Спорт
Супер дерби во Милано

ОВа е коло на дерби средби во Серија А, најголемото ќе се одигра меѓу миланските градски ривали кои атакуваат на титулата – Милан и Интер
Миланското дерби ќе ги засени сите останати натпревари од 31-то коло, вклучувајќи го и дуелот на „Олимпико“ меѓу Рома и Јувентус. Лидерот на табелата Милан е формален домаќин и во пресметката влегува со два бода повеќе од Интер. Кадровски проблеми пред големото дерби имаат двајцата тренери, Алегри нема да може да смета на суспендираниот Ибрахимовиќ, додека Леонардо тимот ќе го составува без Луисо. Во зависност од исходот на миланското дерби би можела да профитира екипата на Наполи, која има три бода помалку од Милан, а еден бод помалку од Интер и која во недела во пладневниот термин ќе го пречека Лацио, уште еден од претендентите за висок пласман. Рома на домашен терен, во дуел на екипи кои разочараа оваа сезона, ќе го пречека Јувентус. Рома сѐ уште има надеж дека може да стигне до четвртото место, додека Јувентус најпрвин ќе ја брани позицијата која му гарантира излез во Лига Европа. Жестоко во оваа рунда се очекува да биде и на сицилијанското дерби, каде силите ќе ги одмерат Катанија и Палермо. Комплетни двојки од 31-то коло во Серија А – сабота: Бреша – Болоња и Милан – Интер. Во недела, 3-ти април играат Наполи – Лацио, Катанија – Палермо, Чезена – Фиорентина, Киево – Сампдорија, Џенова – Каљари, Лече – Удинезе, Парма – Бари и Рома – Јувентус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сабаленка ја одбрани титулата на Ју-ес опен

Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД.
Тенисерката број еден во светот ја победи Американката Аманда Анисимова во финалето со 6:3, 7:6.
Анисимова го загуби и второто гренд слем финале оваа година. Претходно на Вимблдон беше поразена од Ига Швионтек.
Со победата во Њујорк, Сабаленка успеа да освои три Гренд слем титули оваа година, не успеа само на почетокот на годината да го освои Отвореното првенство на Австралија.
Ова е нејзина осма Гренд слем титула во кариерата.
Foto/ EPA
Спорт
Сензација каква што не памети Европа – Финска ја елиминира Србија

Кошаркарите на Финска ја приредија најголемата сеозанција на Европското првенство во кошарка, во осминафиналетоо ја елиминираа Србија со победата 92:86. Херој на Финска е Валтунен, 26-годишниот копаркар на Гранада кој постигна осум поени во клуните моменти од натрпреварот.
Почетокот намечот ја навести сензацијата. Финсите отворија со 11:1, со домонација во скокот и одличен шут за три поени (6/11). Србите уште во првиот период бркаа довфифрен минус.
Србија успеа да фати ритам во вториот период, а со тројката на Мициќ замина на полувреме со плус од летири поени.
Третиот период им приладна повторно на Финците кои на преноста на Србија одгоровија со серија од седум поени и повторно ја презедоа доминација во скокот.
Драмата кулминираше во последните четири минути кога на водствот на Србија од четири поени, Финците одговорија со нова серија за плус 4. Потоа на сцена стапи Валтонен која на 53 секунди до крајот и донесе на Финска 78:82. Кога Марканен погоди две слободни за плус 6 јасно беше дека Финците ќе ја испратат Србија дома.
Залудни за Србија беа 33-те поени на Никола Јокиќ со осум скока. Проблем беше што само Никола Јовиќк имаше двоцифрен број на поени, 20. Од друга страна, Марканен го оправда статусот на прва ѕвезда на Финска со 29 поени и осум скока. Јантунен постигна 15, а Литл и големиот херој Валтонен постигнаа по 13 поени.
Финска во четвртфиналето го чека победникот од натпреварот Франција-Грузија, кој ќе се игра во недела.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Галатасарај по Гундоган го сака Чалханоглу

Галатасарај сака преодниот рок да го заврши со уште еден звучен трансфер. Преодниот рок во Турција трае до наредната недела. .
Галатасарај го потпиша Илкај Гундоган, а сега редот за врска сака да го засили со Хакан Чалханоглу.
Клубот понудил 17 милиони евра, но Интер нема намера да го пушти Турчинот, особено не за таа сума. Сепак, во Галатасарај се убедени дека Чалханоглу ќе дојде:
„Хакан сака да дојде кај нас, но околностите не се поволни. Сепак, ние сме уверени дека ќе дојде. Ако не денес, тогаш утре. Порано или подоцна, Чалханоглу ќе го носи дресот на Галатасарај. Нека ја погледне кариерата на Гундоган и нека таа биде негова ѕвезда водилка. Хакан е млад и ние ја почитуваме неговата желба да ја заврши кариерата кај нас“, соопшти раководството на Галатасарај.
Foto/ X