Контакт

Регион

Турскиот премиер Давутоглу размислува за оставка

Објавено пред

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, поради борбата за превласт која ја води со претседателот Реџеп Тајип Ердоган, размислува за заминување од должноста, пренесува германската агенција DPA повикувајќи се на пишувањата од средата на некои медиуми.

dobivaj vesti na viber

Во медиумските написи се тврди дека премиерот Ахмет Давутоглу неодамна се судрил со претседателот Реџеп Тајип Ердоган околу планираните промени на уставот на Турција, кои би довеле до зајакнување на позицијата на шефот на државата.

Давутоглу изјави во вторникот дека попрво „ќе го прегази своето его“, отколку да го загрози интересот на својата владејачка Партија на правото и развојот (AKP), од која доаѓа и Ердоган, кого на чело на партијата и го замени кон крајот на 2014 година, поради ограничувањата во партискиот статус откако вториот победи на претседателските избори.

Давутоглу сé уште не ја донел конечната одлука, а во средата попладнето се сретнал со Ердоган, пишува весникот Hurriyet. Бинал Јилдирим, министер за сообраќај, како и Берат Албајрак, зетот на Ердоган кој е министер за енергетика, се кандидати за наследникот на Давутоглу, пишува Cumhuriyet./крај/мф/сн

Извор: DPA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучиќ: Подготвен сум да паднам од власт

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста во врска со најавата за утрешниот голем протест во Белград организиран од студентите. Вучиќ претходно изјави дека опозицијата и демонстрантите договараат планови за предизвикување граѓанска војна и преземање на власта во Србија.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ на почетокот рече дека цела Србија е потресена од трагедијата во Нови Сад, но дека веднаш потоа почнало насилното уривање на институциите на Република Србија.

„Ги исполнивме сите барања, но нивната цел не беа барањата, туку исполнувањето на обоената револуција во Србија. Веднаш почна незаконското рушење на државата и институциите“, рече Вучиќ.

„Протестите го спречија нормалниот тек на животот и движењето во Србија. Мислат дека тоа треба да трае вечно. Протестниот туризам се претвори во физичко насилство. Напаѓаат новинари од Информер и РТС. Срамота е однесувањето на раководството на РТС, кое не застана да ги брани своите вработени, туку го бранеше N1, кој никој не го ни нападна”, додаде тој.

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив

Вучиќ вели дека нема да има преодна влада „во која ќе биде најлошото од оваа земја“ додека живеел. „Ја кренав земјата како феникс од пепел. Улиците нема да ја одредат и променат власта“, рече тој.

„Правдата ја преземаа пленумите и неформалните групи, а не државните институции, толериравме и страдавме, па некои мислеа дека нелегалната држава треба да трае вечно“, рече Вучиќ.

„Ние сме исклучително демократска земја, а утрешниот митинг не беше регистриран и е незаконски. Ќе се погрижиме митингот да биде безбеден и мирен. Целата одговорност ќе ја сносат организаторите и ќе направиме се за да биде мирен. Оние кои го загрозуваат мирот ќе бидат уапсени“, рече тој. Апелирам до сите да не предизвикуваат нереди, иако ме вознемирува информацијата дека во близина на РТС се пронајдени безбол палки и молотови коктели“, изјави Вучиќ.

„Ги исполнивме сите барања“

„За мене е клучно државата да не употребува сила освен кога тоа е апсолутно неопходно. Во овие четири месеци не кренавме палка. На сите што ни даваа лекции претходните години им одржавме лекција по демократија“, додаде тој. „Ги повикувам граѓаните на мир, а ние секако ќе обезбедиме мир, безбедност и безбедност“, рече претседателот на Србија.

„Ние понудивме избори, тие рекоа дека е невозможно. Понудивме референдум. А јас реков советодавно. Ако испадне дека 50 отсто + 1 граѓанин кажале дека не ме сакаат за претседател, истиот ден ќе поднесам оставка“, рече Вучиќ.

„Ќе се каам што им дадов помилување на оние што не требаше да ги помилувам. Им се извинувам на сите граѓани на Србија што не бевме доволно храбри. Нема да има повеќе такви помилувања“, вели Вучиќ.

Тој како што пренесуваат медиумите во соседството вели дека е подготвен да падне од власт. „Тоа како што сфаќам е утре, горд сум на она што го направив во последните 15 години. Нема да плачам, а задутре ќе разговараме за тоа како ме соборија. Тоа е гол повик на насилство“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Силно невреме ја зафати Словенија, реките се излеваат, предупредување и за Хрватска

Објавено пред

Обилни врнежи ја зафатија Словенија, а прогнозите за денеска и наредните денови не се нималку оптимистички. Некои реки веќе почнаа да се излеваат од коритата, а најлошото допрва доаѓа, пишува Журнал24.си.

dobivaj vesti na viber

Најинтензивни врнежи се очекуваат во западните и централните делови на земјата, поради што словенечката агенција за животна средина (АРСО) издаде портокалово метео предупредување за тие области.

Се очекуваат врнежи од 40 до 80 милиметри, а локално до 100 милиметри.

Реката Випава ќе почне да се излева во наредните часови, а нејзиниот понатамошен раст може да предизвика поплави во текот на попладневните и ноќните часови, особено во сабота – предупредуваат метеоролозите. Ќе се излеат и други реки, додека нагло зголемување на поројните текови се очекува во западна, централна и јужна Словенија.

Дождот попладне накратко ќе слабее, а во некои делови од земјата ќе престанува, но во вечерните часови повторно ќе се засилува и ќе се прошири низ цела Словенија. Можно е и локално невреме, особено на југ, додека снег ќе врне по Горенскиот регион.

Поради обилните врнежи зголемена е опасноста од лизгање на земјиштето, особено во западна и централна Словенија. Геолошкиот завод на Словенија предупредува дека одрони се можни и во други делови од земјата. Се повикуваат граѓаните да ги следат промените на теренот, зградите и косините, како и појавата на нови пукнатини, свлечишта и одрони.

Обилни врнежи од снег се очекуваат во северозападните делови од земјата и во алпските котлини, додека во петок и сабота во планинските предели ќе биде зголемен ризикот од снежни лавини.
Во Хрватска во текот на денот и утре ќе стигнат пообилни врнежи, а дожд и силен ветер веќе зафатија дел од земјата.

Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) издаде предупредување за денеска и сабота. Метеоролозите од ДХМЗ предупредуваат на обилни врнежи и можност од поплави во одредени делови од земјата. Поради поизразени врнежи за краток временски период, постои можност за нагло покачување на водостојот на помалите реки и потоци, што може да доведе до поплави, се вели во предупредувањето на ДХМЗ.

Најмногу дожд се очекува на подрачјето на Горски Котар, Лика и северниот дел на Јадранот, вклучително и Истра, каде се предвидуваат над 50 мм дожд на метар квадратен дневно, што го зголемува ризикот од поројни и урбани поплави.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ: Само обединети можеме да одиме напред, да создадеме посилна Србија

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави ново видео на својот Инстаграм профил.

dobivaj vesti na viber


Само со обединување можеме да одиме напред, да создадеме посилна и помоќна Србија“, вели претседателот на Србија во описот на видеото.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,...

Топ6 часа

Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден. „Амбулантата во...

Македонија6 часа

Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо: „Секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинарите информираше за одржување на претстојната Подготвителна седница за Законот за...

Македонија7 часа

Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт

Најавите за протести премиерот Христијан Мицкоски вели дека се предупредување за незадоволството кај народот доколку сами не се повлечат од...

Македонија8 часа

Бугарија испрати јасна политичка порака дека не се посветени на изградбата на Коридорот 8, вели Николоски, кој алармирал во банките за пренамената на средствата

Министерот за транспорт и врски Аленсандар Николоски утрово алармирал во двете банки со кои земјава има потпишано договори за кредит...

Македонија8 часа

Ќе биде потпишан договор со многу моќна европска земја и ќе се мери во милијарди, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, информира дека очекува многу добри вести за македонските граѓани во текот на април...

Свет8 часа

Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи. „Покварениот Џо Бајден нè внесе...

Македонија9 часа

СДСМ: Министерката Јаневска скучила договор со „Пуцко петрол“ од 40 илјади евра

Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот...

Европа11 часа

(Фото) Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Кон крајот на минатиот месец, на 25 февруари, елитната руска група за беспилотни летала – Центарот за напредни беспилотни системи...

Македонија11 часа

(Видео) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот 40 проценти

„Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај...

Македонија11 часа

Левицата предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,...

Македонија12 часа

ДУИ: Секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на Северна Македонија

„Денес ја одбележуваме четвртата годишнина од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците – моментот кога беше заокружен легислативниот дел...

Македонија13 часа

„Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби – разрешените членови мора да заминат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието...

Македонија14 часа

„Имаме најскапи патарини во регионот, а ужасни патишта: пратениците да гласаат за нашиот предлог за 50 отсто поевтини патарини“, бара партијата Левица

„На 19 март, во Собранието ќе се гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, кој предвидува намалување на патарините...

Македонија14 часа

СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта, до кога ќе молчи Јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? „Случаите со милионските зделки...

Свет14 часа

Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака да го премести нуклеарното оружје подалеку на исток во Европа

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс рече дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп сака нуклеарното оружје да го...

Македонија14 часа

„Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку“: Сиљановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

Огромен интерес за македонската делегација на XII Global Baku Forum – присуството на македонската делегација, официјалните и неформалните средби на...

Европа15 часа

(Видео) Погодена рафинерија во Русија, гори огромен резервоар за гас

Украинците во текот на ноќта со беспилотни летала ја нападнаа руската рафинерија Туапсе во Краснодарската територија. Според руските канали на...

Свет15 часа

(Видео) Џеј-Ди Венс исвиркан на концертот на Националниот симфониски оркестар во Вашингтон

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше пречекан со свирежи и негодувања од публиката по пристигнувањето на концертот на Националниот симфониски...

Свет16 часа

Кина, Иран и Русија почнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

Високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа денеска во Пекинг на разговори за нуклеарните прашања на Техеран, објави...