Европа
Стивен Краб прв официјално објави кандидатурa за наследник на Камерон
Стивен Краб ја објави во средата својата кандидатура за наследник на Дејвид Камерон на должноста британски премиер и рече дека неговиот главен приоритет ќе биде да ја врати контролата над имиграциските политики.
Стивен Краб, министер за труд и пензиски систем во владата на Дејвид Камерон и е првиот кој официјално ја објави својата кандидатура, изјави дека на референдумот гласал за останувањето на Велика Британија во Европската унија.
Камерон, кој ја предводеше кампањата за останувањето во ЕУ, најави дека во октомври ќе поднесе оставка и водечката Конзервативна партија би требало да го избере неговиот наследник до почетокот на септември.
„Не можеме да дозволиме изборот на водството да биде дефинирано со етикетите како ‘оној кој е за останување’ или е ‘брекзитер’ (оној кој е за излегување – brexit)“, напиша Краб во колумната за весникот The Daily Telegraph, повикувајќи ги конзервативците на единство.
Краб вели дека одлуката на граѓаните во поглед на иднината на Британија во ЕУ била јасна и дека од тоа нема враќање. Додава притоа дека не станува збор за повторување на референдумот.
„Сакам да ја водам владата која ги исполнува очекувањата на 17 милиони луѓе кои гласаа за излегување на Велика Британија од ЕУ. Една од доминантните пораки од тоа гласање е пораката повторно да ја вратиме контролата над имиграциската политика во Велика Британија“, наведува во продолжение Краб и додава дека за него слободата на движењето на луѓето е неизбежно прашање.
Поборниците на кампањата за останување сметаат дека доколку Велика Британија сака да го сочува пристапот до единствениот европски пазар, што се наметнува како клучно прашање за британската економија, ќе мора да постигне компромис во поглед на слободата на движењето, што е едниот од клучните принципи на Европската унија.
За Краб, поранешен ученик во државно училиште кого го растела самохрана мајка во социјален стан а во младоста бил работник на градилиште, некои медиуми оценуваат дека „игра на адутот на работниците“. Имено, неговото потекло драматично се разликува од потеклото на Дејвид Камерон и на Борис Џонсон, поранешниот градоначалник на Лондон и кандидат за наследник на Камерон, коишто во младоста учеле во елитното училиште Итон, и подоцна на универзитетот Оксфорд.
Кандидатурите за идниот премиер мора да бидат поднесени до овој четврток./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

