Спорт
Лига Европа, фаворитите го оправдаа епитетот

Фаворитите без мака изборија пласман во следната рунда во фудбалската Лига Европа, мини изненадување е елиминацијата на Црвена звезда, додека Хајдук ја надополни негативата од Букурешт и го елиминира Динамо.
Фаворитите без мака изборија пласман во следната рунда во фудбалската Лига Европа, мини изненадување е елиминацијата на Црвена звезда, додека Хајдук ја надополни негативата од Букурешт и го елиминира Динамо. Вистинска драма се одвиваше на натпреварот Монпеље-Ѓер, по 120 минути игра мечот заврши 0:1, по изведувањето на пенали Ѓер победи со 3:4 и се пласира понатаму. Во следната фаза се најде и екипата на Карабах која во претходното коло го елиминира нашиот преставник Металург. Карабах во двомечот со вкупни 4:2 беше подобар од Висла Краков. Своите противници во следната рунда ги очекуваат Јувентус, Галатасарај, Бешикташ, Австрија Виена, Ливерпул, Штутгарт, Спортинг Лисабон, АЗ Алкмар… Првите натпревари од четвртото коло ќе се одиграат на 19. август, реваншите на програмата ќе бидат на 26. август.крај/макфакс/н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мбапе гласа за Дембеле: Јас лично би му ја врачи Златната топка

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златаната топка, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз.
За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал.
Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе.
„Усман ја заслужува (Златната топка), го поддржував од самиот почеток. Ако ме прашаше, јас лично би му ја однел дома“, изјави тој Мбапе за „Телефут“.
Спорт
ФИБА ги објави термините за четвртфиналните пресметки

ФИБА ги објави четвртфиналните натпревари на Евробаскетот, натпреварите ќе се играат во вторник и среда.
За разлика од натпреварите од осминафиналето, кои се играа во 11:15, 14:15, 17:30 и 20:45 часот, четвртфиналните мечеви ќе се играат во различни термини.
Ќе се игра од 16:00 до 20:00 часот, по македонско време.
Во вторник, Турците, предводени од Алперен Шенгун, и Полјаците, кои ја елиминираа селекцијата на БиХ, ќе бидат првите што ќе излезат на теренот.
А во ударниот термин од првиот ден, ќе играат Литванците, кои го елиминираа домаќинот Латвија, и Грците, кои славеа над Израел на крилата на Јанис Адетокумбо.
Во среда, првиот дуел е судир меѓу неочекуваните четвртфиналисти, Финците и Грузијците, двете најголеми изненадувања на турнирот кои ги елиминираа фаворизираните Србија и Франција.
Последниот натпревар од четвртфиналето ќе го играат светските шампиони, Германците и Словенците, кои сите надежи ги полагаат на неверојатниот Лука Дончиќ.
Foto/ EPA
Спорт
Алкараз ја започна 37-та недела на врвот, Ѓоковиќ „скокна“ три места

Карлос Алкараз го освои Ју-ес опен и по една година се врати на челната позиција на АТП листата. На најновата листа има неколку промени во Топ 10, Новак Ѓоковиќ скокна три позиции и сега е на четвртото место.
Алкараз ја започна 37-та недела од својата кариера како водечки играч во светот, а до тој статус стигна преку едно од најсложените ждрепки на турнирот.
Неговиот пат до пехарот беше речиси беспрекорен – тој загуби само три брејка во текот на целиот турнир, подвиг што само Пит Сампрас успеа да го достигне во модерната ера.
Со овој триумф, Алкарас дојде до 11.540 поени, со што јасно ја потврди својата лидерска позиција.
На второто место е Италијанецот Јаник Синер со 10.780 поени, додека Александар Зверев остана на третото место со 5.930.
Новак Ѓоковиќ направи значаен скок и сега е четврти со 4.830 поени – тој се искачи за три места во споредба со претходниот пласман.
Тејлор Фриц (4.675), Бен Шелтон (4.280), Џек Дрејпер (3.690), Алекс де Мајнор (3.545), Лоренцо Мусети (3.505) и Карен Хачанов (3.280) ја комплетираат десетката најдобри тенисери во светот.
Foto/ EPA