Црна хроника
Тинејџер шверцувал марихуана во специјален бункер во автомобил

Тинејџер од Скопје се обидел да прошверцува осум килограми марихуана којашто планирал да ја продаде во Турција.
Полицијата и цариниците ја откриле марихуаната пред два дена на граничниот премин „Богородица“ во автомобил „хјундаи санта фе“.Откриле специјално направен бункер во долниот дел на подвозјето кај праговите на возилото во кој се пронајдени 10 полиетиленски пакувања обвиткани со кафенa селотејп трака исполнети со непозната растителна материја зелена боја. Во текот на месецов деветнаесетгодишниот скопјанец од непознато лице набавил марихуана со цел да ја продаде во Турција.Одземената растителна материја по наредба на Јавен Обвинител е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ, заради понатамошно вештачење со цел утврдување на видот и количината, при што со вештачење е утврдено дека се работи за 8 кг и 239 грама марихуана.До ОЈО Велес е поднесена кривична пријава против М.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на РМ, за што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци

Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се на терен и интервенираат на лице место.
Се работи за автомобил форд фокус.
Црна хроника
Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени.
Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки регистарски таблички, управувано од С.В.(33) од Скопје.
Во судирот на самото место починал сопатникот од товарното возило, А.А.(38) од Скопје, чија смрт била констатирана од лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а причините за несреќата се утврдуваат.
Црна хроника
Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати

Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.