Контакт

Изложби

Голема изложба посветена на Шерлок Холмс во Лондон

Објавено пред

Најголемата досега изложба посветена на најпознатиот детектив на сите времиња и нации, Шерлок Холмс, ќе биде отворена во петок во Лондонскиот музеј (Museum of London).

dobivaj vesti na viber

Изложбата го истражува ликот на херојот кој е бескрајно прилагодлив, сочувувајќи ја неговата суштина. Тој е дедуктивец, форензичар, наркоман боем и архетипски Англичанец.„Секој наш посетител, кој ќе дојде на изложбата, ќе мине низ шкаф со книги. Така ќе навлезе во поинаков, напола измислен, напола реален простор“, рече на прес-конференцијата пред една од најочекуваните изложби годинава, еден од нејзините куратори, Алекс Вернер.

Влезот на изложбата е дизајниран како сталажа со стари книги. Минувајќи низ нив, посетителот влегува во просторија со екрани на кои се изменуваат кадри од различни филмови за Шерлок, меѓу другите и со Бенедикт Камбербач од веќе култната серија на британски BBC и со Роберт Дауни Џуниор од филмот на Гај Ричи.„За време на подготовката на изложбата проучувавме маса материјали, со интерес го гледавме и рускиот Шерлок Холмс со Василиј Ливанов и Виталиј Соломнин во главните ролји. Ни беше интересно како е претставена во филовите викторијанска Англија. Сепак, ќе бидат прикажани само кадрите од филмовите од англиското јазично подрачје, бидејќи ќе треба да се прикажат и руските и француските, и сите други, а ги има многу“, рече кураторот Пат Харди.

 

Потсетувајќи се на филмовите за Шерлок, посетители можат да се запознаат со пропагандните плакати и постерите од некои од нив. За филмовите говорат и коментарите, па така филмот на Гај Ричи е со најголемата заработувачка на киноблагајните од сите филмови за Шерлок, заработувајќи милијарда фунти, а „Приватниот живот на Шерлок Холмс“, е еден од најекстравагантните, имено во него се зборува за сексуалните авантури на детективот и за подморницата преправени како чудвоиштето до Лох Нес. Одминувајќи ги плакатите, посетителите наидуваат на голем екран, на кои се менуваат видео кадри од Лондон од времето на креаторот на ликот на славниот детектив, сер Конан Артур Дојл.Веќе следната сала раскажува за создателот на Шерлок и за луѓето, без коишто мајсторот на дедуктивната метода, никогаш нема ќе да се појави на виделината на светот. На ова место се собрани неколку уникатни експонати, како ракописот на „Празната куќа“ на Конан Дојл , сторијата во којашто Шерлок „воскреснува“ по судбоносната средба со Мориати на Рајхенбахшкиот водопа. Тоа е периодот кога Конан Дојл, кој починал во 1930 година се обидува „да го убие’ Шерлок во романот издаден 1893 година. Исто така, може да се види и автограмот на првата страница на славното дело на Едгар Алан По „Убиството на улицата Морг“, чиј херој Огис Дупен е еден од литерарните прототипови на Шерлок Холмс, иако Холмс подоцна покажува ниско мислење за Дупен.На истиот простор можат да се видат и фотографии од другиот прототип, еден од учителите на Конан Дојл, докторот Џозеф Бел, дневниците на писателот со првите редови за Шерлок Холмс од „Етида во светлоцрвено“, познатите илустрации на Сидни Пејџет и произлезениот од неговиот кист портрет на Артур Конан Дојл, со години чуван во семејството на авторот кој првпат ќе биде ставен на увид на јавноста.Еден од највозбудливите моменти за посетителите може да биде средбата со пожолтениот нотес кој го забележал мигот кога Холмс бил создаден. Во него се белешките за детективска приказна на Конан Дојл. Авторот го прецртал својот оригинален наслов „Заплеткано клопче“ и преку него напишал „Етида во светлоцрвено“, името на првата авантура на Шерлок Холмс објавена во 1887 година.Посетителите на Лондонскиот музеј ќе имаат можност и да го слушнат гласот на самиот писател во зачуваното до денешни дни интервју на Конан Дојл во коешто зборува за стотиците писма адресирани до неговиот херој.„Јас добивав писма адресирани нему, со молби за негов автограм. Добивав писма и за неговиот приглуп пријател Вотсон, па дури и писма од жени кои мечтаат да станата собарки на Шерлок“, низ смеење вели писателот.Одделна сала е посветена на Лондон од викторијанската епоха, реалниот и имагинарниот, полумитскиот. „Конан Долј при пишувањето на сториите користел мапи на Лондон, возможно, со водичот на Кралската пошта, Во сите тие извори можно е да се забележат, а на мапите се видливи маршрутите на движењата на Холмс и Вотсон за време на истрагата“, појаснува Харди.Историчарот Дејвид Канадин вели дека Конан Дојл не минувал многу време во Лондон, па затоа кога тој во почетокот ги пишувал сториите користел мапа со улиците на градот Фотографии и слики, коишто го овековечуваат Лондон преку ден и во магла, ноќе и на зајдисонце, ќе му помогнат на посетителот да се нурне во морничавата атмосфера на градот на Шерлок Холмс и Џек Мевосек.А во последната сала, се прикажуваат предмети кои или се поврзани со Холмс, како цевка, виолина, опрема за хемиски опити, или ја илустрираат неговата дедуктивна метода, како , како чизми, шапки, чаши очила, кои овозможуваат да се осознае идентитетот и физичките карактеристика на нивните сопственици или, пак, ја опишуваат ера во којашто живеел Конан Дојл и неговиот херој, како машини за пишување, облека или личен прибор. Еден од главните експонати во оваа сала е палтото од твид што го носеше Бенедикт Камбермбач. Во чест на отворањето на изложбата на фасадата на Лондонскиот музеј се појави розови танцувачки силуети.  Користејќи го текстот од расказот на Кона Дојл, зад фигурите може да се разбере фразата цитат „Дојди неодложно“.Изложбата под наслов „Шерлом Холмс: човекот кој никогаш не живееше и никогаш нема да умре“ може да се посети до 12-ти април 2015 година./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Стигнавме ли веќе? Младите фотографи ги бараат патоказите кон Европа

Објавено пред

Фото: Арбнора Мемети

Фото изложбата „Стигнавме ли веќе: Кои се патоказите кон ЕУ?“,  ќе биде отворена в четврток, 6.11.2025 година, во 19 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.

dobivaj vesti na viber

Триесет млади фотографи (18-30 години) од целиот Западен Балкан се собрани на оваа изложба, која покажува како нивната генерација ја гледа идејата за Европа денес, поставува прашања и се поврзува со неа.

Создадена преку истоимениот регионален проект, инициран од амбасадите на Кралството Холандија во Западен Балкан, оваа изложба директно се осврнува на дезинформациите поврзани со процесот на интеграција во ЕУ. Додека Западниот Балкан се насочува кон членство во ЕУ, младите луѓе во регионот се соочуваат со спротивни наративи, дезинформации и стереотипи кои често ја замаглуваат вистинската реалност кон пристапувањето во ЕУ. Преку автентично визуелно раскажување приказни, овие триесет фотографи се спротиставуваат на лажните наративи и презентираат вистински гледишта за тоа што значи европската интеграција за нивните заедници, нивниот секојдневен живот и нивната иднина. Изложбата содржи визуелни приказни кои ја одразуваат различноста, креативноста и критичката свест на новата генерација.

Фото: Иво Велчевски

Учесниците на изложбата беа избрани од стручно жири врз основа на јавен повик – по пет фотографи од секоја земја. Овие триесет избрани фотографи учествуваа на онлајн мастер работилница со холандската фотографка Илви Њиокиктјен, а на оваа изложба го претставуваме резултатот од нивната работа.

Македонија на изложбата ја претставуваат авторите: Арбнора Мемети, Ана Ѓорѓиевска, Иво Велчевски, Каја Тасевска и Филип Лафазановски.

Од секоја од шесте земји учеснички ќе биде избран по еден победник кој во мај следната година ќе има привилегија да престојува во Амстердам во текот на неделата на објавување на победниците на најголемиот светски натпревар за новинска фотографија World Press Photo.

Изложбата ќе биде претставена во сите шест земји учеснички. Отворањето во Скопје е во четврток, 6 ноември, кога ќе биде објавен победникот од Македонија што ќе патува во Амстердам на World Press Photo.

Проектот е организиран од Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со Македонски центар за фотографија.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро

Објавено пред

Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.

dobivaj vesti na viber

Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.

Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.

Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.

Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Фрагментирана интроспекција“ – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Објавено пред

На 23 мај 2024 од 19:30 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 1 јуни.

„Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето Јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 30 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година , Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година , нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година. и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски,

Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Изненадување во Киев, Зеленски се согласи да преговара за планот на САД

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес му рече на секретарот на американската армија, Ден Дрискол, дека е подготвен да соработува...

Македонија4 часа

Го предупредувале газдата за инспекции, а неговиот син давал поткуп за тоа – инспектори и даночни контролори нови осомничени за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”....

Топ6 часа

Пациент почина, две лекарки повредени по нагло сопирање на медицинско возило за да избегне судир во центарот на Скопје

Вчера околу пладне во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“...

Економија8 часа

Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади

Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен...

Македонија8 часа

(Видео) Да ги пронајдеме мешетарите што го рушат имиџот на здравството: Мицкоски со најава за сериозни реформи

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу повеќе од ова...

Економија11 часа

Нема промени во делот на наплатата на ДДВ при приемот на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ, извести Минстерството за финасии

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој...

Македонија11 часа

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски...

Европа12 часа

Полска го крена нивото на тревога; Министерот за надворешни: Ова не е саботажа, туку тероризам

Полска сè повеќе станува цел на напади. По саботажата на стратешки важна железничка рута, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски...

Македонија12 часа

(Видео) „Јорданов се пишмани – Општина Штип ќе го продаде ‘Дино паркот’ од 800.000 евра на приватен бизнисмен“, велат од партијата Левица

„Штипскиот Дино парк да падне во рацете на приватен бизнисмен преку јавно – приватно партнерство, односно да се издава под...

Свет13 часа

Сопругот на убиената Србинка во САД призна дека го распарчил нејзиното тело

Брајан Волш, маж од Масачусетс на судењето за убиството на неговата сопруга Ана, родена во Србија, во 2023 година, оваа...

Свет13 часа

(Видео) Читач од усни открива што рекол Илон Маск за саудискиот принц на гала-вечерата: Трамп ќе полуди

Илон Маск, кој драматично ги влоши односите со Доналд Трамп пред шест месеци, сега се чини дека е повторно во...

Свет14 часа

Мамдани оди кај Трамп во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, во Белата куќа овој...

Свет14 часа

Песков: Разговор меѓу Путин и Трамп може да се организира во секое време

Телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп може да се организира во секое време,...

Свет15 часа

(Видео) Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе по ерупцијата на вулканот Семеру

Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе и им помогнаа на 170 алпинисти кои беа заглавени по ерупцијата на вулканот...

Свет15 часа

Трамп потпиша закон со кој се овластува отворање на досиејата на Џефри Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека потпишал закон со кој се овластува објавување на досиејата на Џефри Епштајн. Материјалите...

Свет15 часа

(Видео) Израелски војници се истепаа во база, снимката стана вирална

Тепачка избувна меѓу израелски војници во воена база во северен Израел, објавија локалните медиуми. Видео што кружи на интернет ги...

Македонија1 ден

(Видео) „Ги чекаме децата да се појават и да кажат ‘Каде си ма мајче?’“ – мајките на загинатите во „Пулс“ дојдоа на судењето, лути се на бранителите на обвинетите

Со гнев, тага и болка почна судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, каде животите ги загубија 63 млади луѓе....

Македонија1 ден

Пропустите кај овој човек се шокантни, со докази ќе покажеме што сѐ бил спремен да направи за профит, рече обвинителот за сопственикот на дискотеката

По повеќе од четири часа евиденција на сите присутни, попладнево почна судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со 63...

Македонија1 ден

(Фото) Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња

Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња кај бањата „Стрновац“ во општина Старо Нагоричане. „На 19.11.2025 година,...

Македонија1 ден

(Видео) Со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите за пожарот во „Пулс“ ќе се ситат и ќе земаат крвави пари, прашува таткото на загинатиот Андреј Стојанов

„Јас сум родител на едно од трагично убиените деца“, изјави таткото на Андреј Стојанов, едно од загинатите момчиња во пожарот...