Македонија
Бахура: Ако вратите се затворени, влезете преку прозорец

Македонија да продолжи со реформите потребни за членство во Европската Унија и тие не треба да бидат во заложништво на спорот со името, вели полскиот амбасадор Карол Бахура во интервју за Радио Слободна Европа.
Македонија да продолжи со реформите потребни за членство во Европската Унија и тие не треба да бидат во заложништво на спорот со името, вели полскиот амбасадор Карол Бахура во интервју за Радио Слободна Европа.Вели дека надминувањето на спорот со името не е задача на меѓународната заедница, туку на Македонија и Грција под покровителство на Обединетите Нации.„Нашиот став е дека Полска ќе прифати било какво решение кое ќе се постигне под закрилата на Обединетите нации и би биле многу среќни ако се постигне решение што е можно побргу. Како и да е, за во меѓувреме, имаме една изрека во Полска – ако вратите се затворени влезете преку прозорец. Мислам дека некои работи не треба да бидат во заложништво на спорот со името. Постојат одредени реформи кои треба да се спроведат во земјава без оглед на тоа дали сакате да бидете земја членка на Европската унија и НАТО. Македонија е дел од европскиот континент. Од тука има и обврски за земјата, посебно во 21 век. Сметам дека реформите во областа на судството, јавната администрација, имплементацијата на законите и политичкиот дијалог треба да се продолжат и треба да се имплементираат“, вели Бахура за Радио Слободна Европа.Полска од 1-ви јули го презеде претседателството со Европската Унија. /крај/rfe/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)