Европа
Австрискиот Уставен суд го поништи вториот круг од претседателските избори

Вториот круг од австриските претседателски избори мора да се одржи повторно, одлучи тамошниот Уставен суд во петокот, со што е уважена жалбата и кандидатот на крајната десна Слободарска партија ќе добие уште една шанса да стане претседател на Австрија, пренесуваат медиумите.
Австриската крајна десница Слободарската партија (FPo) , која за речиси половина процентен поен загуби на претседателските избори кон крајот на мај објави дека ги истражува „неброените“ случаи на неправилности кои го следеле гласањето, поради евентуалното оспорување на тие резултати, изјави во неделата челникот на Хајнц-Кристијан Штрахе.
Тие бараа од неутрално и независно тело да ги испита „неброените индикации“ за неправилности. Според нив имало многубројни знаци кои доаѓаат од гласачите и пет тужби поради нарушување на законот..
Поранешниот челник на австриските Зелени кој имаше големо заостанување по првиот изборен круг, Александер Ван дер Белен, на вториот круг на 24-ти мај тесно го победи Норберт Хофер од FPo, кој за малку пропушти да стане првиот претседател од крајната десница во Европа.
Со 50,3 отсто од гласовите, откако во првиот круг освои 21,3 проценти, по пребројувањето на гласовите пристигнати по пошта, Ван дер Белен за 0,6 отсто, или 31.026 гласови, го победи Хофер кој освои 49,7 отсто, а во првиот круг имаше убедливо водство од 35,1 отсто од гласовите.
Во петокот австрискиот Уставен суд во образложението соопшти дека во својата пресуда ги користел строгите стандарди за спроведување на изборните правила. Пред судот на јавно сослушување се појавија околу 90 сведоци во изминатите две седмици, а тие зборувале за неправилностите во начинот на кој се пребројувани гласовите,к вклучително и гласовите.
Слободарската партија тврди дека начинот на кој се броени гласовите кои пристигнувале по пошта се само една од неправилностите коишто кулминирале со пораз на Хофер за разлика помала од 31.000 гласови.
Првите резултати и од вториот изборен круг покажуваа дека Хофер има предност, но таа се истопила откако биле пребројани околу 700.000 гласови кои пристигнале по пошта. Слободарската партија тврди дека има докази дека гласале лица под 16 години како и странски државјани.
Адвокатот на ван дер Белен вели дека секои неправилности, доколку и постоел според него, немале влијание врз исходот од изборот.
Сега по поништувањето на изборите, во меѓувреме поранешниот претседател Хајнц Фишер го заменуваат тројца парламентарни функционери, вклучително и Хофер./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.