Спорт
Бартоли ја елиминира Серена
Марион Баротоли од Франција го приреди најголемото изненадување во досегашниот тек на тенискиот грен слем кој се игра во Вимблдон.
Марион Баротоли од Франција го приреди најголемото изненадување во досегашниот тек на тенискиот грен слем кој се игра во Вимблдон. Француската тенисерка, која е поставена за деветта носителка, ја елиминира бранителката на титулата и четирикратна првенка на Вимблдон, Серена Вилијамс. За да ја испрати меѓу гледачите Серена Вилијамс, на Бартоли и требаа речиси два часа игра, Французинката победи со 6:3, 7:6. Марион Бартоли во четвртфиналето за противничка ќе ја има Сабине Лисицки од Германија која претходно ја елиминира Петра Цетковска со 6:1 и 7:6. крај/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вдечерва ќе го добиеме првиот финалист во Лигата на шампионите
Вечерва ќе биде познат првиот финалист во Лигата на шампионите. Полуфиналниот реванш ќе го одиграат ПСЖ и Борусија Дортмунд. Германскиот тим реваншот во Париз ќе го започне со предност 1:0.
Вечерашниот натпревар ќе биде четврти за ПСЖ и Борусија оваа сезона. Двата тима беа ривали и во фазата по групи, во Дортмунд немаше победник, а во Париз „светците“ славеа со 2:0. Победа со ваков резултат вечерва би го лансирала ПСЖ во финалето.
„Наша цел е пласман во финалето, а за да стигнеме до него ќе мора да бидеме подобри од извонредниот Дортмунд. Секогаш има простор за напредок и мора да работиме на тоа. За три секунди може да се постигнат два гола, но во исто време и да се примат. Одиме на победа“, рече тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.
ПСЖ во одбраната ќе го нема Лукс Ернандез, кој се повреди во Дортмунд. За него оваа сезона е завршена, а веројатно ќе го порпушти и Европското првенство.
Од друга страна треерот на Борусија ги има сите фудбалери на располагање.
„Треба да се заслужи пласманот во финалето. Ни треба нерешено, но сакаме да победиме. Имаме мала предност и одлична можност. Ќе мораме да дадеме се од себе, да имаме добар план и добра идеја. Очекувам дека ПСЖ ќе биде подобар отколку на првиот натпревар, но ние сакаме место во финалето“, изјави тренерот на Дортмунд, Един Терзиќ.
Натпреварот на „Паркот на принцовите“ ќе започне во 21 часот, судија ќе биде Даниеле Орсато од Италија. Ќе му помагаат Чиро Карбоне и Алесандро Џалатини, додека четврти судија е Давиде Маса.
Во ВАР собата ќе биде Масимилијано Ирати, а помошник е Паоло Валери.
Спорт
(Видео) Доминација на Џејлен Брансон – НБА вакво нешто не видела од ерата на Мајкл Џордан
Њујорк Никс, во драматичен натпревар славеа над Индијана Пејсерс со 121:117, во првиот полуфинален меч во Источната конференција. Џејлен Брансон одигра уште еден феноменален натпревар и повторно беше најзаслужен за победата на тимот на Том Тибодо.
Она што оваа пролет го демонстрира на теренот, Џејлен Брансон, во НБА лигата последен пат се случило во ерата на Мајкл Џордан.
Со четвртиот последователен натпревар со 40 или повеќе поени (поточно 43, од кои 21 во последната четвртина), леворакиот мајстор на кошарката ги доведе Њујорк Никс до пресврт во финишот од првиот натпревар.
Брансон со тоа стана четвртиот кошаркар во историјата со четири последователни натпревари од 40+ во плеј-офот. Друштвото во кое влезе Брансон е исклучително: Џери Вест со шест по ред, потоа Бернард Кинг, а последен е Мајкл Џордан во финалната серија со Феникс Санс во 1993 година.
„Малите работе секогаш решаваат. Да, кул е да се постигнат 40 поени и сето тоа, но малите нешта ни помагаат да победиме во натпревари како овој. Среќен сум што ја имам оваа група момци околу мене“, рече Брансон, кој претходно, на сличен начин, ги испрати Филаделфија Севентисиксерс на летен одмор шест натпревари во првото коло.
Спорт
Ова е најлошиот Манчестер јунајтед во историјата на Премиер лигата
Актуелната генерација фудбалери на Мачестер јунајтед продолжи да го Манчестер јунајтед продолжи да го уништува имиџот на клубот. „Црвените ѓаволи“, во понеделникот вечерта беа декласирани во Лондон од Кристал Палас со 4:0.
Манчестер јунајтед се наоѓа на осмото место на табелата со 54 бодови. Како што стојат работите тимот наредната сезна нема да игра во европските купови.
Јунајтед сезонава руши негативни рекорди.
Кога станува збор за одбраната, Јунајтед оваа сезона прими дури 81 гол, што е најмногу од сезоната 1976/77.
Исто така, за прв пат откако елитниот ранг на англискиот фудбале го носи името Премиер лига (1992), Јунајтед забележа 13 порази во една сезона.
„Црвените ѓаволи“, сепак има шанса барем малку да го подобрат впечатокот во финалето на ФА Купот каде ривал на 25 мај ќе им биде Манчестер сити.
Што се однесува до шампионатот, тимот на Тен Хаг има уште три натпревари против Арсенал, Њукасл и Брајтон.
Да потсетиме, Јунајтед оваа сезона беше елиминиран во четвртото коло од Лига купот од Њукасл (3:0), а настрада и во Лигата на шампионите каде завршија на последното место во групата со Баерн, Копенхаген и Галатасарај.