Регион
Во Србија ќе се прегласува на 15 места, инцидент во изборната комисија
Во Србија на 4-ти мај ќе биде повторено гласањето на 15 избирачки места по вонредните парламентарни избори од 24-ти април, а според досегашните резултати кои почиваат на 99,45 отсто од обработениот изборен резултат, во парламентот влегуваат шест партии, додека листата Демократска партија на Србија – Движење Двери, падна под изборниот праг, соопшти во петокот утрото по два часот Републичката изборна комисија (РИК).
Синоќешната седница во РИК ја одбележал инцидент кога челникот на Движењето Двери, Бошко Обрадовиќ и неговите приврзаници, по соопштените резултати според кои листата ДСС-Двери се лизнала под изборниот праг на 4,99 отсто, вербално ги нападнале претседателот на РИК, Дејан Ѓурѓевиќ, и директорот на државното биро за статистика, Младен Ковачевиќ, извикувајќи „Срамете се, како ќе излезете пред народот“, пренесуваат белградските електронски медиуми.
По анализата на 99 спорни избирачки места, РИК соопшти дека повторно ќе се гласа во среда на 4-ти мај, а на тие места се запишани вкупно 19.631 избирач, така што можна е и промена и во конечниот исход за гласовите за листата ДСС-Двери.
Најмногу поништени резултати има во Ниш – на пет избирачки места, по две во Врање и во Јагодина, и по едно избирачко место во Бачка Топола, Сремски Карловци, Ужице, Кладово и во белградските општини Палилула и Нов Белград.
Врз основана обработените 99,82 отсто од избирачките места, односно 99,45 отсто од гласовите, изборниот цензус од 5 отсто го минале шест листи на партии и коалиции, а во парламентот влегуваат и малцинските партии на војводинските Унгарци, Бошњаците од Санџак, Албанците од југот на Србија и партијата на Зелените.
Неоспорна е победата на коалицијата „Србија победува“ предводена од Српската напредна партија (СНС) со освоени 48,24 отсто, а втора е Социјалистичката партија на Србија (СПС) со 10,96 отсто од гласовите. Српската радикална партија (СРС) освоила 8,11 отсто, коалицијата на Демократската партија (ДС) – 6,03 отсто, коалицијата на Социјалдемократската партија, Либералнодемократската партија и Лигата на социјалдемократите на Војводина (СДС-ЛДП-ЛСВ) – 5,02 отсто, додека во последен момент под изборниот праг со 4,99 отсто се лизна коалицијата на Демократската партија на Србија и Движењето Двери (ДСС-ПД), и ѝ недостига само 0,01 процент за постигнување на цензусот.
Челникот на СНС и актуелен премиер на техничката влада Александар Вучиќ, изјави во четвртокот ноќта дека „никогаш не би украл ниту глас“ и соопшти дека неговата партија ќе ги признае сите резултати „какви тие и да бидат“. Најави дека новата влада треба да биде формирана по 28-ми мај, за кога е закажана вонредната седница на Скупштината на Србија (парламентот)./крај/мф/сн.
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи кон Европската унија (ЕУ) во исто време, велејќи дека Црна Гора, сепак, ќе „чека“ таму од 2028 година, објави Анадолија.
„Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму веќе во 2028 година и ве охрабруваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“, објави Спајиќ на социјалната мрежа Икс.
Saglasan sam da bi čitavom Zapadnom Balkanu EU trebalo da bude finalna odrednica.
Međutim, mi ćemo vas tamo čekati već od 2028. godine i navijamo da istinski požurite i ubrzate ostale kandidate iz okruženja. 🇲🇪🇪🇺 pic.twitter.com/ldU0x03QL9— Milojko Spajić (@MickeySpajic) December 9, 2025
Предлогот на Вучиќ за заеднички влез
Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно во вторник изјави дека најдобрата опција за ЕУ би била истовремено да ги прими сите земји од Западен Балкан како полноправни членки.
„Ако примите една, две или три од нас, што ќе правиме со останатите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“, рече Вучиќ на панелот „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“ на форумот BELTALKS во Белград.
Тој додаде дека ќе ја покрене идејата на состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста. Според него, заедничкиот влез би придонел за стабилноста на регионот и Европа.
фото: Depositphotos
Регион
Вучиќ: Нема да го менувам Уставот за да останам претседател, но би можел да станам премиер
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да го менува Уставот за да остане претседател, но ја остави отворена можноста да стане премиер, за што, вели тој, му е потребна јавна поддршка. Тој додаде и дека е уморен и би сакал некој друг да ја преземе таа работа во иднина, пишува Blic.rs.
Вучиќ на форумот „Beltalks: Економски разговори во Белград“ изјави дека почнал да размислува за своето наследство и нагласи дека промената на Уставот нема да се случи.
„Можам да бидам премиер, но за тоа ви е потребна јавна поддршка, а јас треба да ја донесам таа одлука. И не е лесно за ниту едно прашање. Како што секогаш им велам на моите соработници, не бидете оптимисти, не го потценувајте вашиот противник. Но, јас сум уморен и исцрпен, и би сакал некој друг да ја заврши таа работа во иднина“, рече Вучиќ.
Тој, исто така, се осврна на достигнувањата за време на неговата влада, нагласувајќи ја стабилната економска состојба.
фото/депозитфотос
Регион
Новиот шеф на БМВ е Србин, роден во Крушевац
Милан Неделковиќ на 14 мај 2026 ќе ја преземе функцијата претседател на управата на БМВ АГ, одлучи Надзорниот одбор. Тој ќе го замени Оливер Ципсе, кој повеќе од десет години е во управата и од 2019 е на нејзино чело.
Претседателот на Надзорниот одбор, Никола Питер, нагласи дека Неделковиќ има „јасен стратешки поглед, силна способност за реализација и изразено претприемачко размислување“, како и дека знае да ги мотивира луѓето – што го прави важен лидер во трансформацијата на БМВ.
Милан Неделковиќ, роден во Крушевац, Србија, е член на управата од 2019 како одговорен за производството. Во БМВ работи од 1993 година и имал повеќе водечки позиции во Оксфорд, Лајпциг, Минхен и во корпоративната единица за квалитет. Неговиот мандат како претседател на управата ќе трае до 2031 година.
Ципсе, кому мандатот му беше продолжен поради исклучок од старосната граница, ќе се пензионира по собранието на 13 мај 2026 по 35 години во компанијата. Питер ја истакна својата улога во водењето на фирмата низ глобални кризи.
Претседателот на главниот работнички совет, Мартин Кимих, додаде дека Неделковиќ ужива голема доверба меѓу вработените и дека ќе продолжи традицијата на партнерска соработка во компанијата.

