Црна хроника
Притвор за скопјанка која продавала амфетамин

Полицијата поднесе кривична пријава, а судија на претходна постапка и определи притвор на дваесет и седумгодишна скопјанка која продавала амфетамин на уживатели во Скопје.
Дилерката која инаку во 2014 година била кривично пријавена за недозволена трговија со амфетамин и хероин, во текот на минатата и оваа година, од засега непознати лица, набавила поголема количина на амфетамин и марихуана и истите ги препакувала за улична продажба на уживатели од Скопје. Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека пријавената препакуваната дрога почнала да ја продава на уживатели од Скопје, презеде мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.
Откако од страна на полициски службеници е потврдено сознанието биле превземени мерки и активности, при што во временскиот период 2015 и 2016 година при извршени лични прегледи кај пет уживатели од Скопје, биле пронајдени и одземени вкупно пет полиетиленски пакувања со амфетамин и една полиетиленско пакување со кокаин.
По извршените разговори со уживателите било утврдено дека сите, по претходен телефонски договор со пријавената, на различни локации во Скопје ги купиле пакувањата
Од страна на полициски службеници истата била забележана во централното градско подрачје во непосредна близина на нејзиниот дом и при личен преглед кај неа биле пронајдени и одземени 58,56 грама марихуана, спакувани за улична продажба, две полиетиленски пакувања со амфетамин и една дигитална вага. Осомничената била приведена и со истата бил извршен разговор, а по наредба од Судија на претходна постапка, бил извршен претрес во нејзиниот дом каде биле пронајдени (шест полиетиленски пакувања со марихуана, три полиетиленски пакувања со амфетамин и една дробилица за тутун./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
1624 семки канабис одземени од велешанец при претрес на неговиот дом, полицијата го уапси

Полицајци од одделот за недозволена трговија со дрога го уапси 41-годишниот (Т.Б.) од Велес. По издадена судска наредба тие при претрес во неговиот дом пронајдоа и му одзедоа кафена прашкаста материја, 1624 семки канабис и остатоци од зелена растителна материја, извести полицијста
(Т.Б.) е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Полицијата уапси 15-годишник во Скопје, насила одзел пари на 44- годишен маж

Вчеравечер полицијата уапси 15-годишен малолетник од Скопје по претходна пријава дека во скопски Центар насила одзел пари од 44-годишен маж.
Оштетениот пријавил во полиција која, пак, за кусо време го пронашла и го уапсила малолетникот. Од МВР најавија соодветна пријава по целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Му стигнало писмо од извршител за два кредита кои не ги зел, 23-годишен скопјанец пријавил измама

23-годишен скопјанец во четвртокот во скопската полиција пријавил злоупотреба на личните податоци. Според пријавата, непознато лице во 2021 година на име на пријавителот зело два кредита од финансиско друштво. Дознал за измамата минатата недела кога му стигнало писмо од извршител за неплатен долг во износ од 80.758 денари.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.