Компании
Новите модели на Ауди освоија престижни награди ширум светот
Моделите на реномираниот бренд со четири прстени, „Audi“ продолжуваат да освојуваат престижни награди на речиси сите континенти тргнувајќи од Европа па сé до Азија, Америка и Австралија.
Новите, надоградени и усовршени возила кои се произведуваат во фабриката во Инголштат, Германија се закитија со признанија кои дополнително им ја зацврстија водечката позиција во премиум класата. Моделите кои триумфираат на светскиот пазар може да се најдат и во земјава во салонот на импортерот „Порше Македонија“. Audi A3 во Кина ја доби наградата J.D.Power Award 2015 која се доделува врз основа на опсежни анкети направени помеѓу потрошувачите кои го оценуваат квалитетот на новите автомобили во земјата. Возилото го освои првото место во исклучително тешката категорија на луксузни компактни лимузини. Од друга страна, во Швајцарија омилен автомобил е Audi Q7 и беше прогласен за возило на годината. Признанието беше доделено врз основа на 68.000 гласови на потрошувачите. Новиот Audi Q7 е омилено возило и во Австралија каде доби две награди. Автомобилот првично се закити со пет ѕвезди во рамки на програмата за проценка на безбедноста на новите возила, а како продолжение беше прогласен и за најдобро луксузно спортско возило од страна на реномираниот онлајн магазин drive.com.au. Жирито одвои посебни комплименти за комплетно дигитализираната виртуелна кабина, новиот „тачпад“ и софистицираната изработка. Во Соединетите Американски Држави највисоките признанија за безбедност отидоа кај лимузините Audi A3, Audi A6 и Audi Q5. Наградите ги доделува Институтот за безбедност на автопатот и земајќи во предвид дека ги добија највисоките оценки, тие се и официјално најбезбедните возила во своите категории. Брендот со четирите прстени и во изминативе две години ги има добиено овие признанија за голем број на други модели. Воедно како продолжение на успесите во САД пристигна и платинестата награда од индустриската организација „Лига на американските комуникациски професионалци“ за техничката анимација на A3 e-tron. Во Нов Зеланд, Audi RS3 Sportback беше прогласен за најпопуларно возило во својата категорија на изборот за автомобил на година. Моделот го импресионираше жирито со својот дизајн, компактност и ефикасна конструкција. „Audi“ исто така доминира и на домашен терен, во Германија каде Audi eKurzinfo доби признание за иновација во категоријата „апликации“. Станува збор за награди кои ги доделува Германскиот совет за дизајн, непрофитна организација на Федералниот парламент на Германија. Моделите на „Audi“ со децении наназад ги поместуваат границите во автомобилскиот свет, стручниот тим посочува дека и понатаму ќе продолжи да се надминува себе си во инвентивноста. Потрошувачка на гориво на гореспоменатите модели:Audi А3 Spaceback:Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 7,1-3,5 Комбинирана емисија на CO2 во g/km: 164-92 Audi А6:Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 9,4-4,2 Комбинирана емисија на CO2 во g/km: 218-109 Audi S1:Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 7,3-7,0 Комбинирана емисија на CO2 во g/km: 168-162 Audi RS 3 Sportback:Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 8,3-8,1 Комбинирана емисија на CO2 во g/km: 194-189 Audi A3 e-tron:Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 1,7-1,5 Потрошувачката на електрична енергија во kWh /100 км: 12,4-11,4 ;Комбинирана емисија на CO2 во g/km: 39-35 Потрошувачка на гориво, емисија на CO2 и ефикасноста зависи од пневматиците / тркалата кои се користат. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

