Свет
Лавров: Терористите имале помош од странство
По терористичкиот напад во московското метро, во кој загинаа 39 лица, руските органи трагаат по тројца помагачи, две жени и момче кои се снимени со камери за видео надзор на местото на трагедијата, во метро станиците Лубјанка и Парк на културата.
По терористичкиот напад во московското метро, во кој загинаа 39 лица, руските органи трагаат по тројца помагачи, две жени и момче кои се снимени со камери за видео надзор на местото на трагедијата, во метро станиците Лубјанка и Парк на културата.
Во опција се повеќе верзии за позадината и организаторите на нападот, а главна е дека станува збор за одмазда на екстремистите од Северен Кавказ. Сергеј Лавров, шеф на руската дипломатија, изнесе претпоставка дека нападите се организирани со поддршка од странство.
Лавров смета дека напаѓачите и припаѓаат на терористичката група која делува на границата на Авганистан и Пакистан. Според него, таму постои ничија земја на која се вкоренило терористичкото подземје и таму се смислуваат многу терористички напади, не само во Авганистан и околните земји туку и во државите од централна Азија, а понекогаш патиштата водат кон Кавказ.
„Посебно внимание заслужуваат изворите на финансирање на тероризмот, како и трговијата со наркотици“ вели Министерот.Рускиот претседател Дмитриј Медведев се заложи за заострување на антитерористичките закони.
Според тврдењата на руските медиуми, кои се повикуваат на извори на службите за безбедност, жените терористи можеби ги подготвувал познатиот идеолог на терористите Саид Бурјатски, кој е убиен во специјална операција на почетокот на март.Весникот „Комерсант“ наведува дека Бурјатски собрал во Чеченија и Ингушетија околу 30 терористи, кои започнале подготовка во една медреса во Турција.
Со обуката на Кавказ се занимавал и самиот Тихомиров. Девет членови од таа група веќе извеле самобиствени бомбашки напади.
Извори блиски на службите за безбедност, истакнуваат дека ако најновите експлозии во московското метро се одмазда за ликвидацијата на лидери на терористите како што е Бурјатски, тогаш тоа би било еднократна акција. Ако пак терористичките напади се од редовите на оние кои ги подготвувал Тихомиров, тогаш ова е само почеток на терористичка војна.
Лидерот на терористите, Доку Умаров одамна вети дека ќе ја прошири војната низ цела Русија.
Весникот „Московски ком-сомојлец“ изнесува друга верзија, дека одговорноста ја сносува прочуениот терорист Павле Косолапов бидејќи експлозијата во Москва личела на бомбата која одекна на 6 февруари 2004 година во вагон во московско метро меѓу станиците Павлејецкава и Автозаводскаја, кога загинаа 41 лице.
Овој напад тогаш го организираше Косолапов.
Него му се препишува и подметнувањето на бомба во возот Невски експрес во 2009 година. По терористичкиот напад, на блоговите и медиумите имаше гласини за ксенофобични напади на лица со кавкаска физиономија. Властите го демантираат тоа. /крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп ја тужеше сопствената администрација: бара 10 милијарди долари
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги тужеше Министерството за финансии на САД и УЈП за 10 милијарди долари поради објавувањето на неговите даночни пријави во медиумите во текот на 2019 и 2020 година.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Мајами од Доналд Трамп, неговите возрасни синови Доналд Трамп помладиот и Ерик Трамп, како и компанијата што го носи неговото име, се наведува дека агенциите не презеле „задолжителни мерки на претпазливост“ за да го спречат поранешниот вработен во Даночната администрација, Чарлс Литлџон, да ги предаде своите даночни пријави на „левичарските медиуми“, вклучувајќи го и Њујорк Тајмс, објавува денес Гардијан.
Тужителите изјавија дека претрпеле „значајна и непоправлива штета“ на нивниот углед и финансиски интереси и дека можат да бараат казнена отштета бидејќи истекувањето на информации било намерно или резултат на груба небрежност.
Овој случај го става Доналд Трамп во необична позиција да тужи владини агенции кои се дел од извршната власт, која тој ја раководи, пишуваат медиумите.
Во тужбата поднесена вчера, Трамп наведува дека „Њујорк тајмс“ објавил најмалку осум статии врз основа на информации што им ги дал Литлџон.
Се додава дека протекувањето на информации „предизвикало штета на угледот и финансиите, јавен срам, неправедно го нарушило нивниот деловен углед, ги претставило во лажна светлина и негативно влијаело врз претседателот Трамп и јавниот углед“ на другите тужители, пренесува Танјуг.
Свет
Русите ја погодија фабриката на „Филип Морис“ во Харков со ракета
Дел од фабриката „Филип Морис“ во Харков беше оштетен во синоќешниот руски ракетен напад, објави украинската филијала на компанијата, пренесува „Украинска правда“.
Службите за итни случаи се на местото на настанот, а гаснењето на пожарот е во тек. Според првичните извештаи, нема жртви во нападот.
Компанијата изјави дека фабриката во Харков не работи од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година. Во 2024 година, „Филип Морис“ отвори нова фабрика во регионот Лавов, каде што беа преместени 250 вработени од фабриката во Харков.
Доцна синоќа Русите ја нападнаа Украина со балистичка ракета „Искандер-М“ и 111 борбени беспилотни летала од типот „Шахед“, „Гербера“, „Италмас“ и други. Соборени се 80 беспилотни летала, но регистрирани се и погодоци.
фото/илустрација
Свет
Орбан: ЕУ сака да ја прими Украина до 2027 година за да ѝ дадат пари од новиот буџет
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, тврди дека ЕУ планира да ја прифати Украина до 2027 година за да може да има пристап до следниот седумгодишен буџет на Унијата, додека во исто време украинскиот претседател Володимир Зеленски се држи до целта за приклучување кон ЕУ до таа година, а Будимпешта е против тоа.
Во снимките објавени од унгарскиот меѓународен портпарол Золтан Ковач, Орбан тврди дека на лидерите на последниот самит на ЕУ им бил даден документ во кој е наведен планот на Брисел за прием на Украина во 2027 година.
„Тие сакаат да ја примат Украина во 2027 година затоа што сакаат да ѝ дадат пари од буџетот, од седумгодишниот европски буџет почнувајќи од 2028 година, што значи дека овие пари ќе бидат земени од нас, земјите од Централна Европа“, рече Орбан.
„Значи, постои временско ограничување за внесување на Украина во ЕУ пред почетокот на следниот седумгодишен буџет“, додаде тој.
Орбан го повтори своето противење на членството на Украина во ЕУ, тврдејќи дека Украина „не може да ја заштити Европа од Русија“ и дека тоа не ја зајакнува Европа, туку, како што вели тој, „ја влече во војна“.
фото/Depositphotos

