Свет
Пронајдени две нови гробници во Сахара

Две гробници стари 2.500 години, меѓу кои е и најголемата пронајдена во големата фараонска некропола јужно од Каиро, откриле египетските археолози во Сахара.
Две гробници стари 2.500 години, меѓу кои е и најголемата пронајдена во големата фараонска некропола јужно од Каиро, откриле египетските археолози во Сахара. Ова во понеделник го соопшти Советот за египетска културна оставнина. Двете гробници што потекнуваат од XXVI династијата, се пронајдени во Рас ел-Гуесра, на влезот во некрополата и исклесани се во камен. Првата гробница „по површина е најголема откриена во Сахара“. Станува збор за голема сала што се разгранува на повеќе премини и соби, каде што се пронајдени повеќе костури, препарирани орли и парчиња глинени садови. Втората помала гробница содржи садови од теракота. „Откритието покажува дека Сахара уште крие тајни“, изјави Захи Хавас, директор на Советот за египетска културна оставнина. /крај/хи/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мерц обвинет за загрозување на безбедноста на Германија

Копретседателката на партијата Алтернатива за Германија (AfD), Алис Вајдел, жестоко ја критикуваше политиката на германскиот канцелар Фридрих Мерц, велејќи дека тој претставува „безбедносна закана за земјата“.
„Овој канцелар е безбедносна закана за нашата земја!“, напиша Вајдел на социјалните мрежи.
Таа оцени дека постапките на германскиот канцелар директно се во спротивност со напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина.
Претходно Мерц ги повика европските земји активно да дејствуваат за да го ослабат економскиот потенцијал на Русија, нагласувајќи дека Западот мора да ја спречи Москва да ја финансира својата одбранбена индустрија. Според него, за ова е неопходно заедничко дејствување на европските сојузници.
AfD, сепак, смета дека ваквите чекори ја водат Германија кон дополнителни безбедносни ризици и економска нестабилност, додека Вајдел инсистира дека земјата мора да се сврти кон заштита на сопствените интереси.
Фото: принтскрин
Европа
Што навистина мислеше кралицата за Брегзит: „Подобро е да се држиш до ѓаволот кој го познаваш“

Покојната кралица Елизабета II имаше мислења за различни теми, но таа обично не ги изразуваше јавно, оставајќи простор за шпекулации. Во својата нова книга „Power and the Palace“, поранешен новинар на „Тајмс“, Валентин Лоу, ја открива приватната страна на кралицата и нејзините ставови, разговарајќи со дворјани, политичари и државни службеници.
Кралицата ги сподели своите ставови во една прилика, само за да ги види на насловната страница на „Сан“ неколку години подоцна. За време на кампањата за референдум за тоа дали Велика Британија треба да ја напушти Европската унија, весникот објави сторија со наслов „Кралицата го поддржува Брегзит“. Во статијата се вели дека на ручек во Виндзор во 2011 година, кралицата му рекла на вицепремиерот Ник Клег дека мисли дека ЕУ оди во погрешна насока. Таа наводно рекла: „Не ја разбирам Европа“.
Дали кралицата навистина беше поддржувач на Брегзит? Иако Бакингемската палата не беше воодушевена од извештајот на „Сан“, не ја негираше приказната. За ова имаше добра причина: се сметаше дека официјалното негирање дека кралицата го поддржува Брегзит би имплицирало дека таа го поддржува останувањето во ЕУ. Кралицата, се разбира, не може да гласа бидејќи е над политиката.
Години по тој наслов, се појавија докази за тоа што навистина мислела кралицата за Брегзит. Еден министер кој разговарал со неа во пролетта 2016 година, три месеци пред референдумот, се сетил дека Елизабета II рекла: „Не треба да ја напуштиме ЕУ, подобро е да се држиш до ѓаволот кој го познаваш“.
Иако читала статии во весниците за бирократијата во Брисел и велела: „Ова е смешно“, таа сè уште ја гледала ЕУ како дел од поредокот што го одбележал периодот на соработка по двете светски војни.
Како што рече поранешниот премиер Дејвид Камерон:
„Таа беше толку внимателна никогаш да не изрази политички став, но секогаш се добиваше чувство дека, како и повеќето нејзини поданици, таа сметаше дека европската соработка е неопходна и важна, но дека институциите на ЕУ понекогаш можат да бидат фрустрирачки.“
Веста за ставовите на кралицата за Брегзит стигна до Камерон, кој мораше веднаш да одлучи дали да ја користи во кампањата за останување. Тој одлучи да не го стори тоа, иако таборот за излегување немаше такви скрупули. Но, сега е јасно: ако кралицата имаше право на глас, таа ќе гласаше за останување.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Децата врескаат, сцените се ужасни: нова вознемирувачка снимка од Лисабон

Во трагедијата што се случи во Лисабон, 15 лица загинаа, додека 18 беа повредени. Меѓу жртвите има и странци, а на социјалните мрежи се појави ново видео, кое беше создадено веднаш по несреќата.
O Elevador da Glória descarrilou e tombou esta quarta-feira, junto à Avenida da Liberdade, em Lisboa. Segundo os bombeiros sapadores, o acidente provocou “muitas vítimas”, incluindo feridos graves. pic.twitter.com/ADWpR5c8oe
— Mundo Vivo (@mundo__vivo) September 3, 2025
На видеото се слушаат вознемирени деца како врескаат, а можат да се забележат и раце на повредените како штрчат од згужваниот метал на жичницата, која е една од главните туристички атракции во тој португалски град.
O descarrilamento do Elevador da Glória, que ocorreu esta quarta-feira à tarde, em Lisboa, terá provocado mortos e dezenas de feridos.
As imagens apresentadas pelo 24Horas mostram a confusão que se instalou logo após o acidente, numa via que é de passagem obrigatória para… pic.twitter.com/ekIBLBsNIj
— 24Horas (@24horaspt) September 3, 2025
Луѓето што се нашле на лице место прво не знаеле што да прават од шок, а потоа масовно почнале да им помагаат на жртвите.
Се претпоставува дека трагедијата се случила поради пукање на подземен кабел, по што дошло до неконтролирано забрзување на жичницата.
Поради оваа трагедија, во Португалија е прогласен еден ден жалост, а во Лисабон три.
Фото: принтскрин