Свет
CIA верува дека го ликвидирала третиот човек на Ал Каеда
Третиот човек во командната хиерархија на глобалната терористичка мрежа чија улога била собирање средства од кои ќе се финасира Ал Каеда, се верува дека е убиен во текот на мај во американски напад во паштунските племенски области на Пакистан
Централната американска разузнавачка агенција последните месеци го засили интензитетот на нападите на нејзините беспилотни летала концентрирани на цели од самиот врв на Ал Каеда и талибанското движење, но досега главно беа неутрализирани анонимни борци, рекол разузнавачки извор за Reuters. „Во борбата против тероризмот, ова ќе претставува голема победа“, изјавил официјален американски претставник коментирајќи ја информацијата за смртта на Шеик Саид Ал-Масри, попознат како Мустафа Абу ал-Јазид. Ал-Масри е сметан за трета фигура по важност во Ал Каеда и еден од најблиските соработници на нејзиниот лидер Осама бин Ладен. Како главен оперативен офицер на Ал Каеда, ал-Масри имал големо значење во финансирањето и оперативното дејствување на терористичката организација, рекол соговорникот на Reuters под услов да се зачува неговата анонимност. „Имаме голема причина да веруваме дека ал-Масри неодамна е убиен во племенските области на Пакистан“, додал соговорникот за кого медиумот тврди дека е официјален американски претставник. Претходно во понеделникот, Ал Каеда на едба од интрнет страниците преку кои се огласува објави информација за смртта на ал-Масри, пренесе SITE Intelligence Group, специјализиран за следење на исламистичките итнернет страници. Во прилог на оваа информација, оди и потврдата дека и неговата сопруга, трите ќерки, негова внука и уште неколку други мажи, жени и деца биле убиени во неодамнешен напад на американско беспилотно летало во планинските племенски области на Пакистан. Според SITE, Египѓанецот ал-Масри, бил еден од главните лидери на Ал Каеда во Авганистан а неговата последна официјална изјава е дадена на 4-ти мај, кога во Ирак беа ликвидирани неколку од локалните лидери на Ал Каеда. Директорот на ЦИА, Леон Панета, смета дека ефектот од нападите врз Ал Каеда во племенските региони на Пакистан на границата со Авганистан е тоа што ги натерало врвните луѓе на терористичката организација да се притајат, оставајќи ја така организацијата без контакт и кадар кој ќе може да испланира пософистицирани операции. Сепак, Белата куќа минатата седмица предупреди на опасна „нова фаза” од терористичката закана, потсетувајќи на неуспешниот бомбашкиот напад на авион на САД минатиот Божик над Детроит, како и на неуспешниот атентата со автомобил бомба на њујоршки Тајмс Сквер на почетокот од мај. Претходно во март, американски официјални претставници изјавија дека при еден од ракетните напади во Пакистан е убиен еден од клучните планери на Ал Каеда, Хусеин ал-Јемени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хумза Јусаф поднесе оставка, Шкотска има нов премиер
Новиот претседател на шкотската партија СНП, Џон Свини во шкотскиот парламент е избран за нов шеф на шкотската влада, на местото на Хумза Јусаф.
Тој доаѓа на местото на Хумза Јусаф (39), која поднесе оставка минатата недела по распадот на коалицијата со Зелените. Тие беа воздржани од гласање.
Изборот на Свини не е изненадување. Тој освои 64 од 129 гласови во парламентот каде Шкотската национална партија има големо водство пред опозициските партии, но нема апсолутно мнозинство. Тој допрва треба да положи заклетва пред Врховниот суд.
Претходно истиот ден, Јусаф формално ја поднесе својата оставка во писмо до британскиот крал Чарлс III. Тој беше на власт 13 месеци, по харизматичната Никола Старџен. Тој беше најмладиот шкотски премиер и првиот од националното малцинство.
„Како млад муслиман, роден и израснат во Шкотска, не сонував дека еден ден ќе бидам привилегиран да ја водам мојата земја“, напиша тој.
Регион
Александар Вулин: Пријателството меѓу Србија и Кина е челик затоа што го ковавме во оган
Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на промоцијата на културната размена меѓу Кина и Србија на тема „Што ги делат планините и реките, пријателството обединува“, изјави дека пријателството меѓу двете земји е челик бидејќи е ковано во оган и дека Србија и Кина се разделени за многу работи, но најважното ги обединува, а тоа е одлуката на две држави да бидат слободни.
„Пријателството на нашите лидери, претседателот Вучиќ и претседателот Си Џинпинг, не обврзува да сториме сè, исто како нив, за нашите народи да бидат поблиски отколку што нè прави блиски географијата или историјата. Србите и Кинезите ги дели сè, ние сме различни во сè, но нас нè обединува она најважното – нашата одлука да бидеме слободни, нашата посветеност на најважната карактеристика на народите и луѓето – слободата“, рече Вулин на настан организиран од China Media Group.
Свет
Професорите на Универзитетот во Амстердам протестираа во знак на солидарност со студентите
Наставниот кадар на Универзитетот во Амстердам одржа протест во знак на солидарност со студентите, чии демонстрации против војната во Газа претходно беа насилно расчистени од полициските сили.
Полицијата со булдожер ги урна барикадите и уапси околу 140 демонстранти, а постојано има судири меѓу безбедносните сили и студенти, пренесува Ројтерс.
„Учениците и вработените пријавиле употреба на полициски палки и кучиња, како и булдожери во обид на полицијата насилно да ги отстрани. Поради прекумерната употреба на насилство, луѓето се повредени“, велат од групата Холандски научници за Палестина.