Свет
Хакери упаднаа во компјутерската мрежа на главниот снабдувач на Пентагон
Припадници на хакерската група Anonymous украле околу 90.000 електронски адреси и лозинки од компјутерска мрежа на компанија Буз Ален Хамилтон, еден од најголемите снабдувачи на Пентагон, и ја објави листа на украдените адреси на јавен домен, соопшти преку микроблогот на Твитер, AnonymousIRС
Припадници на хакерската група Anonymous украле околу 90 илјади електронски адреси и лозинки од компјутерска мрежа на компанија Буз Ален Хамилтон (Booz Allen Hamilton ), еден од најголемите снабдувачи на Пентагон, и ја објави листа на украдените адреси на јавен домен, соопшти преку микроблогот на Твитер, AnonymousIRС. Една од клучните области на „Буз Ален Хамилтон“ – е развојот на софтвер и хардвер системи за информатичка безбедност, и овој инцидент може да претставува тежок удар врз угледот на компанијата. Хакерите ја објавија листата на украдените електронски адреси, како и лозинките (пасвордите) кои се енкриптирани, несоодветни за пристап до е-мејл акаунтите, пишува Reuters.Сепак, криминалците можат да ги користат украдените електронски адреси и, вклучувајќи ги и адресите на клиентите на Буз Ален Хамилтон, за испраќање спамови.Претставниците на Буз Ален Хамилтон одбија за Reuters да го коментираат овој факт.Во текот на изминатите два месеци, ова е втор хакерски напад врз еден од најголемите партнери на американскиот Пентагон. Во мај цел на хакерски напад беше производителот на воена опрема Локид Мартин (Lockheed Martin), чија компјутерска мрежа беше извесно време под владение на непознати хакери. Според експертите, природата на нападот на Локид Мартин ја покажува неговата темелна подготовка, а Anonymous обично се користат со релативно едноставни методи за „напади“.Оваа група првенствено е позната по нападите од минатата година на страниците на „непријателите“ на контроверзниот интернет ресурс WikiLeaks, како и по неодамнешното обединување со друга група на хакери позната како LulzSec. Последни цели на нивните напади беа интернет ресурсите на компаниите на Sony, Nintendo, како и на американскиот Сенат и на ЦИА, интернет страниците на претседателот и на владата на Бразил, како и други интернет ресурси./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје
Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Со цел да се зголеми подготвеноста на нестратешките нуклеарни сили за извршување на борбени задачи, Генералштабот започна со подготовки за одржување вежби со ракетните формации на Јужниот воен округ“, се наведува во соопштението.
Како што се посочува, маневрите ќе се одржат во блиска иднина и ќе ги опфатат и авијацијата и морнарицата.
„Целта на вежбата е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата“, наведуваат од Министерството.
Тие додаваат и дека тоа е „одговор на провокативните изјави и заканите на одредени западни функционери“ против Русија.
Свет
Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа
Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на Газа, објави израелското воено радио.
Според извештајот, евакуациите сега се концентрирани во неколку периферни квартови на Рафа, од кои се вели дека евакуираните лица се насочуваат кон градовите со шатори во блиските Кан Јунис и Ал Муваси.
Меѓутоа, во она што се чини дека е почеток на евакуација на цивили пред копнен напад, израелската армија ги повика Палестинците во источните делови на Рафах да се преселат во блиската „хуманитарна област“.
По седуммесечната офанзива против Хамас, Израел соопшти дека во Рафа се засолниле илјадници борци од палестинската исламистичка група и дека победата е невозможна без заземање на градот.
Со оглед на тоа што повеќе од еден милион раселени Палестинци се засолнети во Рафа, изгледите за операција со многу жртви ги загрижуваат западните сили и соседниот Египет.
Свет
Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун
За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано да дадат заклетва за лојалност оваа година на неговиот роденден, соопшти јужнокорејскиот Институт за развој на југ и север (SAND) со седиште во Сеул.
Во петокот, институтот објави фотографии од текстот на заклетвата во папката, за која се верува дека е направена на 40-тиот роденден на Ким, 8 јануари, пренесува Ројтерс.
Северна Кореја никогаш официјално не го потврдила датумот на раѓање на Ким, а традиционално ваквите церемонии за заклетва се одржуваат на родендените на неговиот татко и дедо, претходни севернокорејски лидери.