Контакт

Економија

И покрај намалените рејтинзи Франција и Шпанија успешно ги продадоа обврзниците

Објавено пред

Шпанија во четвртокот со продажбата на државните обврзници собра значително повеќе пари, отколку што првично планираше, благодарејќи на големата побарувачка, а сличен одѕив имаше и аукцијата на француските обврзници, на која Париз се задолжи по највисокиот износ што го планираше.

dobivaj vesti na viber

Шпанија во четвртокот со продажбата на државните обврзници собра значително повеќе пари, отколку што првично планираше, благодарејќи на големата побарувачка, а сличен одѕив имаше и аукцијата на француските обврзници, на која Париз се задолжи по највисокиот износ што го планираше.Двете аукции претставува успешна проверка на довербата на инвеститорите во државните обврзници на Франција и на Шпанија, откако пред една седмица бонитетската агенција Standard & Poor’s. ги намали нивните кредитни рејтинзи. На Франција и’ беше намален кредитниот рејтинг од максималните „ААА“ на едно ниво помалку „АА+“, со „негативна перспектива“, што значи  на среден рок може да се соочи со уште едно намалување. На Шпанија кредитниот рејтинг и’ беше намален за две нивоа од „АА“ на „БББ+“, со негативна перспектива и 33 отсто изгледи рејтингот на среднорочен период да и’ биде повторно намален.Шпанското министерство за финансии соопшти дека собрало 6,6 милијарди евра со продажба на државните обврзници со рок на отплата во 2016, 2019 и во 2022 година, значително натфрлајќи го првичниот план за задолжување за 3,5 до најмногу 4,5 милијарди евра. Притоа, каматната стапка на 10-годишните обврзници е намалена на 5,4 отсто од 6.97 отсто на аукцијата на истите обврзници со истиот рок на исплата во ноември минатата година. Од овие обврзници се продадени во вредност од три милијарди евра, со 2,2 пати поголема побарувачка во однос на понудените за запис. Продадени се и 1,3 милијарди евра обврзници со рок на доспевање во 2016-та и 2,3 милијарди евра со рок на враќање во 2019 година.Успешна беше и аукцијата на државните обврзници на Франција, прва по нејзиното губење на највисокиот кредитен рејтинг од тројното А. Со продажбата на среднорочните државни обврзници Париз лесно се задолжи за 7,97 милијарди евра, колку што и најмалку планираше пред продажбата. Обврзниците со рок на доспевање во јули 2014 година се продадени со просечен принос од 1,05 отсто, додека оние со рок на исплата во кули 2016 година со принос од 1,89 отсто, со тоа што и на двете аукции побарувачката беше 2,12 пати поголема во однос на понудените за запис. Обврзниците со рок на исплата во јули 2-15 година добија принос од 1,5 отсто, со побарувачка којашто е за 3,41 пати поголема. Во сите три случаи, Франција се задолжи за пониска каматна стапка во споредба со сличните аукции од минатата година./крај/ро/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Лукаревска: Владата се задолжи 15 милиони евра за проект кој е 94,3% реализиран

Објавено пред

Од

Денес пред целата јавност, зборувавме за уште едно ново задолжување на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од 15 милиони евра. Задолжување за проект кој, според официјалните податоци, е реализиран 94,3%. Прашањето е, зошто 15 милиони евра за само 5,7% нереализирани активности, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

Таа потенцираше дека овој проект, вреден 21,5 милиони евра, беше донесен уште во декември 2020, со поддршка од мнозинството предводено од СДСМ.

„Истите тие кои денес седат во Владата, тогаш го критикуваа. Неосновано. Обвинуваа за ‘душманско трошење’, велеа ‘нов ден, ново задолжување’. А сега е исто, само износот на којшто треба да се задолжиме е различен. Дали денес ги има тие стандарди? Ги има. Новото законско решение се носи без ниту еден претставник од Министерството за образование. Владата на ВМРО-ДПМНЕ носи закон за образование без ресорниот министер , “, потенцираше Лукаревска.

Таа потсети дека во предлог-законот се задржани истите четири компоненти од првичното решение, вклучително и компонентата за консултанти и обуки, токму она што го критикуваа ДПМНЕ кога беа во опозиција.

„Што е сменето? Ништо. Освен што сега трошат уште 15 милиони евра. И ова се прави пред избори за да можат градоначалниците да се пофалат со поддршка од централната власт. Замислете, денес е втори септември, изборите се на 19 октомври“, рече Лукаревска.

Според неа, ова задолжување нема економска логика, нема образложение, нема нишка отчетност.

„Ова не е развојна инвестиција, ова е политичка злоупотреба. Постојат и други небулози кои го детерминираат ова законско решение, односно ова задолжување, како една несоодветна конзистентност во она што значи политики на една или друга политичка партија. Ако нешто се критикуваше претходно од опозицијата, што е сменето сега за да се поддржи кога сте власт? Веројатно овде ќе важи и она правило: Не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“, истакна Лукаревска.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Битиќи: Нов ден, ново задолжување на владата на ДПМНЕ, граѓаните плаќаат прескапа цена

Објавено пред

Од

Владата на ВМРО-ДПМНЕ најави ново задолжување од 15 милиони евра преку заем од Светската банка, со образложение дека парите ќе се користат за унапредување на основното образование. Секое вложување во образованието е неопходно, но да бидеме искрени. ова не е дебата за квалитетот на образованието. Денес, гледаме уште еден пример на непромислено, нетранспарентно и лицемерно задолжување, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

Битиќи потсети дека истиот проект за унапредување на основното образование, кој сега ВМРО-ДПМНЕ го предлага преку заем, во 2021 година беше блокиран токму од нив.

„Овој проект тогаш не им беше прифатлив, а денес, истиот го претставуваат како свој успех. Што се смени? Само тоа што сега се на власт“, реагираше Битиќи.

Тој потенцираше дека Владата предлага ново задолжување во услови кога јавниот долг има засилен тренд на зголемување, а државата е турната во должничка спирала и кога истите тие што ги задолжуваат граѓаните немаат храброст да излезат пред јавноста и да кажат каде одат тие пари и под кои услови.

-Наместо конкретен план, листа на училишта или барем критериуми според кои ќе се распределуваат средствата, јавноста доби, молк. Вчера добивме 55 секунди објаснување на собраниска комисија. Денес , 3 минути и 20 секунди. Без ниту еден документ, без визија, без отчет. Само нов долг, обвиен во празни зборови“, посочи Битиќи.

Тој потсети и дека растечката задолженост е без контрола, нагласувајќи дека од 1 јули 2024 до 1 септември 2025, државата се задолжила за над 1,8 милијарди евра. Дополнително, најавени се нови 950 милиони евра преку заеми на меѓународниот пазар и 70 милиони евра од домашните банки. Со тоа, вкупниот износ на задолжување ќе надмине 2,8 милијарди евра.

-Фискалниот совет алармира дека постојат над 700 милиони евра доспеани, но неплатени обврски , тоа е 4,4% од БДП. Тој товар е скриен од граѓаните, но е реален, и еден ден ќе дојде на наплата“, истакна Битиќи.

Тој потенцираше дека јавниот долг од 56,9% од БДП во третиот квартал од 2024, пораснал на 62,4% на крајот на годината, а во првиот квартал од 2025, паднал на 57,7%, само за повторно да се зголеми на 58,5% во вториот квартал.

-Тоа значи дека јавниот долг се зголемил за 867 милиони евра од 8,8 на 9,7 милијарди евра до крајот на јуни 2025. Ова не е стабилност. Ова е должничка спирала“, нагласи Битиќи.

Остра критика упати и за, како што рече, неспособноста на Владата да ги искористи средствата од Европската Унија.

-43 милиони евра за реформска поддршка останаа неискористени. Уште 52 милиони евра аванс не се ставени во функција. Од очекуваните 17,1 милион евра, добивме само 8 милиони, затоа што оваа Влада реализирала само 40% од потребните реформи. Ова не е вина ни на Бугарија, ни на Грција, ни на СДСМ. Ова е вина исклучиво на Владата, која не го исполнила својот дел од обврските. Наместо да користи европски грантови што не мора да се враќаат, тие избираат кредити што ќе ги враќаат идните генерации!“ рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска: Отворена власт во пракса – Министерството за енергетика ги објавува сите договори

Објавено пред

Од

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес одржа владин тематски состанок за Партнерство за отворена власт на кој се говореше за напредокот и заложбите на институциите.

dobivaj vesti na viber

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е координатор на заложбата 1.3 – Јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување јавно-приватно партнерство, како и активен учесник во заложбата 1.2 – Јавно објавување на вистински сопственици на фирмите што имаат склучено договори со државата.

„Енергетиката, рударството и минералните суровини се сектори од големо јавно значење кои го носат економскиот развој на државата. Нивното управување мора да биде транспарентно, отчетно и достапно за јавноста, затоа што успехот во овие области се гради и се дели со граѓаните – тој е од нив и за нив,“ изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Таа кажа дека е формирана работна група во рамки на Министерството која има задача да го реализира објавувањето на сите склучени договори за: концесии за експлоатација на минерални суровини и договори за детални геолошки истражувања.

Овие документи се јавно достапни на веб-страницата на Министерството: www.energy.gov.mk, овозможувајќи директен увид за граѓаните и граѓанските организации.

Во делот на јавно-приватното партнерство (ЈПП), Министерството веќе води Регистар на доделени договори. Овој регистар ќе се надгради согласно новиот Предлог-закон за ЈПП, преку воспоставување Единствен електронски систем за јавно-приватно партнерство кој ќе ги опфати сите фази на проектите – од планирање, до доделување, спроведување и завршување на договорите. Системот ќе биде директно поврзан со Националниот електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Трамп му пиша на Кси: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада каде што Кина презентираше ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа31 минута

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет54 минути

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Кси порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа1 час

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа1 час

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...

Македонија11 часа

„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на...

Македонија14 часа

Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија...

Македонија15 часа

Родители протестираат за бесплатен превоз за средношколците наместо поскапо сместување во дом, МОН смета дека решениeто е во интерес на учениците

Законското решение кое го регулира превозот на учениците е ново, заеднички изработено со сите засегнати чинители и претставува одговор на...

Македонија17 часа

Обвинителство: Детално ќе ги испитаме наводите за нелегално прислушување

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, велат од Јавното обвинителство. Од таму додаваат дека Обвинителството единствено...

Македонија19 часа

Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,...

Македонија20 часа

Пенов и Пановски главни адути за локалните избори во Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов, и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП и епидемиолог, Никола Пановски, се главни...

Македонија20 часа

Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница

Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон Европската Унија...

Топ20 часа

(Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР...

Македонија20 часа

Студентите може да добијат повеќе пари за субвенциониран оброк, но в година тоа ќе зависи од буџетот на државата, вели Јаневска

Зголемување на сумата од 140 денари што сега ја добиваат студентите за оброк може да има, но не оваа, туку...

Македонија21 час

Ексдиректорот на АНБ тврди: Мицкоски не бил прислушуван

Христијан Мицкоски во периодот од 2019 до 2024 година како лидер на тогашна опозициска партија не бил предмет на посебен...

Македонија22 часа

Два активни пожара на територијата на Македонија, три под контрола

Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Македонија23 часа

„И официјално потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личности, на...

Свет24 часа

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во...

Свет1 ден

(Видео) Путин и Шји во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во...