ја зачува својата позиција.
„Да го потсетиме господинот Гаши за некои непобитни факти: Амандманот пет од Уставот јасно го дефинира албанскиот јазик како службен јазик покрај македонскиот. Законот за употреба на јазиците понатаму го консолидира користењето на албанскиот јазик како службен во сите сфери на јавниот живот. Во пракса албанскиот јазик е составен дел од институционалната, културната и општествената структура на нашата земја – реалност што не може да биде избришана со ниеден чин на сервилност. Со негирање на овие вистини Африм Гаши не само што го навредува албанскиот народ туку ја делегитимира и функцијата што ја има. Како претседател на Собранието неговата должност е да го брани Уставот, да ја зачува меѓуетничката хармонија и да дејствува во интерес на сите граѓани, а не да предизвикува поделби, да сее раздор и да го намалува достоинството на втората најголема етничка заедница во земјата“, велат од таму.
За нив, Гаши не претставува никого, освен себеси и тесните интереси на оние што го поставиле на оваа позиција.
„Зборовите на Африм Гаши звучат како реторика на оние што историски настојувале да ги маргинализираат Албанците, да го избришат нашиот идентитет и да ги потценат нашите придонеси во ова општество. Неговите постапки ги предаваат жртвите на генерациите Албанци кои се бореле за еднаквост, претставеност и почит во оваа држава. Африм Гаши не претставува никого, освен себеси и тесните интереси на оние што го поставиле на оваа позиција. Тој не е глас на албанскиот народ и не ги отелотворува нашите вредности, гордост или аспирации. Африм Гаши ја премина границата што ниеден Албанец не ја преминал. Историјата ќе го памети ова предавство, а албанскиот народ нема да го прости“, нагласуваат од „Европскиот фронт“.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Патниот правец од Крива Паланка кон ГП Голема Црцорија – Голеш во длабина, односно на речиси 600 метри пред ГП, поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, патот не е прооден од снежни наноси и навеви од снег.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2024 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски
Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по, како што велат, скандалозната одлука поврзана со директорот на АНБ, Бојан Христовски, и неговата спорна диплома.
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека е алармантно откритието оти членката на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и реферира дека сè е во ред со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје – институцијата што ја издала спорната диплома.
„Со пријава до ДКСК оспорена е диплома од универзитетот на кој Ристовска била професорка во време кога Христовски дипломирал во рок од една година. Ова претставува уште еден основ за директен судир на интереси, што е во спротивност со етичкиот кодекс на ДКСК, каде што јасно е наведено дека членовите не смее да одлучуваат за предмети во кои постои судир на интереси (член 9). Не смее да има ниту најмал сомнеж за конфликт на интерес кај оние што треба да се борат против конфликтот на интерес“, рече Кузеска.
Според СДСМ, Ристовска требало да биде изземена од овој случај, а ДКСК треба да биде пример, а не да остава впечаток дека штити кого било.
Партијата бара и повлекување и преиспитување на одлуката за случајот со дипломата на директорот на АНБ, како и расчистување на прашањето за евентуалните неправилности во анализата на Државниот просветен инспекторат.
Претходно вчера, од антикорупциската објаснија дека соработката на Ристовска со Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје била на ниво на гостин предавач и никогаш за финансиски надомест или друг тип договорна соработка. Од тука сметаат дека не постои никаков судир на интерес бидејќи нема никаква поврзност со наведниот универзитет.
Нејзината фотографија беше пред два дена избришана, па повторно вратена назад на страната на Универзитетот во составот на универзитетскиот наставен кадар.