Свет
Еуроконтрол: Нов систем на контрола на летање
Нов систем на контрола на летање се спроведува од синоќа во Европа, чија цел е зголемување на безбедноста
Нов систем на контрола на летање се спроведува од синоќа во Европа, чија цел е зголемување на безбедноста и двојно зголемување на бројот на авиони кои истовремено летаат.
Новиот систем би требало да заштеди гориво во вредност од четири милијарди евра годишно, соопшти Европската агенција за контрола на летање Еуроконтрол, во Брисел.
Системот ја елиминира нужноста авионите да се движат “по воздушни патишта“, над навигационите радио-апарати на земјата, со што се постигнува летот да трае пократко.
Според новиот систем, контролорите ќе ги следат авионите со помош на системот на сателитска навигација ГПС, со што се исклучува потпирањето на “радио-фарови“ на земјата.
Така, контролорот на летање не мора, еден по еден, да ги испраќа авионите во “воздушни патишта“, туку може за секој да избере најповолен пат меѓу аеродромите.
Ова го елиминира ограничувањето на досегашниот систем – кружење на авионите додека чекаат на слетување по распоред со кој по “воздушен пат“ стигнале до целта.
Исто така, се воведува техника на “континуално спуштање при слетување“ што значи дека авионите од висина на која летаат “лизгаат“ кон аеродромот, додека досега се спуштале “по скали“, од една на друга однапред утврдена висина со промена на брзината.
Системот, кој постои во САД, нajпрвин ќе се воведе во центарот на контрола во Мастрихт кој ги следи авионите над Холандија, Белгија, Луксембург и северозападна Германија.
Системот, како што наведува Еуроконтрол, до 2025 година ќе ја опфати цела Европа. Експертите проценуваат дека бројот на летови во Европа во 2030 година двојно ќе се зголеми на 20,4 милиони годишно./крај/он/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

