Свет
Нова напад на колициските сили врз Триполи
Колаициските сили во саботата наутро извршија уште едн асерија напади врз цели во близината Триполи, како и врз градот Злитен источно од либиската престолнина и регионот Ел-Ватија на запад од земјата, соопшти либиската стателиткса телевизија „Ал-Џамахирија“
Во предградието на Триполи цел на коалициските напади била областа Тажура. Локалните жители слушнале експлозии во близина на воените инсталации, кои во Тажура се во близина на насаелени места а последните денови се цел на бомбардирањето на воздушните сили на западната коалиција.Воздушни напади биле извршени и врз градот Злитен 50 километри западно од градот Мисрата којшто е контролиран од бунтовниците и областа Ел-Ватија во која е сместена голема воена база на силите лојални на либискиот водач Моамер ел-Гадафи. Либија веќе неколку дена е изложена на жестоки ракетни и воздушен напад од страна на силите на западната коалиција, во која се вклучени Велика Британија, Франција, САД, Канада, Белгија, Италија, Шпанија и Данска. Западни политичари велат дека на таков начин ќе ги заштитат либиските цивили од самоволието на припадниците на безбедносните сили и војниците лојални на Гадафи. Официјален Триполи соопшти за десетици цивилни жртви, особено во главниот град, во неколкудневните бомбардирања врз населбата Тажура. Покрај тоа, значителна штета била предизвикана и на воена инфраструктура. Либискиот бунтовници го искористија ситуацијата, дејствувајќи главно во источниот дел, што се интензивираа борбата да ја преземат контролата на нови градови. И војската лојална на Гадафи продолжува со нејзините напади врз востаничките позиции. Вчера либискиот режим изрази подготвеност да го прифати планот на Африканската унија кој нуди прекин на судирите и отворање на дијалог меѓу Либијците како претходници на демократската транзиција. Како што се ближи самитот предвиден за во вторник во Лондон, францускиот претседател, Николас Саркози, најави француско-британска иницијатива за политичко решавање на судирот, за да покаже дека решението би можело да биде само воено. Во текот на последните часови, ловците-бомбардери на коалицијата воделе напади на Аџдабија, каде се наоѓаат војниците на страната на Гадафи. Искористувајќи ја поддршката, бунтовниците презедоа офанзива и продреа во тоа стратешко место, 160 километри јужно од Бенгази, упориштето на бунтовниците. Приврзаниците на Гадафи во петокот продолжија да го бомбардираат Мисрат, 200 километри источно од Триполи, рече сведок и истакна дека се убиени една мајка и нејзините четири деца. Во четвртокот лекар од болницата во Мисрта утврди дека има 109 мртви и 1.300 ранети за една недела. САД соопшти дека исптрелал 16 крстосувачки ракето “томахавк“ врз либиските вели во текот на последните 24 часа. Коалициските авиони извеле 153 полетувања, од кои 67 американски и 86 на земјите членки на коалицијата. Полковникот Гадафи, кој e на власт е скоро 42 години, од 15 февруари се соочува со бунт во кој загинаа повеќе стотици лица, а 300. илјади беа принудени да избегаат. Во петокот полковникот Гадафи соопшти дека ги унапредува сите припадници на своите вооружени сили, поради нивните херојски борби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: Европејците избраа војна, Унгарија мора да каже „не“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека војната претставува голем ризик за Унгарија, бидејќи, како што рече, „за разлика од САД, Европејците одлучија да ја поддржат војната и ќе ѝ обезбедат на Украина сè што ѝ е потребно за водење војна“.
– Порано или подоцна ќе испратат војници. Постојат писмени договори меѓу Франција и Велика Британија. Кога трупите ќе бидат испратени во Украина, војници ќе заминат и од Унгарија, особено ако земјата има влада која не може да каже ‘не’ во Брисел“, изјави Орбан.
Тој оцени дека за избегнување на вклучување во војната е потребна „памет“, додавајќи дека лидерите мора да бидат паметни, лукави и искусни.
– Можам да ја задржам Унгарија надвор од војна, за разлика од Иштван Тиса или Миклош Хорти, рече Орбан, алудирајќи на поранешни унгарски државници од периодот пред Втората светска војна.
Орбан изјави дека се спротивставува на „бриселската илузија“ дека војната нема да ја чини Европа ништо, бидејќи, според таа логика, Русија ќе плати репарации и ќе биде „плен“.
– Ако Унгарија влезе во војна, тоа би нè чинело нас, нашите деца и внуци во следните 10 до 20 години, затоа мораме да кажеме ‘не’, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарија не мора да зазема страна ниту со Украина, ниту со Русија.
– Јас стојам на страната на Унгарија. Имаме сопствени цели и национални интереси. Ќе купуваме гас и нафта од Русија и ќе тежнееме кон добрососедски односи со Украина по завршувањето на војната, изјави Орбан.
Според него, Унгарија не би можела да го задржи системот на ограничување на цените на комуналните услуги без евтина руска енергија, додавајќи дека прекинот на снабдувањето со руски гас и нафта би довел до повеќекратно зголемување на цените во споредба со соседните земји.
– Украина бара 800 милијарди евра за управување со државата во следните 10 години и уште 700 милијарди за воени цели. Таа сума би го финансирала унгарскиот пензиски систем 60 години и семејните субвенции 40 години, изјави Орбан.
Свет
Експлозии пријавени низ Иран
Неколку експлозии се пријавени нво Иран денеска, во услови на зголемени стравувања од војна во регионот, јави ДПА.
Во пристанишниот град Бандар Абас, на Персискиот Залив, едно лице загина, а 14 се повредени во експлозија, соопшти новинската агенција Тасним, која е блиска до Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Очевидци пријавиле и најмалку една експлозија во близина на главниот град Техеран. Иранските медиуми, повикувајќи се на официјален извор, наведоа дека се запалила трска во корито на река.
Во југозападниот дел на Иран, онлајн-порталот Нур њуз, повикувајќи се на шефот на противпожарната служба во градот Ахваз, објави дека експлозија на гас усмртила четири лица.
Тасним ги демантираше гласините дека експлозијата во Бандар Абас била обид за напад врз командантот на морнарицата на ИРГЦ, Алиреза Тангсири.
Државната новинска агенција ИРНА објави фотографија од делумно уништениот преден дел на повеќекатна станбена зграда. Државната телевизија соопшти дека експлозијата била предизвикана од истекување гас.
Наскоро треба да започне тридневна поморска воена вежба на ИРГЦ во Персискиот Залив, во која се очекува да учествуваат и Кина и Русија.
Маневрите се најавени во период кога американскиот претседател Доналд Трамп распореди флота, вклучително и носачи на авиони, во регионот.
Трамп во повеќе наврати ѝ се закануваше на власта во Техеран со интервенција, поради, како што наведе, бруталното задушување на протестите од страна на иранскиот безбедносен апарат.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

