Спорт
Не запира серијата на Сан Антонио

Водечката екипа во НБА лигата, Сан Антонио Спарс ја продолжува победничката низа. Во дербито на Тексас, Сан Антонио го победи Далас со 99:93. До тринаесеттата победа во последните четиринаесет натпревари, Сан Антонио го предводеа Гери Нил (21 поени, 5 скока), Тим Данкан (17 поени, 12 скокови), Ману Џинобили (15 поени) и Тони Паркер (14 поени, 6 скока, 5 асистенции). Победата над Далас за „спарси“ беше 28 во 32-от натпревар сезонава. Домаќинот на овој натпревар Далас беше ослабен за неиграњето на својот најдобар играч, Дирк Новицки, екипата во негово отсуство ја предводеа Кирон Батлер (30 поени) и Џејсин Кид ( 12 поени, 13 асистенции и 10 скока). Портланд забележа победа против Јута од 100:89. Весли Метјус постигна 30, а Ламаркус Олдриџ 27 поени за „пионерите“, на спротивната страна Дерон Вилијамс уфрли 19 кошеви. На истокот Орландо го совлада Њујорк со 112:103. натпреварот го обележа Двајт Хауард со 24 поени и 18 скокови. Центарот на „магичните“ на овој натпревар ја забележа и 12-та техничка грешка во новата сезона, кога ќе стигне до бројката од 16 автоматски ќе биде суспендиран од еден натпревар. Кај Њујорк со својот учинок се истакнаа Амаре Стадемаер со 30 и Вилсон Чендлер со 29 поени. крај/хина/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мајами без најдобриот стрелец ќе ја започне новата сезона

Ѕвездата на Мајами Хит, Тајлер Хиро, го оперираше левото стапало во петокот и нема да игра на почетокот на новата НБА сезона.
Извори за „ESPN“, изјавија дека се очекува Хиро да отсуствува осум недели, што значи дека веројатно ќе ги пропушти првите 12 натпревари од регуларната сезона.
Хиро се мачеше со повреди на левото стапало минатата сезона, а потоа за време на тренинг сезоната претрпе посериозна повреда на глуждот што доведе до одлуката да се подложи на операција, изјавија извори за „ESPN“.
Мајами ќе мора да ја започне сезоната без својот водечки стрелец, кој минатата година имаше просек од 23,9 поени, 5,5 асистенции и 5,2 скока по натпревар.
Минатата сезона, Хит беа брзо поразени со 4-0 од Кливленд Кавалирс, па се засилија во текот на летото со Норман Пауел и Италијанецот Симоне Фонтекио.
Спорт
Грилиш: Судијата нè фрустрираше, падна под влијанието на Енфилд

Фудбалерот на Евертон, Џек Грилиш, го обвини судијата Дарен Ингланд дека донел неколку одлуки под влијание на публиката на „Енфилд“ на штета на неговиот тим во дербито против Ливерпул.
Грилиш доби жолт картон по завршувањето на натпреварот, во Мерсисајд дербито кое му припадна на Ливерпул (2:1).
„Карамелите“ беа исто така незадоволни што судијата додаде само три минути во продолжението додека тие бркаа израмнување.
„Очигледно, понекогаш се обидуваа да ја забават играта, никогаш во животот не сум видел играч да добие жолт картон за изведување брз слободен удар“, рече Грилиш, додавајќи:
„Не знам од каде дојде тоа правило. Дури и надополнувањето, три минути и една минута, никогаш не сум видел такво нешто во Премиер лигата во последните две или три години.“
Грилиш го пропушта следниот натпревар против Вест Хем поради жолт картон.
„Имаше фрустрација од судијата. Понекогаш сакате да дозволите да се игра, целосно го разбирам тоа, но не можете да не ни дадете нешто, а потоа две секунди подоцна еден од нивните дефанзивци паѓа откако нашиот играч го допира по грбот и тој им дава слободен удар“, заврши Грилиш.
Спорт
Вест Хем ќе го отпушти менаџерот Потер

Греам Потер е пред отказ во Вест Хем. Тимот изгледа многу лошо на почетокот на сезоната, победата кај Нотингем Форест е единствениот позитивен резултат по воведните пет кола од Премиер лигата и раководството на клубот знае дека нешто мора да се промени.
Дури и летната пауза, реновирањето на тимот не донесе резултати, па според британскиот „Телеграф“, се очекува поранешниот менаџер на Брајтон и Челзи да биде отпуштен.
Само шест победи во 25 натпревари на клупата го рангираат меѓу најнеуспешните тренери, а порозноста на одбраната е особено болна.
Вест Хем, кој со децении се смета за солиден тим кој прима малку голови, моментално има најслаба одбрана во Премиер лигата. Примија 13 гола, еден повеќе од Вулверхемптон, кој е последен и без бодови.
Англиските медиуми со денови дена пишуваат дека Нуно Еспирито Санто, неодамнешниот менаџер на Нотингем Форест, кој минатата сезона беше хит со овој тим, и Славен Билиќ, поранешен играч и менаџер на тимот, се двајцата најсериозни кандидати за наследник на Потер.