Скопје
Почна проширувањето на улицата „Маџари“
Во четврток почнаа градежните работи за реконструкција и проширување на улицата „Маџари“, во општината Гази Баба, проект што ќе се реализира во две фази.
Во првата фаза улицата „Маџари“ ќе се реконструира на потегот од крстосницата со улицата „Јужноморавски бригади“ до улицата „Палмиро Тољати“ во должина од 666 метри.
„Со проширувањето, оваа тесна и нефункционална улица ќе добие четири сообраќајни ленти со ширина од по 3,25 метри (по две ленти во секоја насока) и нови тротоари покриени со бекатон-плочки. Од левата страна на улицата „Маџари“, гледано кон надвозникот, ќе се формира велосипедска патека со ширина од три метри и пешачка патека со ширина од 1,5 метар. Од десната страна на оваа улица ќе се формира пешачка патека со ширина од два2 метри. На новопроширената делница ќе се постави и ново улично осветлување. Градежните работи за проширување на улицата „Маџари“ на овој потег ќе се искористат за да се постави нова атмосферска канализација на потегот од раскрсницата на улицата „Јужноморавски бригади“ со улицата „Методија Андонов Ченто“ до надвозникот во Маџари, којашто ќе го реши долгогодишниот проблем со одведувањето на атмосферските води“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Премиерот Никола Груевски, рече дека улицата „Маџари“ е многу фреквентна улица на која се наоѓаат многу институции и дека со нејзиното проширување ќе се подобри сообраќајот во овој дел од градот.
На проектот за проширување и реконструкција на улицата „Маџари“, прва фаза, ќе работат екипите на градежната компанија „Бауер БГ“. Градот Скопје за овој обемен проект ќе вложи околу 52 милиона денари.
Додека траат градежните работи на улицата „Маџари“ ќе се воведе привремен сообраќаен режим. Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




