Македонија
Четири седници на Комисии во Собранието на Република Македонија

Членовите на комисиите за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, за култура и на Законодавно-правната комисија во петок ќе одржат седници во Собранието на Република Македонија.
Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за предложените измени и дополнувања на законите за гранична контрола, за заштита и спасување, за класифицирани информации и за управување со кризи, за производство и промет на вооружување и воена опрема, и за полиција, како и за Предлог-законот за внатрешни работи, сите по скратена постапка.
Предлог измените и дополнувањата на законите за заштита на природата, за животната средина, за поштенските услуги, за сигурност во железничкиот систем, за воздухопловство, за просторно и урбанистичко планирање, по скратена постапка во второ читање се на дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија.
Претходно Комисијата треба да ги разгледа предлог законите за изменување на законите за јавни патишта, за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, за комуналните дејности, за градење, за домување, за превоз во патниот сообраќај, за внатрешната пловидба и за железничкиот систем, сите по скратена постапка во второ читање.
На дневен ред на членовите на Комисијата за култура е расправа за предлог – законите за изменување и дополнување на законите за култура, за филмска дејност и за заштита на културното наследство, по скратена постапка во второ читање.
Точките од дневниот ред на комисиите за одбрана и безбедност и за транспорт, врски и екологија предвидено е да бидат на расправа и во Законодавно-правната комисија./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од нив, активни се два пожари – во ПП „Јасен“ на подрачјето на општина Македонски Брод и во атарот на селата Лојане и Табановце во општините Куманово и Липково. Под контрола е еден пожар на територија на општина Јегуновце, меѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орешје.
Во текот на изминатите часови изгаснати се 24 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои во Долнени, Тетово, Врапчиште, Гостивар, Куманово, Штип, Струга, Кичево, Крушево, Кисела Вода, Шуто Оризари, Илинден, Боговиње, Охрид, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Бутел и Карпош.
Македонија
Попладне пороен дожд и грмежи во западните делови, најавија метеоролозите

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, претежно во западните региони ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, јавува УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Македонија
Марш на ангелите во Кочани: Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој

Правда мора да има, ако не ќе поставиме шатори пред судот и полицијата и нема да дозволиме никој да влегува. Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој. Ова го порача поддржувач на родителите чии деца загинаа на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тој од својата инвалидска количка го предводеше осумнаесетиот марш на ангелите. Зборувајќи пред Основниот суд во Кочани, ја обвини полицијата дека дваесет минути на влезот во градот, кај ресторанот „Национал“, држела луѓе од други општини затоа што доаѓале да ги подржат кочанчани.
– Без никакво образложение легитимирале, претресувале. И порачувам на цела Влада – помеѓу тие луѓе нема ниту еден терорист, ниту еден нарко дилер, ниту еден криминалец. Тоа се луѓе со душа и срце. Зошто се прави таков притисок, се обидувате ли нешто да скриете. Истрагата „терајте“ ја како што треба. Родителите на починатите веќе немат солзи во очите, изјави поддржувачот на родителите.
Осумнаесетиот марш на ангелите вечерва се одвиваше по истата маршрута како и претходно: Парк на Револуцијата, кафуле „Класик“, Општина, УЈП, полиција, суд, со тоа што вечерва немаше свирежи пред споменатите институции.
Родителите беа доста тивки. Сестра на починато момче во пожарот во „Пулс“ само потсети дека денеска, 16 август, навршија пет месеци откако на 16 март 62 лица ги загубија своите животи.