Спорт
Натпреварот МЗТ-Работнички според полицијата поминал мирно

Кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на МЗТ и Работнички, според полицискиот билтен поминал мирно, без инциденти. По натпреварот приведени се двајца дваесет и двегодишни навивачи од навивачката група на МЗТ, „Фемили“ заради омаловажување на полицајци.
За време на натпреварот, на којшто имаше силно полициско обезбедување немало инциденти.
Пред натпреварот дел од медиумите јавија дека едно лице било повредено со нож во инцидент кој настанал меѓу навивачи на Работнички и група Албанци во скопската населба Ѓорче Петров во автобус со број два. Но, во полиција засега нема пријавено ваков случај.
Ваков сличен инцидент е регистриран во полицискиот билтен, но во него има само едно повредено лице во автобус со број 2. Според полициските информации, вчера во 13:40 часот на улица „Ѓорче Петров“ на автобуска постојка, непознати лица со фрлање камења и други предмети извршиле оштетување на автобус на ЈСП кој сообраќал на линија број два.
Оштетувањето било извршено додека автобусот стоел на постојката, при што се скршени осум стакла, како и стаклата од вратите.Повреден бил еден патник од скопското село Долна Арнакија, кој бил примен во воената болница со полесни телесни повреди.
Полицијата трага по сторителите. Инаку вечното дерби на македонската кошарка, 104-то по ред, им припадна на кошаркарите на Работнички. Во рамките на 15-то првенствено коло, Работнички како гостин го совлада МЗТ со 71:67./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спенсер Динвиди во Олимпијакос

Американскиот кошаркар Спенсер Динвиди е нов играч на грчки Олимпијакос, ексклузивно објавува „Телеспорт“.
Искусниот кошаркар, кој целата своја кариера ја помина во НБА каде што имаше забележителен настапи, одлучи да се пресели во Европа, откако не доби договор за сезоната во НБА лигата.
Одличниот шутер беше поврзуван со бројни европски тимови, вклучувајќи ги српските клубови Црвена звезда и Партизан, се шпекулираше дека Ефес е најблиску до неговиот потпис, но 32-годишниот Динвиди се одлучи за Грција и Олимпијакос.
Во НБА, Динвиди играше за Детроит, Бруклин, Вашингтон, Далас и Лејкерси, а своите најдобри натпревари ги одигра во дресот на Нетси, особено истакнувајќи се во сезоната 2019-20, кога во просек постигнуваше над 20 поени по натпревар.
Динвиди играше за Далас минатата сезона и во просек постигнуваше 11 поени.
Спорт
(Видео) Атлетик го победи Карабаг, Галатасарај сигурен против Бодо/Глимт

Фудбалерите на Атлетик Билбао и Галтасарај забележаа победи во првите натпревари од денешната програма во Лигата на шампионите. Атлетик ја запиша првата победа сезонава откако го совлада Карабаг со 3:1, додека Галатасарај славеше над Бодо/Глимт исто така со 3.1.
Атлетик на „Сан Мамес“ во Билбао, по пресврт успеа да слави во дуелот со најпријатното изненадување во Лш, Карабаг.
Гостите првпат поведоа во првата минута од натпреварот, кога Андраде постигна гол за 1:0.
Атлетик константно напаѓаше, не искористија неговите играчи неколку добри шанси, се до 40-та минута кога Горка Гурузета изедначи.
Во 70-та минута, Наваро постигна гол за 2:1, а конечниот резултат го постави Гурузета со својот втор гол во 88-та минута.
Проблем за Билбао е повредата на капитенот Ињаки Вилијамс. Напаѓачот се повреди во првиот дел, веднаш го напушти теренот.
Галатасарај против Бодо/Глимт поведе во 3-та минута со голот на Виктор Осимен, а половина час подоцна истиот играч го зголеми резултатот на 2:0, со што заврши првото полувреме.
Тој резултат остана активен до 60-та минута, кога Јунус Акгун го постигна третиот гол за домашните.
Почесниот гол за норвешкиот шампион го постави Андреас Хелмерсен во 76-та минута.
Спорт
Ла Лига му ја потврди суспензијата на Ханси Флик

Барселона, в недела во Мадрид, во најголемото дерби на панскиот фудбал ќе биде без тренерот Ханси Флик.
Германецот доби црвен картон, во неделата, во драматичната победа над Џирона (2:1). Клубот веднаш поднесе жалба со образложение дека тренерот бил престрого исклучен.
Сепак, Ла Лига ја одби жалбата и потврди дека Ханси Флик нема да множе да биде со својот тим на теренот.
Каталонски извори пишуваат дека Барселона ќе се обиде да поднесе уште една жалба, бидејќи клубот сè уште смета дека Германецот бил исклучен премногу строго, но малкумина веруваат дека Ла Лига ќе ја промени својата одлука.
Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е закажан за недела во 16.15 часот.