Свет
Дел од хуманитарците протерани
Израелските власти задржаа 480 пропалестински активисти, кои по нападот врз хуманитарниот конвој со помош за Газа беа префрлени во Израел, а 48 веќе се протерани од државата
Израелските власти задржаа 480 пропалестински активисти, кои по нападот врз хуманитарниот конвој со помош за Газа беа префрлени во Израел, а 48 веќе се протерани од државата.
Израелските власти по испрашувањето ќе одлучат дали приведените ќе бидат депортирани или против нив ќе биде покрената правна постапка.
Засега не се знае што се случува со тројцата македонски државјани Јасмин Реџепи (28), Сами Емини (57) и Сеад Хасипи (50), кои беа дел од хуманитарниот конвој со помош за Газа, што вчера беше нападнат од израелски командоси.
Израел денеска, ден по нападот, соопшти дека и во иднина ќе спречи секаков обид бродови со помош да стасаат до појасот Газа. /крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Руското зло нема да ја скрши Украина или да го расипе Божиќ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди, како што рече, „нехуманиот“ напад со руски беспилотни летала на Божиќ.
„Секој масовен руски напад бара време за подготовка. Тоа никогаш не е спонтана одлука“, рече тој.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русија лансирала 78 проектили и 106 беспилотни летала, од кои 113 биле соборени. Сепак, Зеленски изјави дека „прекини во снабдувањето со електрична енергија се забележани во неколку региони“.
„Целта е нашата енергетска инфраструктура. Тие сè уште се обидуваат да постигнат целосен мрак во Украина“, додаде тој.
Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко на Фејсбук објави дека операторот на системот за пренос ги презел „неопходните мерки за ограничување на потрошувачката за да се минимизираат негативните последици за енергетскиот систем“.
Осврнувајќи се на унгарскиот премиер Виктор Орбан, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на платформата Х рече: „Овој божиќен терор е одговорот на Путин на оние кои зборуваа за илузорно „божиќно примирје“.
Во 2023 година, Украина го промени датумот на Божиќ од 7 јануари – датумот што го слави Руската православна црква – на 25 декември за да се дистанцира од руското религиозно и културно влијание.
„Руското зло нема да ја скрши Украина или да го расипе Божиќ“, заклучи Зеленски.
Свет
Папата Франциско со порака: Смртта и уништувањето мора да престанат, замолчете ги пушките
Папата Франциско денеска во божиќното обраќање повика на прекин на војните во Газа и Украина и изрази надеж дека мирот ќе се постигне со дијалог.
Во своето традиционално обраќање од централниот балкон на базиликата Свети Петар во Рим, папата Франциско им се обрати на верниците собрани на истоимениот плоштад, повикувајќи на храброст да се отворат вратите за преговори за да се стави крај на војната во Украина, пренесува Ројтерс.
Нека се замолчи звукот на оружјето во раузрнатата од војната Украина, рече Папата, повикувајќи на „гестови на дијалог и средба за да се постигне праведен и траен мир“.
Папата осврнувајќи се на конфликтот во Газа, повторно апелираше за прекин на огнот и ослободување на заложниците, нарекувајќи ја израелската воена кампања „сурова“. Тој ја опиша хуманитарната ситуација во Газа како „исклучително тешка“ и повика на отворање на дијалог за доброто на мирот.
Регион
(Видео) Снежно невреме во Хрватска, 48 луѓе останаа заробени во автомобили меѓу нив и деца: Го поминавме Божиќ смрзнати
Вчера неколку лица, меѓу кои и пет деца, останаа заробени во автомобили кои беа покриени со снег кај Кореница. Јавната противпожарна станица на Плитвичките езера на својот Фејсбук објави дека нешто по 17 часот добила дојава од полицијата дека има завеани возила во областа.
Спасувањето, велат, се одвивало во најтешки можни услови, а од возилата биле извлечени 48 лица.
„Подигнати беа и силите на ДВД Плитвички езера, а на локацијата Кељево Брдо беа испратени пожарникари на ЈВП Плитвички езера и 9 пожарникари на ДВД Плитвички езера во 4 возила.
Успеваме да се пробиеме делумно со возила, а остатокот пешки на најсилните налети на ветерот и да се погрижиме за сите заглавени патници.
11 лица, од кои пет деца, се сместени со добри луѓе во топли домови, 35 лица се симнати од погрешно поставени возила пеш до Бјело поље, каде полицијата со комбиња ги носи во Удбина. Две лица пеш придружувавме до Кореница и ги ставивме на топло место.
Така го поминавме Божиќ на снег, смрзнати, но среќни бидејќи сите беа згрижени“, напишаа надлежните на Фејсбук како резиме од спасувањето и додадоа дека во текот на денот имале уште две интервенции, згрижување животно и една поплава поради покачувањето на нивото на реката, пренесува Јутарњи.