Контакт

Надворешна политика

Хан: Блокадата на границата со Грција би предизвикала дополнителни проблеми во билатералните односи

Објавено пред

Блокадата на границата со Грција од македонска територија ќе значи проблематизирање на билатералните односи на Република Македонија со Грција, особено во решавањето на разликите околу името, изјавил во вторникот еврокомесарот за соседска и пристапни преговори Јоханес Хан на традиционалната Балканска конференција што се случува по 15-ти пат во организација на невладината „Пријатели на Македонија“, пренесува МИА.
 

dobivaj vesti na viber

Блокадата на границата со Грција од македонска територија ќе значи проблематизирање на билатералните односи на Република Македонија со Грција, особено во решавањето на разликите околу името, изјавил во вторникот еврокомесарот за соседска и пристапни преговори Јоханес Хан на традиционалната Балканска конференција што се случува по 15-ти пат во организација на невладината „Пријатели на Македонија“, пренесува МИА.

 

\Запрашан за негов коментар за оградата на грчко-македонската граница, комесарот Хан посочи дека тој „ги разбира реакциите за оградите“ и дека затоа бара заштита на надворешната граница на ЕУ и дека во тој случај „се работи за Европа“.

„Второ, не ја потценувајте внатрешната политичка криза која треба да се надмине во ПЈР Македонија. А, една од причините зошто ситуацијата во земјата е таква има влијание и тоа што Скопје има кандидатски статус од 2005 и истиот никогаш не беше трансфериран во преговорите. Познато е и прашањето за името и гледаме дека новата грчка Влада е поотворена да работи на можно решение и јас го поддржувам тоа. Стравот е ако има големи тензии меѓу земјите поради границата, што може да има влијание на многу неодамнешни работи за надминување на политичкиот застој што трае со години. Затоа, посебно за комесар за проширување, јас имам интерес ова да остане одржлива граница“, посочи Хан.

Хан додал дека земјите од западен Балкан се опкружени од веќе постојни ЕУ-членки и дека е јасно дека во одреден момент треба тие да се приклучат на семејството на Унијата. И покрај тоа што има мораториум на проширување на ЕУ до 2019 година, сепак, според австрискиот еврокомесар, и во програмата за проширување на Унијата овој процес останува.

Како пример за ова, Хан ја посочил Босна и Херцеговина, која вчера поднесе апликација за членство што не го очекувал никој ако се погледне на ситуацијата во земјата од пред една година. Нови поглавја од преговорите се отворени и со Црна Гора, а започнати се преговори и со Србија, додека има напредок и во преговорите со Турција.

„Бегалската криза, може да ги поддржи овие напори оти покажува дека земјите од западен Балкан на еден или друг начин се веќе членки на клубот. Ние сфаќаме дека во овој случај, решението е можно ако има блиска соработка меѓу членките на ЕУ и тие кои се уште не се. Географски, не-членките на Унијата се опкружени со членки и затоа мораме одблиску да соработуваме. Есента имавме Самит за западен Балкан во Брисел, а исход беше подобрување на логистиката оти досега овие земји служеа како транзитни земји, што создава проблеми, но во поглед на соработка тоа беше добар Самит“, рекол Хан.

Еврокомесарот порачал и дека ако се надмине бегалската криза, дека тој верува дека ќе мора сите да работат на подобро разбирање на различната културна позадина и искуство меѓу земјите-членки. Тој додаде дека моќта на Европа е различноста и дека затоа е потребно да се биде обединет и дека е потребно заедничко разбирање за да нема дискусија и коментари во медиумите. Хан на крајот заклучил дека „има разлика меѓу бегалци и мигранти“ и побара да се размислува за воведување на заедничка европска политика за азиланти, каква што имаат САД, Канада и Австралија./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет45 минути

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет1 час

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет12 часа

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион14 часа

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет15 часа

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа15 часа

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ16 часа

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија20 часа

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ21 час

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија21 час

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија23 часа

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија23 часа

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија1 ден

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет1 ден

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија1 ден

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион1 ден

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет1 ден

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија1 ден

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија2 дена

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...